Connect with us

Македонија

ВЛАДА: Постигната е согласност за флексибилен и фер пристап кон категоризацијата на тутунот на средба со компаниите откупувачи

Media Press

Published

on

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа имаа средба со претставниците на овластените компании за откуп на тутунот.

На состанокот беше договорено дека компаниите откупувачи ќе покажат поголема флексибилност при откупот на годинешната реколта и конструктивен и флексибилен пристап во однос на категоризацијата на тутунот, вклучувајќи го овој пристап и кон проценката за одбиток.

На средбата беше потенцирано како прифатлива заложбата да се врати довербата во утврдената постапка и да продолжи динамиката на откупот со подеднакви количини од сите категории тутун како обврска на тутунопроизводителите за да не се создава перцепција на ниска просечна цена заради појавата во првите денови на откупот кога производителите ги нудат само пониските категории тутун.

Дополнително се постигна согласност дека до крајот на сезоната, откако ќе заврши откупот на договорените количини за оваа година, ќе се откупи и целиот вишок и дека ниту еден лист тутун нема да остане кај тутунопроизводителите доколку тие за време на целиот откуп нудат подеднакви количини од сите категории од нивното производство.

Македонија

Мицковски: Владата ниту подарените вакцини неможе да ги примени

Media Press

Published

on

Лидерот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во објава на неговата фејсбук страница напиша дека Владата нема план за вакцините и не може да ги примени ниту подарените.

„Пред еден месец кога Бугарија соопшти дека ќе ни подари вакцини против корона, тоа го поздравив и прашав дали Владата има воопшто план? Денес го добивме одговорот декa нема. Имено Премиерката на соседна Србија, Брнабиќ кажува дека и покрај тоа што одлучиле да помогнат со 8 илјади вакцини процесот е закочен зошто вакцината не е регистрирана и има отсуство на план за регистрација. Со други зборови, додека светот оди напред, нашата влада го губи времето, додека народот умира на рати. Толку се неспособни што дури и подарени вакцини не може да ги применат. Што правеа додека регионот планираше и бараше вакцини? “ – напиша Мицковски

Continue Reading

Македонија

Левица поднесе Претставка до Уставен суд

Media Press

Published

on

Политичката партија Левица вчера поднесе Претставка до Уставен суд за поведување постапка за оценување на уставноста на Законот за решавање на спорот помеѓу Владата на РМ и Макпетрол АД Скопје по пат на спогодба (од 28 декември 2020 година. По тој повод, членот на Правниот сектор и Централниот комитет на партијата, Саше Јанчев, одржа прес конференција.

„Најголемата моќ во општеството ја има државниот апарат, а со таа моќ доаѓа и можноста за злоупотреби на таа моќ од поединци за поединечни интереси, а на сметка на сите останати. Заштита од злоупотреба на таа моќ ни е владеењето на правото, рамката од која што не смее да излезе власта во владеењето е Уставот, а на 28 декември 2020, Собранието на Македонија донесе Закон за решавање на спорот помеѓу владата на Р. Македонија и Макпетрол по пат на спогодба во кој е предвидено една акција, којашто вреди 19.000.000 (деветнаесет милиони) евра, да му се плати на Макпетрол по цена од 33.000.000 (триесет и три милиони) евра.

Во законот никаде не е спомнато кој ќе плати данок на капитална добивка, ниту пак е спомнато дали државата ќе добие дивиденда. Лицата во чиј интерес се прави сето ова се наведени за прв пат во законот, ова е и преседан од АСНОМ до денес затоа што законите се општи правни акти, коишто делуваат ЕРГА ОМНЕС према сите, а не поединечно како што делуваат судските пресуди. Сето ова е така направено, што е пробиена уставната рамка во неколку точки.

Прво е пробиена тријалистичката поделба на власта на Законодавна, Извршна и Судска. Имено, законодавниот дом пробува да реши судски спор стар 15 години и со тоа прави упад во надлежностите на судската власт и делува како вонреден суд што е изречно забрането со Уставот. Друга работа е што законот е привилегирачки, се рашава спор само на една компанија, а сите останати компании, коишто имаат судски спорови со владата се тргаат на страна. Воедно законот е и фаворизирачки, затоа што се нарушува правната еднаквост на економските субјекти, која е гарантирана со Уставот, трета работа е што никаде не се спомнува кој ќе го плати данокот на капитална добивка, а според Устав сите субјекти се должни да плаќаат данок и јавни давачки. Четврта работа е што од никаде во законот се инволвира трето незаинтересирано и неинволвирано лице, а тоа е „А.Д. Национални енергетски ресурси” (НЕР АД Скопје), кое е во државна сопственост и кое е инволвирано со цел преку него да се направи наплата, тоа е најверојатно така, затоа што Владата сака да ја тргне од свои раце евентуалната идна кривична одговорност.

Се’ на се’, ако се спроведе овој закон, можни се штетни и непоправливи финансиски последици по Републичкиот буџет и опасност по правната сигурност на граѓаните и компаниите. Затоа денес, правниот тим на Левица поднесе иницијатива до Уставниот Суд со којашто БАРАМЕ, да се преиспита уставноста на овој закон и истиот целосно да се поништи“, изјави на прес конференцијата Саше Јанчев.

Continue Reading

Македонија

Панел проект ,,Правда за деца – ЕУ за малолетничка правда и правда по мерка на децата“

Media Press

Published

on

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на Панелот посветен на отпочнувањето на проектот – “Правда за деца – ЕУ за малолетничка правда и правда по мерка на децата“ истакна дека Владата прави сериозни заложби за заштита и правата на децата во правосудниот систем, вклучувајќи го и потпишувањето на формалната за заложба за пристапување кон Глобалното партнерство за ставање крај на насилството врз децата.

Говорејќи за улогата на полицијата во системот на институционална заштита на правата на децата, министерот Спасовски потнцираше дека – “полицијата има должност и обврска на сите деца во ризик, како и деца жртви на кривични дела да им пружи посебна заштита и поддршка и со нив да постапува со посебно внимание“ во согласност со нивните права“.

“Неспорно е дека првиот контакт што детето ќе го оствари со полициските службеници ќе остави долготраен личен белег. Затоа е многу важен односот на полициските службеници кон детето, кој треба да се заснова на правичност и почит кон него, а како императив се наметнува прифаќањето и доследната примена на водечките принципи на правда за децата“, нагласи Спасовски.

Исто така, министерот Спасовски потенцираше дека заедничка обврска на сите релевантни институции е превентивно да се делува, да се ориентираат децата кон темелните вредности со помош на сите расположливи средства и институции, да се заштитат од негативни влијанија, со цел тие да се изградат како личности, ориентирани кон вистинските вредности и дистанцирани од девијантните појави.

Continue Reading