Connect with us

Економија

Вкупно 179 работодавачи кои примиле финансиска поддршка за месец октомври 2020, не исплатиле плата на работниците

Media Press

Published

на

Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска на прес-конференција, ја информираше јавноста за искористеноста на мерката финансиска поддршка за исплата на плати за месец октомври 2020 година.

За месец октомври 2020 поднесени се 13,819 барања БФП-ИП/2, на 12,598 работодавачи е исплатено вкупно 961,613,984  денари, за вкупно 61,556 вработени.  Вкупно 179 работодавачи кои примиле финансиска поддршка за месец октомври 2020 во износ од 5.271.771 денари, не ја исполниле обврската за исплата на плата за 338 вработени.

Овие работодавачи се од дејностите:

·  40 работодавачи од дејноста Трговија на мало, примиле финансиска помош од 968.254 денари и на 63 вработени не исплатиле плата,

·  23 фирми што вршат подготовка на оброци и служење на храна примиле помош од 830.614 денари и на 55 вработени не исплатиле плата,

·  12 фирми од дејноста транспорт, примиле помош од 418.512 денари и на 25 вработени не исплатиле плата. Тука влегуваат и дејностите Трговија на големо, Изградба на згради, Трговија на големо и мало со моторни возила и моторцикли.

По региони најмногу фирми што не исплатиле плата се од: Скопје 52 фирми, Тетово 41 и Гостивар 15.

Вкупно 24 даночни обврзници, за дел од своите вработени побарале финансиска поддршка преку конечна пресметка, а за дел со исправка, и за 506 вработени примиле финансиска поддршка во износ од 2.005.437денари, но не извршиле доплата на износот на плата по поднесените исправки во вкупен износ од 99.186 денари.

На работодавачите кои користеле финансиска поддршка, а не извршиле исплата на плата доставени се опомени за неисплатена плата, по што следи спроведување на постапка на присилна наплата на платата. Согласно Закон за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот КОВИД-19, за месеците октомври, ноември и декември 2020 година во ваков случај предвидува изрекување на глоба за сторен прекршок во износ од 500 до 1.000 евра во денарска противвредност на микро правно лице, од 500 до 2.000 евра во денарска противвредност на мало правно лице, од 1.000 до 6.000 евра во денарска противвредност за средно правно лице и од 1.000 до 10.000 евра во денарска противвредност на големо правно лице.

По однос на компаниите кои не ја исплатија платата за месеците април, мај и јуни 2020 година, директорката информираше дека е спроведена присилна наплата заради неисплатена плата, а плата не исплатиле 55 работодавачи за месец април, 48 работодавачи за месец мај и 82 работодавачи за месец јуни. За овие работодавачи доставени се детални податоци во Јавното обвинителство, за покренување на кривична постапка.

149 работодавачи немаат исплатено плата само за еден месец, 25 работодавачи немаат исплатено плата за два месеци и 5 работодавачи немаат исплатено плата за сите три месеци (април, мај и јуни).  За овие работодавачи доставени се детални податоци во Јавното обвинителство, за покренување на кривична постапка. И овие листи на обврзници ќе се достават до Генерален секретаријат на Владата на РСМ за објава.

,,Кај работодавачите, кои примиле износ на финансиска поддршка, а не ја исплатиле платата на работниците, започнуваме со вршење на детални контроли, по сите видови на даноци, а истите ќе бидат и координирани со Државниот инспекторат за труд.

Во претходниот период, работевме на продлабочување на соработката со Државниот инспекторат за труд и покрај овие контроли за финансиската поддршка, ќе следи и инспекциски надзор кај компаниите кои исплатиле плата пониска од минималната, согласно со закон. Листата на компании кои примиле износ на финансиска поддршка за месец октомври, а не ја исплатиле платата на работниците, исто така ќе биде денес доставена до Генералниот секретаријат на Владата на РСМ, за јавна и транспарентна објава на неплаќачите. Листата овој пат нема да може да се менува, независно дали по објавата некој обврзник направи исплата на плата за своите вработени“, рече директорката Сања Лукаревска.

Економија

Што предвидува шестиот пакет антикризни економски мерки вреден 17,8 милиони евра

Media Press

Published

на

Шестиот пакет антикризни економски мерки кој го усвои Владата, вреден 17,8 милиони евра предвидува поддршка на дејностите кои беа целосно затворени со цел превенирање на ширењето на корона вирусот во текот на месец април 2021, како и за подобрување на ликвидноста на остантите компании кои инвестираат годинава. Предвидено е да се поддржат 10.000 компании, кои вработуваат околу 60.000 граѓани.

Мерка 1

На сите угостителски објекти ќе им бидат покриени 30% од приходите, износ кој ќе се пресметува како просек од просечниот месечен приход во 2019 и 2020 година, на кој ќе се аплицираат деновите во кои овие дејности беа затворени. Дополнително, сите регистрирани угостителски објекти ќе добијат 15.200 денари финансиска поддршка по вработен, заклучно со 06.04.2021 година. Со оваа мерка ќе бидат поддржани околу 6.000 угостителски објекти кои вработуваат 17.000 луѓе, проценета вредност на мерката е 9,9 милиони евра.

Мерка 2

На скоро ист принцип, со 2,5 милиони евра ќе се поддржат категоризирани – ресторани за свадби, евент индустријата, игротеки, ноќните клубови, приватните детски одморалишта, фитнес центри, фотографи и фотографски студија. Во овие категории спаѓаат околу 1.200 компании ќе им бидат покриени 30% од приходите, износ кој ќе се пресметува како просек од просечниот месечен приход во 2019 година, дополнително ќе добијат поддршка од 15.200 денари по вработен, заклучно со 31.12.2020 година.

Мерка 3

Категоризираните туристички агенции ќе бидат поддржани со 1,4 милиони евра. Притоа туристичките агенции со А лиценца ќе добијат до 5.000 евра, а туристичките агенции со Б лиценца ќе добијат до 2.000 евра.

Мерка 4

Финансиска поддршка од 30.750 денари ќе добијат и сите музичари, членови на здруженијата на музичари како и лиценцираните туристички водичи, кои во текот на 2020 година имале просечен месечен нето приход под 15.000 денари.

Мерка 5

Околу 2 милиони евра се наменети за компаниите кои ја реинвестирале добивката од 2020 година, мерка која ќе се реализира преку Развојната Банка, а ќе им помогне на компаниите да ја зголемат ликвидноста, да ги реализираат своите инвестициски планови и да продолжат со својот развој, преку субвенционирање на каматни стапки.

Мерка 6

Со бескаматна кредитна линија преку Развојната банка од 1 милион евра, ќе се поддржат медиумите кои емитуваат радио и телевизиска програма.

Мерка 7

Во очекување на претстојната туристичка сезона и како дополнителна поддршка и помош за домашната туристичка, а со тоа и угостителска дејност, ќе се овозможат бесплатни 50.000 ПЦР тестови за странските туристи кои престојувале во државата.

Прочитај повеќе

Економија

УЈП: Годишните даночни пријави можат да се проверат преку „е-Персонален данок“

Media Press

Published

на

Од Управата за Јавни Приходи известуваат дека годишните даночни пријави за 2020 година граѓаните можат да ги проверат преку кориснички профил на „е-Персонален данок“.

„Потврда или корекција на годишните даночни пријави ќе се врши најдоцна до 31.05.2021 година. На 01.06.2021 година Годишните даночни пријава ќе добијат статус на конечни. Ако пријавите не се ниту потврдени ниту коригирани истите ќе бидат потврдени службено.

Коригираните Годишни Даночни пријави ќе бидат разгледани и одлучени од службено лице на Управата за јавни приходи, а доколку службеното лице не ја одобри корекцијата на Годишната Даночна пријава ќе се донесе Решение за утврдување на данок на личен доход за 2020 година. “ – стои во соопштението на УЈП

Од УЈП апелираат граѓаните да си ги регистрираат корисничките профили на „е-Персонален данок“ и да ги користат придобивките кои ги нуди овој систем.

Прочитај повеќе

Економија

Започнува аплицирањето за финансиската поддршка за плати од петтиот сет мерки

Media Press

Published

на

Започнувајќи од денес, фирмите и самостојните вршители на дејност се до 30 април можат да аплицираат за финансиска поддршка за исплата на плати за месеците февруари и март како дел од Петтиот пакет мерки, кажа министерот Битиќи на денешната прес-конференција.

За мерката финансиска поддршка за исплата на плати се издвоени 1,9 милијарди денари од буџетот, што ќе бидат опфатени околу 60.000 работници и за секој работник ќе биде исплатена поддршка од 14.500 денари до 21.770 денари по месец.

„Исплата на работниците ќе биде во распон од 14.500 денари до 21.770 денари по месец, во зависност од процентот на намалување на приходите на компаниите во претходните 3 месеци. Исто така, 50 проценти од исплатата-помош да се трансформира во грант, без никакви услови. За оние пак, кои во текот на годината, ќе инвестираат во основна опрема, целата исплатена помош ќе биде трансформирана во грант-средства,“ вели Бесими.

Прочитај повеќе