Македонија
РСБСП со зимска кампања: „Биди подготвен за безбедно патување во зима“
Објавено на
Од
Media Press
Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во изминатиот период организира сообраќајно едукативни активности во повеќе градови, во рамките на Зимската кампања 2020-2021, која што има за цел унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата во зимскиот период од годината и подигање на свеста за поголема употреба на зимска опрема во возилата.
Во оваа кампања возачите беа информирани и едуцирани за позитивните придобивки од употребата на зимските гуми и потребата од поседување на зимска опрема во возилата а исто така беа организирани и показни вежби за правилно, брзо и безбедно монтирање на ланци за снег.
„Направи техничка проверка на возилото“, „Користи соодветна зимска опрема“, „ Држи безбедно растојание“, „Вози внимателно на влажни и замрзнати коловози“, „Биди подготвен за безбедно патување во зима“ се само дел од пораките и советите кои РСБСП секојдневно ги испраќа до учесниците во сообраќајот.
РСБСП апелира до сите учесници во сообраќајот, за своја лична безбедност, за безбедноста на своите најблиски и воопшто за севкупната безбедност во сообраќајот, да ги почитуваат законските обврски, да користат соодветна зимска опрема и да направат соодветна зимска проверка на возилото.
„Оваа е период од годината кога има честа појава на дожд, магла, снег, голомразица, односно, оваа е период од годината кога временските услови значително влијаат на условите за безбедно одвивање на сообраќајот и затоа возачите односно возилата треба да бидат соодветно подготвени.
Големиот број на сообраќајни незгоди, големиот број на загинати и повредени лица во сообраќајни незгоди, нека биде предупредување и потсетување, за сите учесници во сообраќајот, дека последиците од сообраќајните незгоди не се за потценување и затоа сите треба да бидат максимално одговорни, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да ги почитуваат обврските кои ги имаат како возачи а се однесуваат на зимската опрема во возилата“, – потенцираат од РСБСП.

Поврзани содржини

СВР Струмица ги потсетува возачите дека започна периодот на задолжително носење зимска опрема во возилата

Од 15 ноември задолжително поседување зимска опрема

Од денеска е задолжително поседувањето зимска опрема во возилата

Од утре задолжително зимска опрема во возилата, без оглед на временските услови

Претставува да важи обврската за поседување зимска опрема во возилата

Од денеска задолжителна обврска за носење зимска опрема во возилата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари за литар.
ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 92 денари за литар.
Eкстра лесното масло за домаќинство поевтинува за три денари и ќе чини 100,50 денари,
Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,998 денари по килограм и изнесува 48,314 денари.
Македонија
ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.Ј.(55) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото, иако има изречено активна забрана за управување со возило. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Македонија
Јордан Митев со грандиозен концерт во Скопје на 26-ти декември 2026 – Гласот што ги обединува Македонците ширум светот
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
Кога срцето чука во ритамот на македонската зурла и тапан, кога песната ја преминува секоја граница и ги обединува Македонците каде и да се – на сцената застанува името кое е симбол за автентичност, врвен квалитет и вистинско музичко достоинство – Јордан Митев.
Јордан Митев одамна ги прошири меридијаните и ја надмина дефиницијата за домашна ѕвезда. Тој е вистински меѓународен уметник и амбасадор на македонската култура, чии концерти пред македонската дијаспора се повеќе од настапи – тие се емотивно враќање дома, во прегратките на мајката татковина. Автор на сопствените песни, талентиран инструменталист, високообразован музичар и човек чиешто достоинство стои цврсто зад секој отпеан стих. Тој создава музика која останува да сведочи за времето и за душата на нашиот народ.

Голема енергија, врвна емоција и незаборавна музичка вечер ни се подготвуваат на долгоочекуваниот концерт кој ќе ги разнесе срцата на сите љубители на вистинската македонска песна.
📅 Дата: 26.12.2026 година
📍 Место: СЦ „Јане Сандански“, Скопје

Генерален спонзор на овој грандиозен македонски фолк спектакл е Адора Бизнис Клуб.
Подгответе се за вечер во која песната ќе го стопи секое срце, а македонскиот мелос ќе ечи посилно од кога било досега. Да бидеме дел од една ноќ која ќе се памети и раскажува! Бидете дел од музичката магија на Јордан Митев!

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

