Ќе има
ли нов пакет на рестриктивни мерки за период од 18 декември до 21
јануари, со цел да се избегне зголемување на бројот на заболени од Ковид-19 во
претстојниот период на празници.
На состанокот на Комисијата за заразни болести разговаравме за
нов пакет на рестриктивни мерки.
„„Нашиот предлог кој ќе го препорачаме до Владата е во периодот од 18 декември до 21 јануари: Угостителиските објекти да се затвораат во 18 часот, наместо до 21 часот како што беше досега“, појаснува министерот за здравство Венко Филипче.
Останува
на сила забраната за собири на јавни места и се апелира до единиците за локална
самоуправа да го засилат надзорот за почитување и спроведување на оваа мерка;
Во
престојниот период кога претстојат
празници, Комисијата за заразни болести препорачува забрана за групирање
по плоштади за дочек и прослава на Новата година, како и секаков вид на собири
во периодот на празниците;
Комисијата
ќе достави и препорака за групирање во станови за престојните празници, односно
укажува да се почитуваат препораките за собири во домови.
„Апелираме и препорачуваме да нема
домашни собири за претстојните празници и да не се излегува од дома по 18 часот
доколку за тоа нема потреба“, вели министерот Филипче.
На
хотелите им се забранува работа на рестораните и баровите по 21 часот.
На
сила е забраната за собири надвор на отворено на повеќе од четири лица, додека
внатре во објектите на сила е препораката максималниот број на лица да е не
повеќе од 30 проценти од капацитетот и сите лица да се со маски.
На
денешната седница на Комисијата за заразни болести беа присутни и преставници
на Независната угостителска комора.