Македонија

РСБСП со зимска кампања: „Биди подготвен за безбедно патување во зима“

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во изминатиот период  организира  сообраќајно едукативни активности во повеќе градови, во рамките на Зимската кампања 2020-2021, која што има за цел унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата во зимскиот период од годината и  подигање на свеста за поголема употреба на зимска опрема во возилата.

 Во оваа кампања  возачите беа информирани и едуцирани за позитивните придобивки од употребата на зимските гуми и потребата од поседување  на зимска опрема во возилата а исто така беа организирани и  показни  вежби за правилно, брзо и  безбедно монтирање  на ланци за снег.

„Направи техничка проверка на возилото“, „Користи соодветна зимска опрема“,  „ Држи безбедно растојание“, „Вози внимателно на влажни и замрзнати коловози“, „Биди подготвен за безбедно патување во зима“  се само  дел од пораките и советите  кои РСБСП секојдневно  ги испраќа до учесниците во сообраќајот.

РСБСП апелира до сите учесници во сообраќајот, за своја лична безбедност, за безбедноста на своите најблиски и воопшто за севкупната безбедност во сообраќајот, да ги почитуваат законските обврски,  да користат соодветна зимска опрема и да направат соодветна зимска проверка на возилото.  

„Оваа е период од годината кога има честа појава на дожд, магла,  снег, голомразица,  односно, оваа е период од годината  кога временските услови значително влијаат на условите за безбедно одвивање на сообраќајот и затоа возачите односно возилата  треба да бидат соодветно подготвени.

Големиот број на сообраќајни незгоди, големиот број на загинати и повредени лица во сообраќајни незгоди, нека биде предупредување и потсетување, за сите учесници во сообраќајот, дека последиците од сообраќајните незгоди не се за потценување и затоа сите треба да бидат максимално одговорни, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да ги почитуваат обврските кои ги имаат како возачи а се однесуваат на зимската опрема во возилата“, – потенцираат од РСБСП. 

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago