Connect with us

Економија

Од ноќеска на полноќ нови цени на нафтените деривати

Media Press

Published

on

Од ноќеска на полноќ нови цени на нафтените деривати, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 0,50 денар за литар.

Согласно новото зголемување на цените, ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 60,00 ден за литар, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 53,50 ден за литар и малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 53,50 ден за литар.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемува за 1,00 денар за литар, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката од 07.12.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 62,00 ден за литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,081 ден за кг во однос на цената утврдена со одлуката од 07.12.2020 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 28,287 ден за кг.

Економија

ССК бара протоколи за работи и континуирана финансиска поддршка за спас на угостителството

Media Press

Published

on

Финансиската помош која се обезбедува за поддршка на реалниот сектор да има континуитет, како и да се обезбедат протоколи за работа за сите дејности кои се дефинирани во Националната класификација на дејности бара Туристичко-угостителската комора при Сојузот на стопански комори на Македонија.

„Секторот угостителство се соочува со многу предизвици и отежнати услови за работа, како и со целосно отсуство на протоколи за голем број други дејности. Во такви околности потенцираме дека е неопходен континуитетот на економските мерки со цел задржување на работните места и на деловните субјекти. Со изминување на месец јануари, а во недостаток на петтиот пакет мерки кој се однесува на првиот квартал од 2021 година, повторно се доведуваме во состојба да бидеме оставени без финансиска поддршка, како што тоа се случи во неколку наврати и минатата година. Но овој пат секторот се наоѓа во многу потешка состојба поради што многу угостители ќе мора да ги затворат своите објекти, а континуирано напоменуваме дека тоа ќе се одрази штетно и на околу 30.000 вработени во овој сектор“, изјави Мартин Ангеловски, потпретседател на ТУК и упати апел петтиот пакет на економски мерки да се донесе во најкус можен рок и да се направи обид мерките да се ефектуираат од месец јануари.

Најголем број угостители се придржуваат до мерките за заштита од ширење на пандемија кои Владата ги носи по препорака на Комисијата за заразни болести. Но  и покрај тоа  во месеците март, август и септември минатата година секторот сам се снаоѓаше бидејќи немаше континуитет во обезбедување на економските мерки за поддршка. Исто така треба да се истакне дека од колку 6.500 правни субјекти во угостителскиот сектор само 132 добија комбинирана помош односно поддршка за исплатата на плати и неповратна финансиска помош во форма на грант за покривање на другите трошоци.

Овој податок покажува дека дел од претпријатијата добија помош само за исплата на плати на вработените, додека за другите трошоци во услови на значително намалена деловна активност самостојно обезбедуваа средства 11 месеци. ТУК ги охрабрува надлежните институции јавно да ги објават податоците за искористеност на средства од финансиската помош во угостителството, како по број на субјекти така и во апсолутни суми за да може да се добие реална слика за димензијата на поддршката што се дава и очекувањата во наредниот период.

Continue Reading

Економија

Објавен јавен повик за проектот „Купи куќа, купи стан“

Media Press

Published

on

Министерството за финансии објави јавен повик на кој граѓаните годинава ќе можат да аплицираат за субвенција станбен кредит од државата преку проектот „Купи куќа, купи стан“. Јавниот повик трае до 31 декември 2021 година, за државна субвенција на учеството или на месечната рата за купување стан или куќа.

Субвенцијата се одобрува за станбен кредит до 50.000 евра, чиј рок на отплата не е пократок од 20 години и истата може да достигне и до 20.000 евра, согласно избраниот модел на субвенционирање и висината на кредитот. Согласно избраниот модел субвенционираниот период може да биде и до 11 години.

Граѓаните можат да аплицираат за 6 различни модели коишто нудат различни поволности согласно тоа дали сакаат да аплицираат за субвенционирање месечна рата на кредитот или за учество, во зависност од тоа дали аплицираат за купување стан или куќа и во зависност од возраста. Повеќе за моделите може да се види во прирачникот објавен на веб-страницата на Министерството за финансии.

За проектот може да аплицираат лица што се или не се во брак, a коишто ги исполнуваат следните услови: не смеат да имаат стан или куќа на свое име или на име на брачниот другар, месечните приходи не смеат да надминуваат 900 евра доколку не се во брак или 1.300 евра доколку се во брак, продажната цена на станбениот објект мора да биде до 900 евра за метар квадратен и станот или куќата што се купуваат или градат мора да бидат новоградба, односно да се купат од инвеститор или изведувач. Исто така, станбената површина не смее да надминува 150 м2.

Сите заинтересирани граѓани што ги исполнуваат овие услови и се кредитоспособни, согласно условите од банката, можат да аплицираат во една од осумте банки што учествуваат во проектот: Тутунска банка, Стопанска банка – Скопје, Шпаркасе банка, Стопанска банка – Битола, Силк Роуд банка, ТТК банка, Охридска банка и Прокредит банка.

Continue Reading

Економија

Од утре започнува предвременото етапно исплаќање на пензиите

Media Press

Published

on

Министерството за труд и социјална политика преку соопштение на нивната веб страница информира дека пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, започнувајќи од утре 26.01.2021 година се со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот КОВИД-19.

Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:

  • Во вторник, на 26.01.2021 година исплата на пензии со висина до 11.000 денари;
  • Во  среда на 27.01.2021 година исплата на пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари;
  • Во четврток на 28.01.2021 година исплата на пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари;
  • Во петок, на 29.01. 2021 година исплата на пензии во висина над 18.000 денари.

Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од вторник 26 јануари. Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања.

Етапното процесирање на пензиите ќе овозможи спроведување на препораките и мерките за спречување и ширење на вирусот, со оглед на тоа што пензионерите како возрасна група се најранливи.

Министерството за труд и социјална политика укажува дека пензиите се сигурни на сметките на корисниците, пензискиот систем е стабилен и функционира без проблеми.

Continue Reading