Македонија

Вчера беше регистриран најмладиот починат пациент од Ковид-19, 22-годишна бремена жена

Вчера беше регистриран најмладиот починат пациент, 22-годишно лице од Скопје. Лицето е едно од 28-те починати од Ковид-19 во текот на претходното деноноќие. Од починатите, пет пациенти се од Скопје (58, 75, 67, 78 и 22 г), еден од Куманово (69г), еден од Дебар (66г), шест пациенти од Прилеп (70, 77, 53, 56, 69 и 82 г), двајца од Струга (59 и 69 г), еден од Велес (66г), тројца од Битола (76, 69 и 61 г), еден од Кавадарци (57г), еден од Гостивар (83г), еден од Радовиш (80г), еден од Крушево (64г), еден од Кочани (65г), еден од Пробиштип (78г), двајца пациенти од Кратово (76 и 76 г) и еден пациент од Кичево (80г). Двајца се починати вонболнички услови, а 26 во болнички услови.

Покрај 28 починати, Министерството за здравство вчера регистрираше нови 929 случаи на заразени со коронавирусот од направени 2758 тестирања и 1068 оздравени пациенти.

Во Скопје има 417, Куманово 40, Штип 20, Прилеп 47, Тетово 46, Струга 31, Велес 39, Битола 46, Охрид 33, Кавадарци 23, Гостивар 37, Гевгелија 11, Струмица 32, Крива Паланка 7, Радовиш 2, Крушево 1, Кочани 22, Пробиштип 1, Демир Хисар 2, Македонски Брод 1, Пехчево 1, Берово 5, Валандово 3, Виница 4, Делчево 10, Кратово 1, Свети Николе 10, Кичево 22, Ресен 5, Неготино 10.

Институтот за јавно здравје регистрирал 1.068 оздравени пациенти од: Скопје 255, Куманово 51, Дебар 3, Штип 40, Прилеп 81,  Тетово 74, Струга 23, Велес 64, Битола 33, Охрид 31, Кавадарци 40, Гостивар 67, Гевгелија 22, Струмица 68, Крива Паланка 11, Радовиш 8, Кочани 27, Пробиштип 6, Демир Хисар 3, Македонски Брод 7, Берово 15, Валандово 6, Виница 9, Делчево 31, Кратово 10, Свети Николе 19, Кичево 42, Ресен 9 и Неготино 13.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 70883, бројката на оздравени пациенти е 47364, на починати е 2051, а бројот на активни случаи изнесува 21468.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1313 и има околу 150 празни болнички кревети во ковид-центрите, информира вчера од Министерството за здравство.

Министерот Филипче вчера изјави дека и покрај зголемената потрошувачка, антикоагулантна терапија Клексан и Ксералте има доволно во земјава.

-Потрошувачката на антикоагулантна терапија е тројно зголемена во однос на истиот период лани, но добавувачите прават напори да се обезбедат бараните количини и во моментов нема недостиг од ваква терапија, ниту во аптеките, ниту во болниците, информираат од Министерството за здравство.

Во однос на лекувањето на Ковид-19, во последниот период се истакнува ефикасноста на лекот ивермектин, кој кај нас засега се користи во прашкаста форма за лекување животни.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago