Во прво читање со десет гласа за и ниту еден против и воздржан Собраниската Комисија за европски прашања денеска го поддржа Предлог-закон за попис на населението, домаќинствата и становите во Македонија и го проследи во натамошна собраниска процедура , согласно кој пописот треба да се одржи наредната година.
Членовите на Комисијата од опозицијата се согласија дека има потреба од донесување вакво законско решение, но и забележаа дека треба да се остранат сите недостатоци на текстот, со цел, како што нагласија, да се избегне политизација на оваа статистичка операција. Според нив, вака како што е предложен законот остава можност за сомнеж за политичко влијание. Тие најавија повеќе амандмани а побараа и организирање јавна расправа со цел да се чуе мислењето на експртите по ова прашање и да се донесе квалитетно законско решение.
Според пратениците од власта, пак, пописот е повеќе од потребен со оглед на тоа што последниот е спроведен пред дваесеттина години. Ако има конструктивни забелешки на опозицијата, најавија, ќе бидат разгледани во текот на амандманската расправа.
За потсетување Попис на население претставува организирано прибирање на разни податоци за населението кое се спроведува во една држава. Со пописот на жителите, често се прави и попис на домаќинства, стопанства, и бегалци. Гранката на статистиката која се занимава со пописот се нарекува Пописна статистика. Поголемиот број на држави ги организира пописите во точно одредени временски делови, кој е обично околу 10 години. во македонија попис не е спроведен дваесеттина години.
Популационата комисија на Обединетите нации предложила, заради компарација на податоците, пописите да се обавуваат на крајот на секоја декада или на почетокот на секоја деценија.