Connect with us

Македонија

Поддржан законот за попис на населението, пописот треба да се одржи наредната година

Media Press

Објавено на

Во прво читање со десет гласа за и ниту еден против и воздржан Собраниската Комисија за европски прашања денеска го поддржа Предлог-закон за попис на населението, домаќинствата и становите во Македонија и го проследи во натамошна собраниска процедура , согласно кој пописот треба да се одржи наредната година.

Членовите на Комисијата од опозицијата се согласија дека има потреба од донесување вакво законско решение, но и забележаа дека треба да се остранат сите недостатоци на текстот, со цел, како што нагласија, да се избегне политизација на оваа статистичка операција. Според нив, вака како што е предложен законот остава можност за сомнеж за политичко влијание. Тие најавија повеќе амандмани а побараа и организирање јавна расправа со цел да се чуе мислењето на експртите по ова прашање и да се донесе квалитетно законско решение.

Според пратениците од власта, пак, пописот е повеќе од потребен со оглед на тоа што последниот е спроведен пред дваесеттина години. Ако има конструктивни забелешки на опозицијата, најавија, ќе бидат разгледани во текот на амандманската расправа.

За потсетување Попис на население претставува организирано прибирање на разни податоци за населението кое се спроведува во една држава. Со пописот на жителите, често се прави и попис на домаќинства, стопанства, и бегалци. Гранката на статистиката која се занимава со пописот се нарекува Пописна статистика. Поголемиот број на држави ги организира пописите во точно одредени временски делови, кој е обично околу 10 години. во македонија попис не е спроведен дваесеттина години.

Популационата комисија на Обединетите нации предложила, заради компарација на податоците, пописите да се обавуваат на крајот на секоја декада или на почетокот на секоја деценија.

прикажи повеќе

Македонија

Поевтинуваат горивата

Media Press

Published

на

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари за литар.

ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 92 денари за литар.

Eкстра лесното масло за домаќинство поевтинува за три денари и ќе чини 100,50 денари,

Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,998 денари по килограм и изнесува 48,314 денари.

Прочитај повеќе

Македонија

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

Media Press

Published

на

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.Ј.(55) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото, иако има изречено активна забрана за управување со возило. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе

Македонија

Јордан Митев со грандиозен концерт во Скопје на 26-ти декември 2026 – Гласот што ги обединува Македонците ширум светот

Media Press

Published

на

Кога срцето чука во ритамот на македонската зурла и тапан, кога песната ја преминува секоја граница и ги обединува Македонците каде и да се – на сцената застанува името кое е симбол за автентичност, врвен квалитет и вистинско музичко достоинство – Јордан Митев.

Јордан Митев одамна ги прошири меридијаните и ја надмина дефиницијата за домашна ѕвезда. Тој е вистински меѓународен уметник и амбасадор на македонската култура, чии концерти пред македонската дијаспора се повеќе од настапи – тие се емотивно враќање дома, во прегратките на мајката татковина. Автор на сопствените песни, талентиран инструменталист, високообразован музичар и човек чиешто достоинство стои цврсто зад секој отпеан стих. Тој создава музика која останува да сведочи за времето и за душата на нашиот народ.

Голема енергија, врвна емоција и незаборавна музичка вечер ни се подготвуваат на долгоочекуваниот концерт кој ќе ги разнесе срцата на сите љубители на вистинската македонска песна.

📅 Дата: 26.12.2026 година

📍 Место: СЦ „Јане Сандански“, Скопје

Генерален спонзор на овој грандиозен македонски фолк спектакл е Адора Бизнис Клуб.

Подгответе се за вечер во која песната ќе го стопи секое срце, а македонскиот мелос ќе ечи посилно од кога било досега. Да бидеме дел од една ноќ која ќе се памети и раскажува! Бидете дел од музичката магија на Јордан Митев!

Прочитај повеќе