Радовиш

Благодарници на волонтерите во Црвен Крст Радовиш за особен придонес во борбата против Ковид-кризата

По повод 5ти декември Светскиот ден на волонтерството Претседателот на ООЦК Радовиш додели благодарници на волонтерите за особен придонес во борбата против Ковид-кризата во 2020година.

Младите волонтери активно беа вклучени во активностите на  Црвен крст, Радовиш, пред  се во доставувањето на прехранбени и хигиенски пакети до ранливите категории граѓани, како и со помош во снабдување со лекови и прехранбени производи за старите и хронично болни лица и лицата кои беа во изолација.

Како што дознаваме од секретарот на ОК на Црвен Крст од Радовиш Верица Беќарова, мобилните тимови на Црвен Крст имаат поделено околу 1300 пакети и опслужено околу  120 лица со храна и лекови кои самите ја порачале.  Тие им ја носеле и онколошката терапија од онкологија од Скопје и хроничната терапија за хронично болните лица кои тоа го побарале.  Црвен Крст во Радовиш има 10 активни волонтери кои во зависност од потребите се менуваат и се секогаш на располагање.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago