Македонија
Влада: Ветото на Република Бугарија е неодговорна геостратешка грешка – македонската иднина е европска
Published
3 години agoна
By
Media Press Република Бугарија стави вето на почеток на преговорите на Северна Македонија со Европската Унија и со тоа застана на патот на нашата европска интеграција за која во повеќе наврати институциите на ЕУ и сите останати земји членки одделно, вклучувајќи ја и Бугарија, потврдија дека целосно ги исполнуваме условите, велат од Владата во однос на бугарското вето.
„Северна Македонија никогаш нема да се откаже од правото на самоопределување на македонските граѓани кое е гарантирано со Повелбата на ООН, Универзалната декларација за човекови права, Европската конвенција за човекови права, Лисабонскиот договор како уставна основа на ЕУ и темелните вредности на Уставот на Република Северна Македонија.
Македонскиот национален идентитет не беше, не е и невозможно е да биде предмет на преговори.
Македонскиот народ и македонскиот јазик се столбовите на македонскиот идентитет. Тие доаѓаат од минатото, а во исто време се столбови на нашата европска иднина.
За жал, процесот на проширување како стратешка цел на ЕУ го запре Република Бугарија како членка на ЕУ. Станува збор за неодговорна и тешка геостратешка грешка.
Во март, Советот на ЕУ даде едногласно зелено светло за почеток на преговори со Северна Македонија. Сите земји членки на ЕУ се согласија на тоа, вклучително и Бугарија. Во исклучително позитивниот извештај од Европската комисија за реформскиот напредок ние сме подобри од другите земји кандидати, па дури и понапред од некои земји кои веќе преговараат. Нашите резултати и капацитети и нашата подготвеност за почеток на преговори се неспорни.
Неодобрувањето на преговарачката рамка е на штета на фундаменталните принципи и вредности на Европската Унија.
Владата на Северна Македонија нема да дозволи застој на внатрешните реформи. Напротив, ќе го засилиме темпото и ќе ја зголемиме предноста во демократски реформи што ја имаме во регионот.
Владата останува на истиот стратешки колосек. Испорачавме полноправно членство во НАТО и ќе ја придвижиме земјата и кон ЕУ! Наша обврска е да ги изградиме европските стандарди дома! За нас нема друг пат, нема друга алтернатива. Македонската иднина е европска“, стои во соопштението од Влада.
Поврзани содржини
Што се е предвидено во Предлог-одлуката за прераспределба на Буџетот во 2023 година
ДОМ останува во Владата но под одредени услови
Четворица нови министри и пет заменик-министри, предлага Ковачевски по преговорите за влез во Влада на Алијанса за Албанците
Владата донесе одлука, казина и обложувалници на оддалеченост не помалку од 500 метри од основни и средни училишта
Започна исплатата на финансиска поддршка, кој се ќе добие помош од Владата?
Нема нови даноци, нема зголемени даноци и се укинува прогресивното оданочување, одлучи Владата
Македонија
Вработените од Национални шуми денеска на протести
Published
14 часа agoна
април 17, 2024By
Media PressТриесет подружници денеска се собраа пред Јавното претпријатие „Национални шуми“, со цел да го изразат незадоволството, бидејќи втор месец немаат добиено плата, ниту теренски додаток.
Претседателот на Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање (СГИП) Иван Пешевски, од протестот рече дека вработените се на своите работни места и не ги извршуваат задачите, оти се гневни и на менаџментот и директорот и на нивните раководители и сите претставници од власта кои земаат 80 отсто зголемени плати, а тие не дочекале да добијат втор месец плата.
Избори 2024
Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски вчера беше со жителите на општините Чашка и Свети Николе, а синоќа во Велес
Published
22 часа agoна
април 17, 2024By
Media PressЗаблагодарувајќи им се за масовното присуство, Пендаровски истакна дека имајќи предвид дека во изминатите пет години постојано бил меѓу своите сограѓани, тие знаат за што се залагал и знаат дека така ќе продолжи и во следниот мандат. Во оваа насока Пендаровски посочи на двете големи придобивки за земјата во последните неколку години, односно членството во НАТО и почетокот на преговорите со ЕУ.
„Затоа овие избори се многу важни. Не смееме да дозволиме да се врати претходната власт. Постигнавме добри договори, се смиривме и се договоривме со соседите. Тие сакаат одново да преговараат и да изгубиме уште 10-15 години”, подвлече Пендаровски.
Говорејќи дека како претседател не ги дискриминирал луѓето по ниту една основа и не ги делел на наши и на ваши, Пендаровски ги повика граѓаните на Чашка и на Свети Николе масовно да гласаат уште на првиот круг од изборите.
„Дајте да продолжиме со истите овие луѓе. Не ни треба пак да се караме внатре меѓу нас или пак да се караме со соседите. Мојот слоган е ,,Нашиот претседател” затоа што јас сум ваш, вие сте мои, сите сте наши”, подвлече Пендаровски.
Граѓаните побараа коментар и околу изјавите на Гордана Силјановска-Давкова дека е неопходна реформа на Уставот.
„Јас мислам дека нејзината изјава е многу поопасна. Значи, тие три години како политичка партија се борат против промена на Уставот, да не биле Бугарите дел од преамбулата на Уставот. Но госпоѓата не зборува за тоа. Таа зборува за нов Устав, внимавајте зборува за граѓански Устав. Дали во тој граѓански устав како што го нарекуваат ќе има воопшто место за Македонците? Според мене тоа е многу опасна идеја освен ако госпоѓата не се потруди да објасни што подразбира под нов, граѓански Устав” одговори Пендаровски.
Кандидатот за претседател Стево Пендаровски вечерва во Велес рече Силјановска да избере што ќе биде, претседател или врховен командант на Армијата. И порача дека без Преспанскиот договор нема членство во НАТО.
„Делумно е манипулација на нашите граѓани и потценување на нивната интелегенција, а делумно е зошто не знаат што зборуваат сега, што зборувале порано и што напишале во програмата. Пред 4 години госпоѓата има изјавено во една телевизиска емисија дека потписниците на Преспанскиот договор треба да бидат кривично гонети, треба кривично да одговараат. И сега велиш дека е добро што сме членка на НАТО. Епа госпоѓо, без Преспа нема НАТО”, одговори Пендаровски.
Избори 2024
Ставот на Ванковска, за намерата на Османи за напуштање на Open Balkan
Published
22 часа agoна
април 17, 2024By
Media Press„Иницијативата на Бујар Османи е удар на секој обид за функционално помирување и поврзување на земјите од регионот, кои уште не ги залечиле раните. Тој постапува како (голем) Албанец и ги покажува своите антисрпски сентименти заради кои ги жртвува дури и интересите на Македонија. Очигледно, во него нема штоф ниту за прв дипломат, а уште помалку за државник“ – ова е ставот на професорката Ванковска за намерата на Османи за напуштање на Open Balkan.
Денеска професрката Ванковска нема да има народни собири заради академски обврски на универзитетот. Со теренски активности продолжува во четврток во градот на Рацин, Велес.