Connect with us

Македонија

Влада: Ветото на Република Бугарија е неодговорна геостратешка грешка – македонската иднина е европска

Media Press

Published

на

Република Бугарија стави вето на почеток на преговорите на Северна Македонија со Европската Унија и со тоа застана на патот на нашата европска интеграција за која во повеќе наврати институциите на ЕУ и сите останати земји членки одделно, вклучувајќи ја и Бугарија, потврдија дека целосно ги исполнуваме условите, велат од Владата во однос на бугарското вето.

„Северна Македонија никогаш нема да се откаже од правото на самоопределување на македонските граѓани кое е гарантирано со Повелбата на ООН, Универзалната декларација за човекови права, Европската конвенција за човекови права, Лисабонскиот договор како уставна основа на ЕУ и темелните вредности на Уставот на Република Северна Македонија.

Македонскиот национален идентитет не беше, не е и невозможно е да биде предмет на преговори.

Македонскиот народ и македонскиот јазик се столбовите на македонскиот идентитет. Тие доаѓаат од минатото, а во исто време се столбови на нашата европска иднина.

За жал, процесот на проширување како стратешка цел на ЕУ го запре Република Бугарија како членка на ЕУ. Станува збор за неодговорна и тешка геостратешка грешка.

Во март, Советот на ЕУ даде едногласно зелено светло за почеток на преговори со Северна Македонија. Сите земји членки на ЕУ се согласија на тоа, вклучително и Бугарија. Во исклучително позитивниот извештај од Европската комисија за реформскиот напредок ние сме подобри од другите земји кандидати, па дури и понапред од некои земји кои веќе преговараат.  Нашите резултати и капацитети и нашата подготвеност за почеток на преговори се неспорни.

Неодобрувањето на преговарачката рамка е на штета на фундаменталните принципи и вредности на Европската Унија.

Владата на Северна Македонија нема да дозволи застој на внатрешните реформи. Напротив, ќе го засилиме темпото и ќе ја зголемиме предноста во демократски реформи што ја имаме во регионот.

Владата останува на истиот стратешки колосек. Испорачавме полноправно членство во НАТО и ќе ја придвижиме земјата и кон ЕУ! Наша обврска е да ги изградиме европските стандарди дома! За нас нема друг пат, нема друга алтернатива. Македонската иднина е европска“, стои во соопштението од Влада.

Македонија

Паѓа бројот на новозаразени но на починати сеуште висок

Media Press

Published

на

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.596 тестирања, а регистрирани се 603 нови случаи на Ковид-19. во Скопје –209, Куманово – 62, Струмица – 39, Битола – 38, Охрид – 36, Прилеп – 31, Тетово – 27, Кочани – 21, Велес и Штип по 19, Кичево – 14, Гостивар – 13, Кавадарци – 11, Радовиш – 8, Струга – 7, Виница – 6, Крива Паланка и Ресен по 5, Гевгелија, Валандово и Демир Хисар по 4, Неготино, Свети Николе, Пробиштип и Пехчево  по 3, Берово, Делчево и Крушево по 2 и по еден во Дебар, Богданци и Македонски Брод.

Бројот на починати лица и понатаму висок.Триесет и девет лица починаа во изминативе 24 часа како последица на ковид. Од нив 18 од Скопје (52г, 53г, 62г, 66г, 71г, 71г, 73г, 73г, 74г, 74г, 78г, 79г, 80г, 82г, 83г, 85г и 91г), по три починати лица од Охрид (64г, 81г и 82г), Тетово (63г, 80г и 81г), Струмица (72г, 73г и 80г) и Кавадарци (70г, 82г и 83г), по две лица од Прилеп (66г и 67г) и Куманово (58г и 80г), по едно лице од Битола (74), Велес (79), Штип (77), Кочани (71) и Пробиштип (63). Сите починати пациенти кои се на возраст од 52 до 91 година, се починати во болнички услови.

Регистрирани се 641 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 149.221, бројката на оздравени пациенти е 126.234, на починати е 4.595, а бројот на активни случаи изнесува 18.392, од кои 8.203 во Скопје.

Прочитај повеќе

Македонија

Според Царовска, родителот кој смета дека неговото дете нема да може да учи електорнски ќе може да си го испечати учебникот

Media Press

Published

на

Новиот Закон за учебници ќе обезбеди квалитетни материјали за учење, а воедно нуди и комбиниран модел на примена на печатени и електронски учебници, согласно потребите и можностите на учениците и семејствата. Секој ќе може да одбере на кој начин да учи. Ова го истакна министерката за образование и наука Мила Царовска во однос на учебниците.

Дигиталните учебници ќе се воведуваат сукцесивно, наредната учебна година само во четврто одделение, сите останати одделенија продолжуваат како досега. Законот за учебници нуди комбиниран модел на употреба, и на печатени и на дигитални учебници. Првпат ќе се види што значат тие за олеснување на работата и на наставниците, и на учениците, изјави Царовска.

„Моделот што го нудиме е комбиниран, секој ќе може да избере на кој начин ќе учи. Ќе се види бенефитот на дигиталниот учебник, тоа не е учебникот што до вчера го имавме со милијарда факти внатре и само напишан и ставен во ПДФ. Концептот на учење е таму да има примери, насочувања кон истражувања. Секој родител кој смета дека нема да може неговото дете да учи електронски ќе може да си го испечати учебникот и нема да има проблем училиштето – таму каде што има недостиг на финансии во семејството, а таму ќе треба да се обезбедат и електронски уреди од страна на училиштето, додаде Царовска.

Министерката појасни дека законот нуди комбиниран модел на примена на електронски и печатени учебници согласно позитивните практики во земји како Хрватска, Словенија и Естонија и дека истиот ќе се воведува сукцесивно. Учениците од прво до трето одделение и натаму ќе добиваат учебници во хартиена форма, додека во новата учебна година само учениците од четврто одделение покрај можноста за хартиени, ќе добијат и дигитална верзија на учебниците. Дополнително, како што посочи министерката сите учебници ќе бидат понудени и во аудио формат, додека за учениците со оштетен вид ќе бидат печатени на Брајово писмо.

На прашањето дали употребата на дигиталните учебници ќе влијае негативно на здравјето на учениците, Царовска рече дека сите треба да се запрашаме колку време нашите деца поминуваат непродуктивно во следење на социјални мрежи, на свои смарт телефони, без да имаат инсталирано било какви едукативни елементи и алатки и истите да ги применуваат.

Министерката информираше и дека подготовките за примена на новите наставни програми за прво одделение се започнати пред извесно време во соработка со локалните самоуправи и училиштата.

„Веднаш откако се донесе наставната програма за прво одделение, сите училишта беа известени што е потребно за започнување на наставата наредна година и до 15ти јуни треба да ги имаат обезбедено ресурсите потребни за секоја училница. Учебниците се печатени и треба да им бидат доставени. За 4то одделение штом ќе биде подготвена програмата, училиштата повторно ќе бидат известени што е потребно да имаат за реализација “, рече министерката.

Прочитај повеќе

Економија

Што предвидува шестиот пакет антикризни економски мерки вреден 17,8 милиони евра

Media Press

Published

на

Шестиот пакет антикризни економски мерки кој го усвои Владата, вреден 17,8 милиони евра предвидува поддршка на дејностите кои беа целосно затворени со цел превенирање на ширењето на корона вирусот во текот на месец април 2021, како и за подобрување на ликвидноста на остантите компании кои инвестираат годинава. Предвидено е да се поддржат 10.000 компании, кои вработуваат околу 60.000 граѓани.

Мерка 1

На сите угостителски објекти ќе им бидат покриени 30% од приходите, износ кој ќе се пресметува како просек од просечниот месечен приход во 2019 и 2020 година, на кој ќе се аплицираат деновите во кои овие дејности беа затворени. Дополнително, сите регистрирани угостителски објекти ќе добијат 15.200 денари финансиска поддршка по вработен, заклучно со 06.04.2021 година. Со оваа мерка ќе бидат поддржани околу 6.000 угостителски објекти кои вработуваат 17.000 луѓе, проценета вредност на мерката е 9,9 милиони евра.

Мерка 2

На скоро ист принцип, со 2,5 милиони евра ќе се поддржат категоризирани – ресторани за свадби, евент индустријата, игротеки, ноќните клубови, приватните детски одморалишта, фитнес центри, фотографи и фотографски студија. Во овие категории спаѓаат околу 1.200 компании ќе им бидат покриени 30% од приходите, износ кој ќе се пресметува како просек од просечниот месечен приход во 2019 година, дополнително ќе добијат поддршка од 15.200 денари по вработен, заклучно со 31.12.2020 година.

Мерка 3

Категоризираните туристички агенции ќе бидат поддржани со 1,4 милиони евра. Притоа туристичките агенции со А лиценца ќе добијат до 5.000 евра, а туристичките агенции со Б лиценца ќе добијат до 2.000 евра.

Мерка 4

Финансиска поддршка од 30.750 денари ќе добијат и сите музичари, членови на здруженијата на музичари како и лиценцираните туристички водичи, кои во текот на 2020 година имале просечен месечен нето приход под 15.000 денари.

Мерка 5

Околу 2 милиони евра се наменети за компаниите кои ја реинвестирале добивката од 2020 година, мерка која ќе се реализира преку Развојната Банка, а ќе им помогне на компаниите да ја зголемат ликвидноста, да ги реализираат своите инвестициски планови и да продолжат со својот развој, преку субвенционирање на каматни стапки.

Мерка 6

Со бескаматна кредитна линија преку Развојната банка од 1 милион евра, ќе се поддржат медиумите кои емитуваат радио и телевизиска програма.

Мерка 7

Во очекување на претстојната туристичка сезона и како дополнителна поддршка и помош за домашната туристичка, а со тоа и угостителска дејност, ќе се овозможат бесплатни 50.000 ПЦР тестови за странските туристи кои престојувале во државата.

Прочитај повеќе