Connect with us

Македонија

Експресниот пат Штип–Радовиш е со должина од 40,41 километар и вредност од преку 42 милиони евра

Media Press

Published

on

Претседателот на Владата, Зоран Заев заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски направи увид во работата на градежните активности на експресниот пат Штип – Радовиш, кои се одвиваат со брза динамика и се очекува финализирање и пред истекот на крајниот рок предвиден со проектот.

Според Заев, експресниот пат Штип–Радовиш кој е во вредност преку 42 милиони евра се гради со брза динамика, и граѓаните на југоисточниот дел на земјата ќе патуваат за пократко време.

„Се применуваат сите европски правила за подигнување на нивото на безбедност во сообраќајот и изградба на експресен пат по најсовремени стандарди.
Изградбата на експресниот пат Штип – Радовиш со должина од 40,41 километар и вредност од преку 42 милиони евра се реализира во две фази.
Изградбата на првата делница, од Штип до Бучим е во завршна фаза, поголемиот дел е веќе асфалтиран, осветлувањето е поставено и во моментов се монтираат еластичните огради. На втората делница, од Три Чешми до Радовиш, во тек се подготовки за поставување на коловозната конструкција. Се очекува првата делница од експресниот пат за три – четири месеци да биде пуштена во употреба“, истакна премиерот Заев и додаде дека оваа патна мрежа се надоврзува на автопатот Миладиновци – Штип и граѓаните на југоисточниот дел на земјата за многу пократко време ќе патуваат и пристигнуваат до Скопје.



Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски истакна дека експресниот пат Штип – Радовиш е од огромно значење и за економскиот развој на регионот каде работат околу 12 илјади мали и средни компании.

„Изградбата на експресниот пат Штип -Радовиш е еден од најкрупните капитални проекти во овој регион. Велам дека е еден од многуте проекти, бидејќи оваа Влада само во овој регион инвестираше околу 265 милиони евра за изградба и рехабилитација на патната мрежа“, рече министерот Бочварски и констатираше дека во градежниот сектор нема отпуштање на работници за што најголемо влијание за тоа имаат токму капиталните проекти во изградба на инфраструктурата.

Македонија

Според индексот за корупција Македонија најлошо рангирана досега

Media Press

Published

on

Македонија е рангирана на ниското 111 место на листата од 180 земји во светот по перцепцијата за корупција. Ова е најлошиот резултат на земјава од 2001 година. Според седумте истражувања во различни категории кои се направени во земјава постојат извесни подобрувања, но највпечатливо е опаѓањето во владеењето на правото, има влошување на состојбите со човековите права и пристапот до информации. Дополнително, ковид кризата се покажа како вистински тест во борбата против корупцијата и судирот на интереси.

Сите високо рангирани држави на индексот имаат големи инвестиции во здравството и се способни да обезбедат универзално здравствено осигурување и е помалку веројатно да ги повредат демократските норми и институции или владеењето на правото.

„COVID-19 не е само здравствена и економска криза. Тоа претставува и корупциска криза. Криза со којашто не успеваме да се справиме. Минатата година ги тестираше владите како ниту една претходно, и тие со поголеми степени на корупција се помалку способни да се справат со предизвикот. Но, дури и тие коишто се наоѓаат на врвот според ИПК мора итно да ја зајакнат својата улога во борбата против корупцијата на национално и меѓународно ниво“. 

Според г-ѓа Слаѓана Тасева, Претседателка на ТИ-Македонија, ова укажува на тоа дека сè уште треба да се засилат и да се преземат поконкретни активности кои ќе дадат видливи резултати во: 
– намалување на корупцијата и зголемување на ефикасноста на судството
– зајакнување на активностите за спроведување на ефикасна борба против корупцијата, а посебно високата корупција која останува недопирлива за органите за прогон и за правдата,
– зајакнување на постапките за конфискација и враќање на она што е украдено од граѓаните, како
– обезбедување на поголема транспарентност на институциите, кои во услови на КОВИД беа речиси недостапни за граѓаните
– целосно напуштање на политичките влијанија и пазарења во постапките за вработувања и обесбедување на конкурентност и подеднакви услови за сите при вработувањата, а со цел да се обезбеди ефикасна администрација која ќе биде професионална и компетентна до степен да обезбеди понатамошен развој на државата и континуитет во процесот за интеграција во Европската Унија.


Continue Reading

Македонија

Спасовски: Две лица се приведени во врска со случајот „Јавна соба“

Media Press

Published

on

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска извести дека се уапсени две лица за случајот „Јавна соба“.

„Две лица, едно во Битола и едно во Велес се приведени во врска со случајот Јавна соба, а се преземаат мерки и активности и кон други лица. Работиме во координација со јавното обвинителство со цел целосно расчистување на случајот и содветно санкционирање на сторителите.

Но како што објавуваат некои од медиумите кратко време откако министерот Спасовски јави за апсењата, групата почнала да се полни со една иста порака во која стои известување дека е направена нова група.

И премиерот Зоран Заев преку социјалните мрежи, извести дека испратиле категорични барања до социјалната мрежа „Телеграм“ да ја избрише групата „Јавна соба“ со предупердување дека ако тоа не се случи, можно е блокирање на платформата во земјава.

„Испративме категорични барања до социјалната мрежа Телеграм да ја избрише групата „Јавна соба“ и нема да престанеме да инсистираме на тоа барање сѐ до негово конечно исполнување. Доколку апликацијата Телеграм не го затвори каналот Јавна соба каде се споделува порнографска и приватна содржина од наши граѓани, како и детска порнографија, ќе ја разгледаме и опцијата за блокирање или рестрикција на користењето на оваа апликација во Северна Македонија“, објави Заев.

Continue Reading

Македонија

Започнува кампањата „Мој труд, мои права!“ со цел информирање за правата од работен однос

Media Press

Published

on

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска учествуваше на прес-конференцијата организирана од страна на Меѓународната организација на трудот (МОТ), каде што присуствуваа претставници на ЕУ, Државниот инспекторат за труд (ДИТ), Организација на работодавачи на Македонија(ОРМ) и Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).

Со оваа прес конференција е најавен почетокот на кампањата за подигнување на свесноста за работничките права „Мој труд, мои права!“ со цел да ги информира вработените лица, барателите на работа и работодавачите за правата и обврските што произлегуваат од работниот однос.

„Она за што секогаш мораме да водиме сметка и да се залагаме, вклучително и во вакви тешки и кризни времиња, е дека мора да се обезбеди доследното почитување на правата и обврските кои произлегуваат од работниот однос. А во однос на почитувањето на работничките права нема и не смее да има компромиси! И тука, во остварувањето на оваа цел, подеднакво значајна е улогата на сите чинители. И институциите кои ги пропишуваат законите и со легислатива ги утврдуваат правата и обврските, и инспекциските служби кои се грижат за нивно доследно спроведување, но секако, голема е тука улогата и на работодавачите и на самите работници. Сите сме важна алка во системот на обезбедувањето на доследното и ефективно почитување и заштита на работничките права“, истакна министерката Шахпаска.

Оваа кампања  ќе се спроведува во наредниот неколку-месечен период, помеѓу социјалните партнери кои учествуваат во работата на ЕСС, и со помош и поддршка од експертскиот тим на проектот за „Зајакнување на социјалниот дијалог“.

Continue Reading