Радовиш
Денеска прекин во водоснабдувањето во прва месна заедница во Радовиш поради дефект на приклучоци

Published
2 months agoon
By
Media Press
ЈП Плаваја ги информира корисниците на првата месна заедница во Радовиш дека денешниот прекин во водоснабдувањето е поради отстранување на дефект на приклучоци и иведба на нови приклучоци.
„НА ПОДРАЧЈЕТО НА ПРВАТА УРБАНА ЗАЕДНИЦА ИМА ПОТРЕБА ОД САНАЦИЈА НА ДЕФЕКТИ НА ПРИКЛУЧОЦИ И ИЗВЕДБА НА НОВИ ПРИКЛУЧОЦИ.ЗАРАДИ БРЗО ЗАВРШУВАЊЕ НА ОВИЕ ПЛАНИРАНИ АКТИВНОСТИ ПОТРЕБНО ВО ПОНЕДЕЛНИК 06 ДЕКЕМВРИ 2020 ГОДИНА ПОСЛЕ 7:30 ЧАСОТ ДА СЕ ПРЕКИНЕ ВОДОСНАБДУВАЊЕТО НА ЦЕЛОТО ПОДРАЧЈЕ НА УРБАНАТА ЗАЕДНИЦА.ПО ЗАВРШУВАЊЕ НА ПЛАНИРАНИТЕ АКТИВНОСТИ ВОДОСНАБДУВАЊЕТО ЌЕ СЕ ВОСПОСТАВИ.БИДЕЈЌИ ЌЕ СЕ РАБОТИ НА ПРИЛИЧНО СТАРИ И КОРОДИРАНИ ВОДОВОДНИ ИНСТАЛАЦИИ, НЕ СМЕ ВО СОСТОЈБА ДА ПРЕДВИДИМЕ ДО КОГА ЌЕ ТРАЕ ПРЕКИНОТ НА ВОДОСНАБДУВАЊЕТО“ стои во соопштението од Јп Плаваја.
Од ЈП Плаваја потврдуваат дека по пуштањето на водата истата ќе биде употреблива за пиење веднаш, бидејќи не се работи за дефект на улица туку за дефект на приклучоци.
Поврзани содржини
Студено утро со минусни температури и слаб снег
Реализација на неколку капитални проекти ќе ја обележат 2020, за Општина Радовиш
Градежниот бренд Адора и Фондацијата Новак Ѓоковиќ, со партнерска хумана мисија во Србија за подобра иднина на најмладите
Црковниот храм свети Пророк Илија во Радовиш добива сосема нов лик, по реновирањето деновиве започна фрескоживописот на храмот
Новогодишно обраќање на градоначалникот на општина Радовиш Герасим Конзулов
Асфалтирана новата улица број 2, во Урбан блок 9 во Радовиш, со што завршува градежната програма за оваа година
Радовиш
40 таблети за потребите на учениците доби ООУ „Крсте Петков Мисирков“ од Радовиш

Published
14 hours agoon
January 27, 2021By
Media Press
Донација на уште 40 таблети за потребите на учениците доби ООУ „Крсте Петков Мисирков“ од Радовиш
„ Многу им благодариме на нашите соработници од МЦГО Проектот ,,Јакнење на мултиетничка интеграција меѓу општините” за оваа прекрасна донација. Со ова сите наши ученици имаат уреди за следење на online настава, а наставниците можност за успешно реализирање на образовните цели!“, вели директорката на ООУ „Крсте Петков Мисирков“ Лујза Спасова.
Таа додава дека секое дете има право на образование! Секое дете мора да биде рамноправно со своето другарче! Иднината на општеството зависи од тоа колку вложуваме во образованието! Во ова новонастаната ситуација големината на човечките срца е од огромно значење.

Радовиш
Боров Дол отпочнува со подготовка за тестирање на новоизградената техничка опрема

Published
2 days agoon
January 26, 2021By
Media Press
Се врши подготовка за отпочнување на тестирање и приспособување на постојката за примарно дробење на рудата и транспортната трака.
Транспортна лента, долга 7 километри, претставува главна транспортна линија која што директно го поврзува дотурот на руда од склад на Боров Дол со објектот за складирање на руда на Бучим. Транспортниот систем на ленти е систем изработен според светски стандарди, со која што ќе се пренесува издробената руда од рудникот Боров Дол до преработувачките капацитети на Бучим.
“Транспортната лента за пренос на руда и погонот за примарно дробење на рудата наскоро ќе бидат пуштени во фаза на тестирање. Сите активности за скорото пуштање на работа на новиот рудник за бакар се во завршна фаза и интензивно работиме на претстојното започнување на работа на рудникот,” изјaви Павло Кривинскиј, генерален директор на Боров Дол.
Во концесикиот простор на рудникот Боров Дол ќе се изведуваат активности за експлоатација на бакарна руда, а понатамошната преработка на рудата ќе се одвива во флотациониот погон на Бучим.
Радовиш
Доделени 13 таблет компјутери на ОУ “Никола Карев” во Радовиш

Published
2 days agoon
January 26, 2021By
Media Press
Доделени се 13 таблет компјутери на ОУ “Никола Карев” во Радовиш за потребите на онлајн наставата.
Таблетите се наменети за ученици од социјално-ранливи семејства кои се соочуваат со недостиг на соодветни услови за следење на далечинска настава и истите ги додели градоначалникот на Општина Радовиш Герасим Конзулов.
Како што информираат од општината таблетите се донација од “Макпетрол” АД Скопје, која како општествено одговорна компанија ги донирала на Општина Радовиш од каде се доставени за потребите на училиштетото.


ЗАБРАНА ЗА СООБРАЌАЈ на некои патни правци поради врнежи од снег

МУТИРАНИОТ БРИТАНСКИ ВИРУС СЕ ПОЈАВИ И ВО МАКЕДОНИЈА. Станува збор за 46 годишен маж кој веќе е оздравен

Новиот Национален регистар на вистински сопственици, квалитетна алатка во борбата против перењето пари

40 таблети за потребите на учениците доби ООУ „Крсте Петков Мисирков“ од Радовиш
