Connect with us

Македонија

Блокирано проширувањето на ЕУ поради бугарското вето

Media Press

Published

on

По бугарското вето за Македонија во ЕУ, блокирана е и Албанија. Европската унија го тргна прашањето за проширувањето и во моментов се блокирани во Советот на ЕУ поради неможноста да се постигне договор за Северна Македонија и Албанија.

Советот на ЕУ вели дека остануваат неколку часа за можен договор, а министрите за општи работи на ЕУ го ставија прашањето за проширување под точката „сите други работи“ на дневниот ред на утрешниот состанок.

Во исто време беше објавено дека прашањето за проширување нема да биде на дневен ред на состанокот на лидерите на ЕУ 27, кои доаѓаат на самитот во Брисел на 10 и 11 декември.

„Не е невозможно прашањето за проширување да не биде поставено, но агендата е веќе преполна“, оценуваат во Брисел.

Германското претседателство со Советот на ЕУ вели дека се фрустрирани од неможноста за напредок по прашањето на рамката за преговори за Северна Македонија, што, барем засега, го блокираше процесот на донесување заклучоци за сите земји од процесот на проширување.

„Направивме сè што е можно за да постигнеме компромис, но досега тоа е невозможно. Незадоволни сме од фактот дека Бугарија ги блокира разговорите за пристап поради билатерални историски прашања кои не припаѓаат на контекстот за проширување“, рече висок дипломат на ЕУ.

Евроамбасадорот во Северна Македонија Дејвид Гир, денеска на прес-конференција рече дека тоа што треба сега да се направи е да се усвои преговарачката рамка за земјава и да се најде датум за поскорешно одржување на меѓувладината конференција меѓу земјава и Европската Унија. „Се разбира во наш и во ваш интерес е овој датум да биде закажан што порано“, рече Гир.

прикажи повеќе
Advertisement

Македонија

Честитка од претседателот Пендаровски по повод христијанскиот празник Богојавление – Водици

Media Press

Published

on

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Митрополит Скопски, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима, г.г. Стефан.

Почитуван г.г. Стефан,

Имам особено задоволство и чест Вам лично и на членовите на Светиот архиерејски синод, на преподобното монаштво и свештенство, како и на сите православни верници, да ви го честитам големиот христијански празник Богојавление – Водици, и да ви посакам да го поминете во добро здравје, исполнети со радост и со среќа.

Годинава, за жал, Богојавление – Водици го празнуваме во несекојдневни околности предизвикани од пандемијата на Ковид-19, која ги загрози нашите животи, здравје, благосостојба, но и предизвика преиспитување на нашите вредности и уверувања. Сепак, и без масовните собири покрај нашите води, како и со сите останати рестрикции согласно со безбедносните протоколи, повторно ќе ја посведочиме светата тајна на крштевањето. Повторно ќе ги наполниме нашите срца со верба, надеж и со љубов.

Во овие тешки времиња посакувам овој голем празник да ни биде духовна поткрепа за да истраеме во солидарноста, трпението, одговорноста и во грижата за сите наши сограѓани.

Нека ни е честит и вековит големиот христијански празник!

Бог се јави!“ стои во честитката од претседателот Пендаровски.


Continue Reading

Македонија

Србија да и даде на Македонија 8.000 вакцини од производителот Фајзер

Media Press

Published

on

Во директен разговор меѓу премиерот Зоран Заев и претседателот на Србија, Александар Вучиќ договорено е Србија да и даде на нашата земја 8.000 вакцини од производителот Фајзер.

Министрите за здравство на двете земји Венко Филипче и Златибор Лочнар во наредните денови ќе ги договорат деталите околу постапката за испорака на вакцините.
Симбол на оваа здравствена криза е солидарноста, Министерството за здравство изразува благодарност до Република Србија и српскиот народ за овој пријателски чин.

Процесот на директна набавка со истиот производител е во финална фаза. Согласно договорената динамика, во февруари преку Фајзер ќе пристигнат 5.850 дози од вакцината, а по 17.500 дози во март и април.

Во месец февруари се очекуваат и вакцините преку КОВАКС механизмот, за коишто е направена уплата и обезбедена гаранција. Вкупната количина на вакцина преку овој механизам за нашата држава изнесува 833.000 дози.

Continue Reading

Македонија

Третирани 661 пациент со конвалесцентна плазма

Media Press

Published

on

Од Институтот за трансфузиона медицина информираат дека се обезбедени вкупно 802 единици конвалесцентна плазма за третман на пациенти заразени со КОВИД-19, од вкупно 729 донори.

Со крвна плазма досега се третирани 661 пациент. Со ваквиот највисок чин на хуманост, граѓаните кои се оздравени имаат можност да им помогнат на тие кои во моментот се борат со коронавирусот.

„Да им помогнеме на лицата кои се борат со коронавирусот, да донираме конвалесцентна крвна плазма, апелираат од Институтот за трансфузиона медицина до сите оздравени пациенти кои имале КОВИД-19. Преку даруваната конвалесцентна плазма, антителата на оздравените пациенти се користат во сузбивање на болеста кај друго лице со КОВИД-19.“ – апелираат од Институтот за трансфузиона медицина

Лицето дарител на конвалесцентна плазма треба да има документиран лабораториски доказ дека било болно од КОВИД-19 и да биде минимум 21 ден без симптоми, по што се прави дополнителен тест за потврда дека нема присуство на вирус.

Continue Reading