Connect with us

Македонија

Регистрирани се 659 нови случаи на ковид-19, починати се 23 лица, 3 од Југоистокот

Media Press

Published

on

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1715 тестирања, а регистрирани се 659 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-248, Куманово-18, Дебар-1, Штип-8, Прилеп-33, Тетово-40, Струга-39, Велес-33, Битола-46, Охрид-47, Кавадарци-14, Гостивар-21, Гевгелија-1, Струмица-2, Крива Паланка-4, Радовиш-3, Кочани-14, Демир Хисар-3, Македонски Брод-1, Пехчево-1, Берово-11, Валандово-1, Виница-11, Делчево-5, Свети Николе-17, Кичево-4, Ресен-12, Неготино-21.   

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 774 оздравени пациенти од: Скопје-331, Куманово-140, Дебар-10, Штип-27, Прилеп-45,  Тетово-11, Струга-28, Велес-41, Битола-28, Охрид-33, Гостивар-4, Гевгелија-3, Струмица-6, Крива Паланка-7, Радовиш-1, Кочани-8, Пробиштип-4, Демир Хисар-6, Македонски Брод-3, Валандово-1, Виница-4, Делчево-1, Свети Николе-16, Кичево-11, Ресен-5. 

Починати се 23 лица, пет пациенти од Скопје (61, 61, 79, 84 и 68г), двајца од Штип (60 и 69г), четири од Струга (55, 57, 56 и 84г), четири од Битола (67, 59, 79 и 70г), тројца пациенти од Охрид (64, 70 и 65г), еден од Гостивар (72г), еден од Струмица (55г), двајца од Радовиш (73 и 81г), еден од Крушево (63г). Од нив тројца пациенти се починати вон, останатите се починати во болнички услови. 

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 67968, бројката на оздравени пациенти е 43646, на починати е 1924, а бројот на активни случаи изнесува 22398.

Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 29449, активни 10767• Куманово 4010, активни 778• Дебар 504, активни 128• Штип 2876, активни 515• Прилеп 3372, активни 1032• Тетово 4110, активни 1100• Струга 1638, активни 490• Велес 2211, активни 707• Битола 2419, активни 975• Охрид 1826, активни 624• Кавадарци 1452, активни 584• Гостивар 2841, активни 1121• Гевгелија 828, активни 277 (63 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 142 на Богданци и 12 се странски државјани)• Струмица 1845, активни 574• Крива Паланка 483, активни 146• Радовиш 469, активни 120• Крушево 143, активни 74• Кочани 1331, активни 261• Пробиштип 387, активни 90• Демир Хисар 211, активни 69• Македонски Брод 184, активни 40• Пехчево 108, активни 21• Берово 423, активни 125• Валандово 231, активни 66• Виница 397, активни 139• Делчево 537, активни 265 (154 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 169, активни 46• Свети Николе 910, активни 223• Кичево 1370, активни 451• Ресен 526, активни 215• Неготино 708, активни 375 (103 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Македонија

Радовиш дел од проектот за подобрување на услугите на жените и девојките од руралните средини за сексуално и репродуктивно здравје

Media Press

Published

on

Радовиш ќе биде единствената општина од Југоистокот која ќе биде дел од проектот за унапредување на  сексуално и репродуктивно здравје, кој ќе го спроведе Здружението ХЕРА и Центарот за семејна медицина.

„Жените и девојките од руралните средини полесно до услуги за сексуално и репродуктивно здравје во регионите каде нема гинеколог или нивниот број е многу мал. Овој проект го доби ХЕРА од јапонската амбасада и ќе се спроведе во 10 градови: Македонски Брод, Пробиштип, Крушево, Радовиш, Демир Хисар,Кратово, Делчево, Штип, Крива Паланка и Ресен. Го унапредуваме сексуалното и репродуктивно здравје со посебен акцент на девојките и жените од руралните подрачја, од ромските заедници и девојките и жени со телесна попреченост кои имаат ограничен пристап до јавните здравствени установи“, вели министерот за здравство Венко Филипче.

Под репродуктивно здравје се подразбира дека луѓето можат да имаат одговорен, задоволувачки и побезбеден сексуален живот и дека се способни да се размножуваат и притоа ја имаат слободата да одлучат дали, кога и колку често. Под ова се подразбира дека мажите и жените имаат право да бидат информирани и да имаат пристап до безбедни, ефективни, достапни и прифатливи методи за контрола на раѓањето по сопствен избор, како и правото на пристап до соодветни здравствени услуги коишто ќе им овозможат безбедна бременост и породување на жените и ќе им ја дадат на двојките можноста да имаат здраво новороденче.

Според Светската здравствена организација: – Сексуалните заболувања како и заболувањата на репродуктивните органи изнесуваат 20% од вкупните заболувања кај жените и 14% кај мажите.

 Според годишниот извештај на ХЕРА за 2019 година – една од најуспешните години за сексуалното и репродуктивното здравје и за родовата еднаквост во Македонија во споредба со изминатите десетина години.

Continue Reading

Македонија

Продолжува расправата во Собранието по Предлог-законот за попис

Media Press

Published

on

Пратениците вчера и завчера со спротивставени ставови по Предлог-законот за попис главно околу тоа дали и колку процесот ќе биде навистина статистички, а не политички.

За СДСМ, Предлог-законот што треба да се донесе по скратена постапка е транспарентен и објективен, а неговото донесување е од суштинско значење. Пописот ќе го спроведе Државниот закон за статистика (ДЗС) и ќе овозможи релевантни податоци врз основа на кои ќе се креираат развојни, долгорочни политики и стратегии. Тие се на ставот дека пописот мора и ќе се одржи годинава во април.

Според ВМРО-ДПМНЕ, пописот е политички договор и пазарење меѓу СДСМ и ДУИ за опстанок на коалицијата и за задоволување на внатрепартиските барања, со однапред утврден исход, како и алатка за демографски и етнички инженеринг, а резултатите што ќе се добијат од него, нема да бидат релевантни, ниту ќе ја отсликуваат реалната состојба во државата.

„Насилно се турка целата работа затоа што станува збор за политичка операција, не за статистичка. Законот предвидува попишување државјани, а не резидентно население, не ги содржи методологијата и компаративните бази на податоци и овозможува давање податоци само со усмено кажување на матичниот број“, се главните забелешки на  лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Забелешки на предлог законот за попис има и Левица.

„Главната работа, којашто тука фали е разграничување на две дефиниции, меѓу „вкупно“ и „вкупно попишано“ население. Значи што е резидентно население, кое население живее тука, а кое не – без тоа, вие немате Закон за попис! Со тоа вие имате еден неодреден текст, којшто јас не знам за што друго би послужил, освен единствено за демографски и етнички инженеринг.

Ние се сомневаме дека веќе бројките околу соодносот на етникумите во оваа држава се определени од вас, затоа е нели тој фамозен „врзан потпис“ меѓу директорот на ДЗС и неговиот заменик. И сега, ќе се оди одозгора надолу, определени се бројките, а вие реалноста ќе ја прилагодувате, за да дојдете до бројките, коишто со вашиот коалиционен партнер ги имате договорено“, вели пратеникот од Левица Борислав Крмов.

Согласно законот, пописот треба да се спроведе од 1 до 22 април оваа година, а со него ќе бидат опфатени и лицата кои работат надвор од државата. Постапката  се планира да  заврши за шест месеци и да чини вкупно 8,5 милиони евра. Последниот попис во земјава беше спроведен во 2002 година, а најавениот попис во 2011 година не се реализира.

Од ДЗС најавуваат дека пописот ќе биде спроведен согласно стандардите на Обединетите нации и Евростат.

Continue Reading

Македонија

Тим од доктори-специјалисти и медицински сестри од март ќе бидат дел од мировната мисија „Одлучна поддршка“ во Авганистан

Media Press

Published

on

Претседателот Стево Пендаровски го прими шестчлениот медицински тим од јавното и военото здравство којшто ќе биде упатен во мировната мисија „Одлучна поддршка“ во Авганистан, од март до септември годинава и ќе работи во рамки на норвешката болница во Кабул.

Тимот од тројца доктори-специјалисти и три медицински сестри денеска заминува во Кралството Норвешка, на тримесечна обука заедно со норвешките колеги кои ќе бидат дел од истата ротација во Кабул. Оттаму, во март тие ќе заминат во Авганистан, како дел од мисијата. Петмина од нив се од јавното здравство, а една е медицинска сестра од Баталјонот за медицинска поддршка на Армијата.

Претседателот Пендаровски на средбата им посака успех во мисијата и изрази уверување дека нејзината реализација е значаен чекор кон формирањето на хируршки тим којшто ќе биде на располагање на НАТО, обврска којашто РС Македонија како членка на Алијансата треба да ја исполни до 2028 година.

Исто така, претседателот Пендаровски изрази и очекување дека стекнатите вештини и искуство за време на мисијата ќе придонесат и за развој на здравството во државата.

Continue Reading