Connect with us

Македонија

Филипче: Лек за ковид-19 сѐ уште нема, граѓаните да не купуваат лекови на црно

Media Press

Published

on

Министерот за здравство д-р Венко Филипче, одговарајки на новинарско прашање за препродавање и купување на лекови на црно од интернет од страна на граѓани, порача дека лек за ковид-19 сѐ уште нема и дека ниту еден граѓанин не треба да да бара лекови кои не се докажани дека помагаат во лекувањето на овој вирус.

„Лек за ковид-19 сѐ уште нема, граѓаните да не купуваат лекови на црно кои не се докажани дека помагаат. Апелирам до пациентите да се консултираат со матичниот лекар или за време на болничкото лекување, само под контрола на лекар пациентот да прими соодветна терапија“ порача министерот Филипче.

Македонија

Народната банка одржа е-работилница за новинарите посветена на статистиката на финансиските сметки на македонската економија

Media Press

Published

on

Оваа работилница се одржа во рамките на серијалот е-работилници за новинарите во организација на Народната банка. Статистиката на финансиските сметки е исклучително важна и воедно, една од најкомплексните статистики.

На работилницата, во рамките на презентацијата, директорката на Дирекцијата за статистика на Народната банка, Султанија Бојчева-Терзијан, покрај осврнувањето на значењето на финансиските сметки, методологијата, принципите и опфатот на оваа статистика, презентира и анализа на податоците од временската серија од 2013 до 2019 година.

„Со објавувањето на статистиката на финансиските сметки, Народната банка ја исполни обврската преземена со пристапувањето на нашата земја кон највисокиот статистички стандард на ММФ за дисеминација на податоци – СДДС плус, кон којшто имаат пристапено само дваесетина земји во светот. Статистиката на финансиските сметки особено се актуализира по Глобалната финансиска криза, како извор на податоци за ранливостите во одделните сектори во економијата и можните канали на пренос на шоковите од еден во друг сектор.“ – истакна гувернерката, Анита Ангеловска-Бежоска

Како што беше истакнато на е-настанот, изработката на годишните секторски финансиски сметки од страна на Народната банка е основа и за дополнителни показатели во рамките на највисокиот статистички стандард на ММФ за дисеминација на податоци – СДДС плус, како и за сетот показатели во рамките на процедурата за макроекономски нерамнотежи на ЕУ.

Continue Reading

Економија

УЈП објави Листа на должници неплатени до крајот на 2020 година

Media Press

Published

on

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници за долгови доспеани до 30.09.2020 и неплатени до 31.12.2020 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е: повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и повисок од 300.000 денари за правните лица.

Листата на должници се објавува на веб страницата на Управата за јавни приходи согласно  Законот за даночна постапка.
Управата за јавни приходи без согласност на даночниот обврзник на својата веб страница може да објави податоци заради исправка на непотполни информации кои се објавени во Листата на должници.

„Доколку даночниот обврзник не се согласува со објавените податоци, може да се обрати до:

  • надлежната Регионална дирекција на УЈП (види контакт) – за објавените долгови по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход и придонеси од задолжително социјално осигурување;
  • Царинска управа на РСМ – Одделение за наплата на приходи, буџет, гаранции и анализа (тел.02/3293 978 или 02/3293 971) – за објавените долгови по основ на акцизи, царини и ДДВ при увоз“, стои во соопштението од УЈП.

Continue Reading

Македонија

Според индексот за корупција Македонија најлошо рангирана досега

Media Press

Published

on

Македонија е рангирана на ниското 111 место на листата од 180 земји во светот по перцепцијата за корупција. Ова е најлошиот резултат на земјава од 2001 година. Според седумте истражувања во различни категории кои се направени во земјава постојат извесни подобрувања, но највпечатливо е опаѓањето во владеењето на правото, има влошување на состојбите со човековите права и пристапот до информации. Дополнително, ковид кризата се покажа како вистински тест во борбата против корупцијата и судирот на интереси.

Сите високо рангирани држави на индексот имаат големи инвестиции во здравството и се способни да обезбедат универзално здравствено осигурување и е помалку веројатно да ги повредат демократските норми и институции или владеењето на правото.

„COVID-19 не е само здравствена и економска криза. Тоа претставува и корупциска криза. Криза со којашто не успеваме да се справиме. Минатата година ги тестираше владите како ниту една претходно, и тие со поголеми степени на корупција се помалку способни да се справат со предизвикот. Но, дури и тие коишто се наоѓаат на врвот според ИПК мора итно да ја зајакнат својата улога во борбата против корупцијата на национално и меѓународно ниво“. 

Според г-ѓа Слаѓана Тасева, Претседателка на ТИ-Македонија, ова укажува на тоа дека сè уште треба да се засилат и да се преземат поконкретни активности кои ќе дадат видливи резултати во: 
– намалување на корупцијата и зголемување на ефикасноста на судството
– зајакнување на активностите за спроведување на ефикасна борба против корупцијата, а посебно високата корупција која останува недопирлива за органите за прогон и за правдата,
– зајакнување на постапките за конфискација и враќање на она што е украдено од граѓаните, како
– обезбедување на поголема транспарентност на институциите, кои во услови на КОВИД беа речиси недостапни за граѓаните
– целосно напуштање на политичките влијанија и пазарења во постапките за вработувања и обесбедување на конкурентност и подеднакви услови за сите при вработувањата, а со цел да се обезбеди ефикасна администрација која ќе биде професионална и компетентна до степен да обезбеди понатамошен развој на државата и континуитет во процесот за интеграција во Европската Унија.


Continue Reading