Connect with us

Македонија

78 нови случаи на Ковид -19 во Југоистокот според последните податоци

Media Press

Published

on

Според последните податоци изминатите 24 часа се направени 3399 тестирања, а регистрирани се 1342 нови случаи на ковид-19, од нив 78 се од Југоисточниот регион во: Гевгелија 33-Струмица 29, -Радовиш 12 и во Валандово 4.

Во останатите градови најмногу во Скопје 479-Куманово 52-Дебар 20-Штип 45-Прилеп 84-Тетово 58-Струга 52-Велес 59-Битола 83-Охрид 49-Кавадарци 42-Гостивар 63-Крива Паланка 12 -Крушево 5-Кочани 33-Пробиштип 10-Демир Хисар 2-Македонски Брод 2-Пехчево 2-Берово 4-Виница 4-Делчево 22-Кратово 7-Свети Николе 13-Кичево 31-Ресен 13-Неготино 18.

Починати се 22 лица, седум пациенти од Скопје (70, 61, 73, 81, 62, 65 и 69г), еден од Куманово (79г), двајца од Штип (81 и 78г), четири пациенти од Прилеп (84, 68, 69 и 79г), еден од Струга (77г), двајца од Велес (72 и 73г), еден од Охрид (87г), еден од Гостивар (71г), еден од Струмица (67г), еден од Крушево (71г) и еден пациент од Берово (86г).

Институтот за јавно здравје регистрира 679 оздравени пациенти од:-Скопје 266-Куманово 49-Штип 30-Прилеп 51-Тетово 1-Струга 30-Велес 13-Битола 56-Охрид 29-Кавадарци 22-Гостивар 2-Гевгелија 3-Струмица 16-Крива Паланка 3-Радовиш 10-Крушево 1-Кочани 14-Пробиштип 3-Македонски Брод 3-Пехчево 4-Берово 6-Валандово 2-Виница 8-Делчево 6-Кратово 8-Свети Николе 11-Кичево 21-Ресен 3 -Неготино 8.

Досега во земјата се направени вкупно 341.261 тестирања на Ковид -19.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 65231, бројката на оздравени пациенти е 41656, на починати е 1847, а бројот на активни случаи изнесува 21728.

Економија

УЈП објави Листа на должници неплатени до крајот на 2020 година

Media Press

Published

on

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници за долгови доспеани до 30.09.2020 и неплатени до 31.12.2020 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е: повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и повисок од 300.000 денари за правните лица.

Листата на должници се објавува на веб страницата на Управата за јавни приходи согласно  Законот за даночна постапка.
Управата за јавни приходи без согласност на даночниот обврзник на својата веб страница може да објави податоци заради исправка на непотполни информации кои се објавени во Листата на должници.

„Доколку даночниот обврзник не се согласува со објавените податоци, може да се обрати до:

  • надлежната Регионална дирекција на УЈП (види контакт) – за објавените долгови по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход и придонеси од задолжително социјално осигурување;
  • Царинска управа на РСМ – Одделение за наплата на приходи, буџет, гаранции и анализа (тел.02/3293 978 или 02/3293 971) – за објавените долгови по основ на акцизи, царини и ДДВ при увоз“, стои во соопштението од УЈП.

Continue Reading

Македонија

Според индексот за корупција Македонија најлошо рангирана досега

Media Press

Published

on

Македонија е рангирана на ниското 111 место на листата од 180 земји во светот по перцепцијата за корупција. Ова е најлошиот резултат на земјава од 2001 година. Според седумте истражувања во различни категории кои се направени во земјава постојат извесни подобрувања, но највпечатливо е опаѓањето во владеењето на правото, има влошување на состојбите со човековите права и пристапот до информации. Дополнително, ковид кризата се покажа како вистински тест во борбата против корупцијата и судирот на интереси.

Сите високо рангирани држави на индексот имаат големи инвестиции во здравството и се способни да обезбедат универзално здравствено осигурување и е помалку веројатно да ги повредат демократските норми и институции или владеењето на правото.

„COVID-19 не е само здравствена и економска криза. Тоа претставува и корупциска криза. Криза со којашто не успеваме да се справиме. Минатата година ги тестираше владите како ниту една претходно, и тие со поголеми степени на корупција се помалку способни да се справат со предизвикот. Но, дури и тие коишто се наоѓаат на врвот според ИПК мора итно да ја зајакнат својата улога во борбата против корупцијата на национално и меѓународно ниво“. 

Според г-ѓа Слаѓана Тасева, Претседателка на ТИ-Македонија, ова укажува на тоа дека сè уште треба да се засилат и да се преземат поконкретни активности кои ќе дадат видливи резултати во: 
– намалување на корупцијата и зголемување на ефикасноста на судството
– зајакнување на активностите за спроведување на ефикасна борба против корупцијата, а посебно високата корупција која останува недопирлива за органите за прогон и за правдата,
– зајакнување на постапките за конфискација и враќање на она што е украдено од граѓаните, како
– обезбедување на поголема транспарентност на институциите, кои во услови на КОВИД беа речиси недостапни за граѓаните
– целосно напуштање на политичките влијанија и пазарења во постапките за вработувања и обесбедување на конкурентност и подеднакви услови за сите при вработувањата, а со цел да се обезбеди ефикасна администрација која ќе биде професионална и компетентна до степен да обезбеди понатамошен развој на државата и континуитет во процесот за интеграција во Европската Унија.


Continue Reading

Македонија

Спасовски: Две лица се приведени во врска со случајот „Јавна соба“

Media Press

Published

on

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска извести дека се уапсени две лица за случајот „Јавна соба“.

„Две лица, едно во Битола и едно во Велес се приведени во врска со случајот Јавна соба, а се преземаат мерки и активности и кон други лица. Работиме во координација со јавното обвинителство со цел целосно расчистување на случајот и содветно санкционирање на сторителите.

Но како што објавуваат некои од медиумите кратко време откако министерот Спасовски јави за апсењата, групата почнала да се полни со една иста порака во која стои известување дека е направена нова група.

И премиерот Зоран Заев преку социјалните мрежи, извести дека испратиле категорични барања до социјалната мрежа „Телеграм“ да ја избрише групата „Јавна соба“ со предупердување дека ако тоа не се случи, можно е блокирање на платформата во земјава.

„Испративме категорични барања до социјалната мрежа Телеграм да ја избрише групата „Јавна соба“ и нема да престанеме да инсистираме на тоа барање сѐ до негово конечно исполнување. Доколку апликацијата Телеграм не го затвори каналот Јавна соба каде се споделува порнографска и приватна содржина од наши граѓани, како и детска порнографија, ќе ја разгледаме и опцијата за блокирање или рестрикција на користењето на оваа апликација во Северна Македонија“, објави Заев.

Continue Reading