Connect with us

Македонија

Пендаровски: Покрај мерките на институциите коишто се најважни во моментов, потребна е и поголема индивидуална одговорност

Media Press

Published

on

Претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Декември, Меѓународниот ден на лицата со попреченост денеска се сретна и поразговара со претставници на Националниот совет на инвалидиски организации на Македонија.

Посочувајќи дека нашата земја пред речиси една деценија ја ратификуваше Конвенцијата на Обединетите нации за правата на лицата со попреченост, претседателот Пендаровски истакна дека како држава и натаму заостануваме со нејзина целосна и доследна  имплементација. Претседателот Пендаровски и денеска повтори дека крајно време е да се имплементираат одредбите на Конвенцијата, особено членовите 5 и 9, односно, правата на пристапност и на еднаквост и недискриминација. 

„Потребно е надлежните институции со директна поддршка и вклученост  на претставниците од организациите на лицата со попреченост, поефективно да пристапат кон имплементација на споменатите членови.  Исто така, неопходно е лицата со попреченост и нивните организации да бидат вклучени во мониторингот, во надзорот над имплементација на Конвенцијата, при што мора да се изнајдат соодветни модалитети за вашето учество во мониторингот за тој да не биде само формалност“, потенцираше претседателот Пендаровски.

На средбата со претставниците на здруженијата со телесен инвалидитет, на глуви и слепи лица, здруженија на лица со интелектуална попреченост и цивилни и трудови инвалиди, претседателот Пендаровски рече дека мора да се зголеми динамиката со којашто државни институции работат на укинување на физичките и менталните бариери и имплементација на инклузивното образование, а со тоа и надминување на длабоко вкоренетите стереотипи.  

„Институциите кои работат со лицата со попреченост неопходно е да имаат соодветни кадровски, финансиски и технички ресурси. Притоа, не смее да се прават компромиси и да се одложуваат процесите без разлика на сите економски, политички или како во моментов, здравствени предизвици и проблеми“, подвлече претседателот Пендаровски.

Во услови на пандемијата на Ковид-19, како што додаде претседателот Пендаровски, најзагрозени се најранливите категории наши сограѓани, на коишто им е потребна поддршка, солидарност и грижа. Во таа насока, заклучи претседателот Пендаровски, „покрај институционалните мерки кои се најважни во моментов, потребна е и зголемена индивидуална одговорност и ангажман на секој наш граѓанин. Сите ние како поединци можеме да придонесеме со нашето однесување, проактивност и одговорност“.

На средбата, претставниците на НСИОМ на претседателот Пендаровски му ги укажаа проблемите и предизвиците со коишто секојдневно се соочуваат. Пред се, ја посочија непристапноста на објектите, недостапноста до образованието, невработеноста на лицата со попреченост, ниските надоместоци од државата, недостиг на соодветни помагала.

Во насока на подобрување на дел од состојбите, претседателот Пендаровски искажа ветување дека нема да го потпише Указот за прогласување на Законот за градба доколку во него не се имплементирани главните сугестии на лицата со попреченост,  а коишто предвидуваат новите објекти да бидат пристапни за лица со попреченост.

3 Декември е прогласен за Меѓународен ден на лицата со попреченост од страна на Генералното собрание на ОН на 14 октомври 1992 година. Годинава денот се одбележува под мотото „Да градиме подобра поддршка: за лицата со попреченост – инклузивен, пристапен и одржлив свет пост Ковид-19“.

Македонија

Заев:Ниту порано ниту сега придавката „македонски“ не е проблем, Мицкоски: Нели идентитетот беше “бетон”

Media Press

Published

on

„Ниту порано ниту сега придавката „македонски“ не е проблем и таа останува во записниците од Заедничката мултидисциплинарна експертска историска комисија помеѓу Северна Македонија и Бугарија“, изјави денеска премиерот Зоран Заев.

„Мене ми е драго што и вчера претседателот на Комисијата потврди тоа што и на нас како Влада ни го има соопштено, пред се, преку министерот за надворешни работи Бујар Османи, а тоа е дека ниту порано ниту сега придавката „македонски“ не е проблем. Таму како се дискутира од страна на нашите историчари и на бугарските историчари така ќе стои и во записниците. Тоа го потврди и самиот претседател на Комисијата. Тоа е идентитетска придавка и нашиот идентитет не е спорен, и никој пат нема да дозволиме кој било да го спори“, рече Заев одговарајќи на новинарско прашање.

Тој ги отфрли обвинувањата од опозицијата дека Владата работи во интерес на Бугарија и нагласи дека нема повеличествени и поимперативни интереси освен македонските интереси.

По вчерашната изјава во медиумите на претседателот на Историската комисија Ѓоргиев, во однос на употребата на придавката што е договорено со бугарските историчари, претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски со коментар:

„Нели идентитетот беше “бетон” и “не се преговара за идентитетските прашања” со источниот сосед? За ова ли се менуваше член на историската комисија? Нели придавката “македонски” била испишана со златни букви, како сега токму тоа исчезна од записниците на комисиите?Владата на јавноста ѝ должи одговори. Колку подолго Заев е премиер, толку повеќе Македонија ќе губи. Иднината ќе биде наша и ние заедно со народот за нејзе ќе се избориме!“ објави Мицкоски на својот профил.

Continue Reading

Македонија

347 нови случаи на ковид -19 во земјата, вкупниот број на активни случаи се намали на 11 269

Media Press

Published

on

Во последните 24 часа се направени 2013 тестирања, а регистрирани се 347 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 179 -Куманово 24 -Тетово 14 -Прилеп 5 -Гостивар 8 -Штип 13 -Битола 1 -Велес 11 -Охрид 18 -Струмица 7 -Кавадарци 13 -Струга 4 -Кочани 8 -Кичево 4 -Свети Николе 2 -Гевгелија 1 -Дебар 4 -Ресен 1 -Крива Паланка 3 -Берово 4 -Делчево 10 -Пробиштип 5 -Виница 1 -Богданци 3 -Крушево 1 -Демир Капија 2 -Пехчево 1.

Починати се 11 лица, пет пациенти од Скопје (35, 75, 65, 81 и 74г.), еден пациент од Штип (80г.), еден од Велес (82г.), од Струмица (78г.), од Кавадарци (55г.), еден пациент од Валандово (63г.),и еден пациент од Пехчево (93г.). Еден е починат вон, останатите пациенти се починати во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 378 оздравени пациенти од: -Скопје 270 -Куманово 13-Тетово 11-Прилеп 15 -Гостивар 4 -Штип 5 -Битола 3 -Велес 6 -Струмица 9 -Кавадарци 8 -Струга 1 -Кочани 4 -Кичево 5 -Свети Николе 2 -Гевгелија 2 -Неготино 4 -Ресен 3 -Крива Паланка 4 -Радовиш 3 -Берово 2 -Богданци 1 -Кратово 1 -Крушево 1 -Пехчево 1.

Досега во земјата се направени вкупно 441.134 тестирања на Ковид -19.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 90471, бројката на оздравени пациенти е 76423, на починати е 2779, а бројот на активни случаи изнесува 11269.

Continue Reading

Македонија

Филипче: Не постојат законски пречки за увоз на вакцини против КОВИД-19, интервентен увоз на лекови не е новина во нашата земја

Media Press

Published

on

Интервентниот увоз на лекови не е никаква новина и години наназад постапката се користела за увоз на вакцини и други препарати појасни денеска министерот за здравство д-р Венко Филипче одговарајќи на новинарски прашања во врска со увозот на вакцините против КОВИД-19.

Измената во Законот за лекови доаѓа после специфичното барање на компанијата Фајзер, која ја донесоа на глобално ниво, а тоа е за конкретниот продукт – вакцината против КОВИД-19, да немаат обврска да прават никакви договори со локални компании, туку самите да аплицираат, во секоја од државите како претставништво од надвор, од странство за да направат регистрација на продуктот – појасни Филипче.

Не постојат законски пречки вакцините да стигнат во земјава. Што се однесува до договорот кој нашата земја го направи со Република Србија, од каде треба да добиеме 8000 вакцини, се чека Србија да добие дозвола од Фајзер за извозот на вакцините. И вакцините од Србија ќе бидат со интервентен увоз.“ – кажа министерот за здравство Венко Филипче

Не може да има регистрација во ниту една од земјите, затоа што продуктите се нови. Тоа не може да се очекува, ниту пак има потреба бидејќи, документите што се даваат за интервентен увоз се сосем доволни. Со тоа се обезбедуваме дека целата постапка на правење на вакцината, контролите во матичните земји каде се направени, контролите од меѓународните лаборатории, сертификатите за квалитет, со сето тоа се осигуруваме за квалитетот – изјави министерот.

Continue Reading