Connect with us

Македонија

МВР: Граѓаните да внимаваат при купопродажба на автомобили

Media Press

Published

on

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека има појава на зачестеност при измамите поврзани со купопродажба на патнички моторни возила на територијата на Република Северна Македонија. 

При вршење на измамите, од страна на измамници се склучуваат нотарски договори без да бидат дадени пари на продавачот на возилото, притоа искористувајќи повеќе невистинити искази за одолговлекување на плаќањето. 

Потоа, измамниците одбегнуваат секаков контакт со оштетените, стекнувајќи се со противправна имотна корист. МВР презема засилени мерки за расчистување на пријавените измами, но апелираме до граѓаните да бидат внимателни да не склучуваат договори без да им бидат исплатени парите.

Македонија

Србија да и даде на Македонија 8.000 вакцини од производителот Фајзер

Media Press

Published

on

Во директен разговор меѓу премиерот Зоран Заев и претседателот на Србија, Александар Вучиќ договорено е Србија да и даде на нашата земја 8.000 вакцини од производителот Фајзер.

Министрите за здравство на двете земји Венко Филипче и Златибор Лочнар во наредните денови ќе ги договорат деталите околу постапката за испорака на вакцините.
Симбол на оваа здравствена криза е солидарноста, Министерството за здравство изразува благодарност до Република Србија и српскиот народ за овој пријателски чин.

Процесот на директна набавка со истиот производител е во финална фаза. Согласно договорената динамика, во февруари преку Фајзер ќе пристигнат 5.850 дози од вакцината, а по 17.500 дози во март и април.

Во месец февруари се очекуваат и вакцините преку КОВАКС механизмот, за коишто е направена уплата и обезбедена гаранција. Вкупната количина на вакцина преку овој механизам за нашата држава изнесува 833.000 дози.

Continue Reading

Македонија

Третирани 661 пациент со конвалесцентна плазма

Media Press

Published

on

Од Институтот за трансфузиона медицина информираат дека се обезбедени вкупно 802 единици конвалесцентна плазма за третман на пациенти заразени со КОВИД-19, од вкупно 729 донори.

Со крвна плазма досега се третирани 661 пациент. Со ваквиот највисок чин на хуманост, граѓаните кои се оздравени имаат можност да им помогнат на тие кои во моментот се борат со коронавирусот.

„Да им помогнеме на лицата кои се борат со коронавирусот, да донираме конвалесцентна крвна плазма, апелираат од Институтот за трансфузиона медицина до сите оздравени пациенти кои имале КОВИД-19. Преку даруваната конвалесцентна плазма, антителата на оздравените пациенти се користат во сузбивање на болеста кај друго лице со КОВИД-19.“ – апелираат од Институтот за трансфузиона медицина

Лицето дарител на конвалесцентна плазма треба да има документиран лабораториски доказ дека било болно од КОВИД-19 и да биде минимум 21 ден без симптоми, по што се прави дополнителен тест за потврда дека нема присуство на вирус.

Continue Reading

Македонија

Ново зголемување на цените на нафтените деривати

Media Press

Published

on

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,53 % во однос на Одлуката од 11.1.2021 година.

Ова зголемување се должи на зголемувањето на сите референтни цени на светските берзи за изминатата недела и тоа: бензинот се зголемува за 5,708%, дизелот за 4,285%, екстра лесното масло 4,792 % и мазутот 4,588%. Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,845%.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемуваат за 1,00 денар/литар, додека малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката од 11.01.2021 година. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,172 ден/кг и ќе изнесува 30,823 ден/кг.

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 9562,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 9863,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)53,50 (денари/литар
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)53,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС29,651 (денари/килограм)

Continue Reading