Радовиш
ВМРО – ДПМНЕ од протестот во Радовиш: Народот не може да се сопре, против народот никој не може

Published
2 months agoon
By
Media Press
„Народот не може да се сопре, против народот никој не може. Заев погледни ова е Радовиш!“ Ова е пораката која беше испратена на протестот кој синоќа ОК на ВМРО -ДПМНЕ го одржа во Радовиш.
Протестот со автомобили започнаа од пред Спортската сала па се до центарот на градот и до општинската зграда. Свое обраќање пред Општина Радовиш имаа новиот претседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ од Радовиш Јован Ристов и пратеникот во Собрание од редовите на ВМРО ДПМНЕ Здравко Трајанов.
„Радовиш ја исцртува црвената линија. Нема право власта да разговара и да преговара за историјата, за идентитетот и за културата. Нема право бидејќи моќта власта ја црпи од народот, а мора да и порачеме дека моќта од денес во Радовиш со исцртаната црвена линија е во народот и порачуваме дека нема народ веќе во Македонија со свиткана ќичма, рече новиот претседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ од Радовиш Јован Ристов.
„Место да го решат спорот со Бугарија СДС и власта на Зоран Заев упорно работат на разнебитувањето на македонскиот народ. Не е во интерес на македонскиот народ да преговараме за Македоснкиот јазик и за Македонската нација, не е во интерес на македонскиот народ да преговараме за македонското малцинство во Бугарија, тоа е факт“, рече пратеникот во собранието Здравко Трајанов.

Поврзани содржини
ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека власта се целосно изгубени, СДСМ бара трпение и дисциплина и порачува дека вакцините ќе пристигнат во Февруари
Министерот Хоџа: Протестите на тутунарите ќе бидат прекинати до петок, закажана е заедничка средба со откупувачите!
Протести на тутунарите од село Калуѓерица, радовишко, поради незадоволството од откупот на тутунот
Мицкоски: На памет да не ви паѓа да го начнете македонскиот идентитет
Македонската естрада денеска ќе протестира пред Влада
Мицкоски ги повика граѓаните на нов протест
Радовиш
40 таблети за потребите на учениците доби ООУ „Крсте Петков Мисирков“ од Радовиш

Published
14 hours agoon
January 27, 2021By
Media Press
Донација на уште 40 таблети за потребите на учениците доби ООУ „Крсте Петков Мисирков“ од Радовиш
„ Многу им благодариме на нашите соработници од МЦГО Проектот ,,Јакнење на мултиетничка интеграција меѓу општините” за оваа прекрасна донација. Со ова сите наши ученици имаат уреди за следење на online настава, а наставниците можност за успешно реализирање на образовните цели!“, вели директорката на ООУ „Крсте Петков Мисирков“ Лујза Спасова.
Таа додава дека секое дете има право на образование! Секое дете мора да биде рамноправно со своето другарче! Иднината на општеството зависи од тоа колку вложуваме во образованието! Во ова новонастаната ситуација големината на човечките срца е од огромно значење.

Радовиш
Боров Дол отпочнува со подготовка за тестирање на новоизградената техничка опрема

Published
2 days agoon
January 26, 2021By
Media Press
Се врши подготовка за отпочнување на тестирање и приспособување на постојката за примарно дробење на рудата и транспортната трака.
Транспортна лента, долга 7 километри, претставува главна транспортна линија која што директно го поврзува дотурот на руда од склад на Боров Дол со објектот за складирање на руда на Бучим. Транспортниот систем на ленти е систем изработен според светски стандарди, со која што ќе се пренесува издробената руда од рудникот Боров Дол до преработувачките капацитети на Бучим.
“Транспортната лента за пренос на руда и погонот за примарно дробење на рудата наскоро ќе бидат пуштени во фаза на тестирање. Сите активности за скорото пуштање на работа на новиот рудник за бакар се во завршна фаза и интензивно работиме на претстојното започнување на работа на рудникот,” изјaви Павло Кривинскиј, генерален директор на Боров Дол.
Во концесикиот простор на рудникот Боров Дол ќе се изведуваат активности за експлоатација на бакарна руда, а понатамошната преработка на рудата ќе се одвива во флотациониот погон на Бучим.
Радовиш
Доделени 13 таблет компјутери на ОУ “Никола Карев” во Радовиш

Published
2 days agoon
January 26, 2021By
Media Press
Доделени се 13 таблет компјутери на ОУ “Никола Карев” во Радовиш за потребите на онлајн наставата.
Таблетите се наменети за ученици од социјално-ранливи семејства кои се соочуваат со недостиг на соодветни услови за следење на далечинска настава и истите ги додели градоначалникот на Општина Радовиш Герасим Конзулов.
Како што информираат од општината таблетите се донација од “Макпетрол” АД Скопје, која како општествено одговорна компанија ги донирала на Општина Радовиш од каде се доставени за потребите на училиштетото.


ЗАБРАНА ЗА СООБРАЌАЈ на некои патни правци поради врнежи од снег

МУТИРАНИОТ БРИТАНСКИ ВИРУС СЕ ПОЈАВИ И ВО МАКЕДОНИЈА. Станува збор за 46 годишен маж кој веќе е оздравен

Новиот Национален регистар на вистински сопственици, квалитетна алатка во борбата против перењето пари

40 таблети за потребите на учениците доби ООУ „Крсте Петков Мисирков“ од Радовиш
