Connect with us

Македонија

Според последната статистика регистрирани се 820 нови случаи на ковид-19, починати се 32 лица

Media Press

Published

on

Во последните 24 часа се направени 2019 тестирања, а регистрирани се 820 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 279 -Куманово 49 -Штип 39 -Прилеп 15 -Тетово 42 -Струга 33 -Велес 19 -Битола 58 -Охрид 24 -Кавадарци 34 -Гостивар 37 -Гевгелија 25 -Струмица 25 -Крива Паланка 6 -Радовиш 7 -Кочани 15 -Пробиштип 10 -Демир Хисар 2 -Македонски Брод 1 -Пехчево 3 -Берово 14 -Валандово 11 -Виница 6 -Делчево 15 -Кратово 3 -Свети Николе 15 -Кичево 11 -Ресен 1 -Неготино 21.

Починати се 32 лица, единаесет пациенти од Скопје (73, 68, 72, 83, 77, 78, 62, 63, 88, 55, 56г), четири од Куманово (89, 95, 63, 57г), тројца од Прилеп (65, 59, 79г), еден пациент од Тетово (83г), еден од Велес (67г), тројца од Битола (77, 53, 62г), еден од Охрид (75г), тројца пациенти од Гостивар (59, 76, 66г), еден од Гевгелија (74г), тројца од Струмица (57, 68, 76г) и еден пациент од Ресен (61г). Пациентите се починати во болнички услови.

Институтот за јавно здравје регистрирал 895 оздравени пациенти од: -Скопје 496 -Куманово 39 -Штип 32 -Прилеп 37 -Тетово 29 -Струга 26 -Велес 26 -Битола 18 -Охрид 33 -Кавадарци 17 -Гостивар 31 -Гевгелија 8-Струмица 17 -Радовиш 3 -Крушево 4 -Кочани 13 -Пробиштип 2 -Демир Хисар 2 -Македонски Брод 3-Пехчево 3 -Берово 4 -Валандово 8 -Виница 5 -Делчево 1 -Кратово 6 -Свети Николе 8 -Кичево 8 -Ресен 7 -Неготино 9.

Досега во земјата се направени вкупно 331.105 тестирања на Ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 61543, бројката на оздравени пациенти е 38400 на починати е 1731, а бројот на активни случаи изнесува 21412.

Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 26877, активни 10150
• Куманово 3738, активни 942
• Дебар 462, активни 97
• Штип 2662, активни 558
• Прилеп 2983, активни 1047
• Тетово 3812, активни 961
• Струга 1446, активни 456
• Велес 1962, активни 718
• Битола 2041, активни 891
• Охрид 1595, активни 618
• Кавадарци 1247, активни 496
• Гостивар 2516, активни 942
• Гевгелија 737, активни 243 (58 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 132 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 1705, активни 597
• Крива Паланка 429, активни 126
• Радовиш 428, активни 118
• Крушево 129, активни 71
• Кочани 1241, активни 288
• Пробиштип 364, активни 91
• Демир Хисар 199, активни 87
• Македонски Брод 169, активни 47
• Пехчево 100, активни 23
• Берово 361, активни 94
• Валандово 217, активни 69
• Виница 373, активни 159
• Делчево 454, активни 205 (129 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 154, активни 53
• Свети Николе 836, активни 235
• Кичево 1263, активни 517
• Ресен 459 активни 191
• Неготино 584, активни 322 (70 лице од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Македонија

Заев:Ниту порано ниту сега придавката „македонски“ не е проблем, Мицкоски: Нели идентитетот беше “бетон”

Media Press

Published

on

„Ниту порано ниту сега придавката „македонски“ не е проблем и таа останува во записниците од Заедничката мултидисциплинарна експертска историска комисија помеѓу Северна Македонија и Бугарија“, изјави денеска премиерот Зоран Заев.

„Мене ми е драго што и вчера претседателот на Комисијата потврди тоа што и на нас како Влада ни го има соопштено, пред се, преку министерот за надворешни работи Бујар Османи, а тоа е дека ниту порано ниту сега придавката „македонски“ не е проблем. Таму како се дискутира од страна на нашите историчари и на бугарските историчари така ќе стои и во записниците. Тоа го потврди и самиот претседател на Комисијата. Тоа е идентитетска придавка и нашиот идентитет не е спорен, и никој пат нема да дозволиме кој било да го спори“, рече Заев одговарајќи на новинарско прашање.

Тој ги отфрли обвинувањата од опозицијата дека Владата работи во интерес на Бугарија и нагласи дека нема повеличествени и поимперативни интереси освен македонските интереси.

По вчерашната изјава во медиумите на претседателот на Историската комисија Ѓоргиев, во однос на употребата на придавката што е договорено со бугарските историчари, претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски со коментар:

„Нели идентитетот беше “бетон” и “не се преговара за идентитетските прашања” со источниот сосед? За ова ли се менуваше член на историската комисија? Нели придавката “македонски” била испишана со златни букви, како сега токму тоа исчезна од записниците на комисиите?Владата на јавноста ѝ должи одговори. Колку подолго Заев е премиер, толку повеќе Македонија ќе губи. Иднината ќе биде наша и ние заедно со народот за нејзе ќе се избориме!“ објави Мицкоски на својот профил.

Continue Reading

Македонија

347 нови случаи на ковид -19 во земјата, вкупниот број на активни случаи се намали на 11 269

Media Press

Published

on

Во последните 24 часа се направени 2013 тестирања, а регистрирани се 347 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 179 -Куманово 24 -Тетово 14 -Прилеп 5 -Гостивар 8 -Штип 13 -Битола 1 -Велес 11 -Охрид 18 -Струмица 7 -Кавадарци 13 -Струга 4 -Кочани 8 -Кичево 4 -Свети Николе 2 -Гевгелија 1 -Дебар 4 -Ресен 1 -Крива Паланка 3 -Берово 4 -Делчево 10 -Пробиштип 5 -Виница 1 -Богданци 3 -Крушево 1 -Демир Капија 2 -Пехчево 1.

Починати се 11 лица, пет пациенти од Скопје (35, 75, 65, 81 и 74г.), еден пациент од Штип (80г.), еден од Велес (82г.), од Струмица (78г.), од Кавадарци (55г.), еден пациент од Валандово (63г.),и еден пациент од Пехчево (93г.). Еден е починат вон, останатите пациенти се починати во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 378 оздравени пациенти од: -Скопје 270 -Куманово 13-Тетово 11-Прилеп 15 -Гостивар 4 -Штип 5 -Битола 3 -Велес 6 -Струмица 9 -Кавадарци 8 -Струга 1 -Кочани 4 -Кичево 5 -Свети Николе 2 -Гевгелија 2 -Неготино 4 -Ресен 3 -Крива Паланка 4 -Радовиш 3 -Берово 2 -Богданци 1 -Кратово 1 -Крушево 1 -Пехчево 1.

Досега во земјата се направени вкупно 441.134 тестирања на Ковид -19.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 90471, бројката на оздравени пациенти е 76423, на починати е 2779, а бројот на активни случаи изнесува 11269.

Continue Reading

Македонија

Филипче: Не постојат законски пречки за увоз на вакцини против КОВИД-19, интервентен увоз на лекови не е новина во нашата земја

Media Press

Published

on

Интервентниот увоз на лекови не е никаква новина и години наназад постапката се користела за увоз на вакцини и други препарати појасни денеска министерот за здравство д-р Венко Филипче одговарајќи на новинарски прашања во врска со увозот на вакцините против КОВИД-19.

Измената во Законот за лекови доаѓа после специфичното барање на компанијата Фајзер, која ја донесоа на глобално ниво, а тоа е за конкретниот продукт – вакцината против КОВИД-19, да немаат обврска да прават никакви договори со локални компании, туку самите да аплицираат, во секоја од државите како претставништво од надвор, од странство за да направат регистрација на продуктот – појасни Филипче.

Не постојат законски пречки вакцините да стигнат во земјава. Што се однесува до договорот кој нашата земја го направи со Република Србија, од каде треба да добиеме 8000 вакцини, се чека Србија да добие дозвола од Фајзер за извозот на вакцините. И вакцините од Србија ќе бидат со интервентен увоз.“ – кажа министерот за здравство Венко Филипче

Не може да има регистрација во ниту една од земјите, затоа што продуктите се нови. Тоа не може да се очекува, ниту пак има потреба бидејќи, документите што се даваат за интервентен увоз се сосем доволни. Со тоа се обезбедуваме дека целата постапка на правење на вакцината, контролите во матичните земји каде се направени, контролите од меѓународните лаборатории, сертификатите за квалитет, со сето тоа се осигуруваме за квалитетот – изјави министерот.

Continue Reading