Connect with us

Македонија

Медицински персонал од Воено медицинскиот центар се вклучуваат во работа на интерните клиники

Media Press

Published

on

Министерството за здравство преку соопштение известува дека медицински персонал од Воено медицинскиот центар, составен од дванаесет лекари и дваесет медицински сестри од денеска се вклучува во работа на интерните клиники каде има неколку ковид оддели.

Оваа бројка на медицински персонал е голема поддршка земајќи предвид дека сите специјалисти од интерната медицина и инфектолози од почетокто на кризата се посветени на ковид пациенти. Медицинските екипи кои доаѓаат од Армијата на почетокот ќе бидат распоредени во тријажниот центар на Интерно, каде ќе вршат прием на пацинети во ковид одделенијата.

По прогласување на кризната состојба, освен со медицински персонал, Армијата како невооружена сила е поддршка на полицијата во ковид центрите низ државата. Во петокот преку Министерството за одбрана, на Министерството за здравство, му предаде 10. 000 брзи тестови, донација од Кралството Норвешка, а на почетокот од месецот Армијата даде на користење и 5 амбулантни возила како поддршка при справување со последиците од пандемијата на Корона вирусот.

прикажи повеќе
Advertisement

Македонија

Радовиш дел од проектот за подобрување на услугите на жените и девојките од руралните средини за сексуално и репродуктивно здравје

Media Press

Published

on

Радовиш ќе биде единствената општина од Југоистокот која ќе биде дел од проектот за унапредување на  сексуално и репродуктивно здравје, кој ќе го спроведе Здружението ХЕРА и Центарот за семејна медицина.

„Жените и девојките од руралните средини полесно до услуги за сексуално и репродуктивно здравје во регионите каде нема гинеколог или нивниот број е многу мал. Овој проект го доби ХЕРА од јапонската амбасада и ќе се спроведе во 10 градови: Македонски Брод, Пробиштип, Крушево, Радовиш, Демир Хисар,Кратово, Делчево, Штип, Крива Паланка и Ресен. Го унапредуваме сексуалното и репродуктивно здравје со посебен акцент на девојките и жените од руралните подрачја, од ромските заедници и девојките и жени со телесна попреченост кои имаат ограничен пристап до јавните здравствени установи“, вели министерот за здравство Венко Филипче.

Под репродуктивно здравје се подразбира дека луѓето можат да имаат одговорен, задоволувачки и побезбеден сексуален живот и дека се способни да се размножуваат и притоа ја имаат слободата да одлучат дали, кога и колку често. Под ова се подразбира дека мажите и жените имаат право да бидат информирани и да имаат пристап до безбедни, ефективни, достапни и прифатливи методи за контрола на раѓањето по сопствен избор, како и правото на пристап до соодветни здравствени услуги коишто ќе им овозможат безбедна бременост и породување на жените и ќе им ја дадат на двојките можноста да имаат здраво новороденче.

Според Светската здравствена организација: – Сексуалните заболувања како и заболувањата на репродуктивните органи изнесуваат 20% од вкупните заболувања кај жените и 14% кај мажите.

 Според годишниот извештај на ХЕРА за 2019 година – една од најуспешните години за сексуалното и репродуктивното здравје и за родовата еднаквост во Македонија во споредба со изминатите десетина години.

Continue Reading

Македонија

Продолжува расправата во Собранието по Предлог-законот за попис

Media Press

Published

on

Пратениците вчера и завчера со спротивставени ставови по Предлог-законот за попис главно околу тоа дали и колку процесот ќе биде навистина статистички, а не политички.

За СДСМ, Предлог-законот што треба да се донесе по скратена постапка е транспарентен и објективен, а неговото донесување е од суштинско значење. Пописот ќе го спроведе Државниот закон за статистика (ДЗС) и ќе овозможи релевантни податоци врз основа на кои ќе се креираат развојни, долгорочни политики и стратегии. Тие се на ставот дека пописот мора и ќе се одржи годинава во април.

Според ВМРО-ДПМНЕ, пописот е политички договор и пазарење меѓу СДСМ и ДУИ за опстанок на коалицијата и за задоволување на внатрепартиските барања, со однапред утврден исход, како и алатка за демографски и етнички инженеринг, а резултатите што ќе се добијат од него, нема да бидат релевантни, ниту ќе ја отсликуваат реалната состојба во државата.

„Насилно се турка целата работа затоа што станува збор за политичка операција, не за статистичка. Законот предвидува попишување државјани, а не резидентно население, не ги содржи методологијата и компаративните бази на податоци и овозможува давање податоци само со усмено кажување на матичниот број“, се главните забелешки на  лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Забелешки на предлог законот за попис има и Левица.

„Главната работа, којашто тука фали е разграничување на две дефиниции, меѓу „вкупно“ и „вкупно попишано“ население. Значи што е резидентно население, кое население живее тука, а кое не – без тоа, вие немате Закон за попис! Со тоа вие имате еден неодреден текст, којшто јас не знам за што друго би послужил, освен единствено за демографски и етнички инженеринг.

Ние се сомневаме дека веќе бројките околу соодносот на етникумите во оваа држава се определени од вас, затоа е нели тој фамозен „врзан потпис“ меѓу директорот на ДЗС и неговиот заменик. И сега, ќе се оди одозгора надолу, определени се бројките, а вие реалноста ќе ја прилагодувате, за да дојдете до бројките, коишто со вашиот коалиционен партнер ги имате договорено“, вели пратеникот од Левица Борислав Крмов.

Согласно законот, пописот треба да се спроведе од 1 до 22 април оваа година, а со него ќе бидат опфатени и лицата кои работат надвор од државата. Постапката  се планира да  заврши за шест месеци и да чини вкупно 8,5 милиони евра. Последниот попис во земјава беше спроведен во 2002 година, а најавениот попис во 2011 година не се реализира.

Од ДЗС најавуваат дека пописот ќе биде спроведен согласно стандардите на Обединетите нации и Евростат.

Continue Reading

Македонија

Тим од доктори-специјалисти и медицински сестри од март ќе бидат дел од мировната мисија „Одлучна поддршка“ во Авганистан

Media Press

Published

on

Претседателот Стево Пендаровски го прими шестчлениот медицински тим од јавното и военото здравство којшто ќе биде упатен во мировната мисија „Одлучна поддршка“ во Авганистан, од март до септември годинава и ќе работи во рамки на норвешката болница во Кабул.

Тимот од тројца доктори-специјалисти и три медицински сестри денеска заминува во Кралството Норвешка, на тримесечна обука заедно со норвешките колеги кои ќе бидат дел од истата ротација во Кабул. Оттаму, во март тие ќе заминат во Авганистан, како дел од мисијата. Петмина од нив се од јавното здравство, а една е медицинска сестра од Баталјонот за медицинска поддршка на Армијата.

Претседателот Пендаровски на средбата им посака успех во мисијата и изрази уверување дека нејзината реализација е значаен чекор кон формирањето на хируршки тим којшто ќе биде на располагање на НАТО, обврска којашто РС Македонија како членка на Алијансата треба да ја исполни до 2028 година.

Исто така, претседателот Пендаровски изрази и очекување дека стекнатите вештини и искуство за време на мисијата ќе придонесат и за развој на здравството во државата.

Continue Reading