Регион
Изминатиот викенд во Радовиш има 11 нови случаи на Ковид-19, во регионот 104 нови пациенти

Published
5 месеци agoна
By
Media Press
Според евиденцијата на Министерството за здравство, во текот на изминатиот викенд во Радовиш има 11 нови случаи позитивни на Ковид 19. Вкупно во регионот има 104 нови регистрирани пациенти.
Водејќи се по статистиката, заклучно со вчерашниот извештај во Радовиш има 118 активни случаи и вкупно 428 лица од почетокот на пандемијата.
Во регионот има вкупно 2659 позитивни случаи на Ковид-19 од почетокот на пандемијата, а 1004 се активни случаи.
Гевгелија од почетокот на пандемијата до сега има 547 регистрирани случаи, од нив активни се 151 лице позитивни на Ковид-19. Богданци има 132 регистрирани случаи, а активни 64 лица. Струмица има најмногу случаи од регионот со 1705 и заклучно со вчерашниот извештај има 597 активни пациенти позитивни на Ковид-19 вирусот. Дојран има 58 лица позитивни на ковид-19 од кои 31 се активни случаи. Во Валандово бројката е 217 лица
Валандово 217, активни 69 и вкупно 12 странски државјани се регистрирани со Ковид-19 кои престојуваат во Гевгелија.
Статистиката на Министерството за здравство бележи и 2 смртни случаи во Дојран и Валандово, 3 во Богданци, 9 во Гевгелија, 19 во Радовиш и 63 во Струмица. Излечени пациенти во регионот има вкупно 1959 од кои 1045 се во Струмица, 387 во Гевгелија, 291 во Радовиш, 146 во Валандово, 65 во Богданци и 25 излечени лица во Дојран.
Поврзани содржини
За време на викендот најавено е постудено и дождливо време, а на повисоки места и снег
Вратени на работа отпуштените од „Бребо Екотекс“ Богданци, по реакцијата на Левица
Занов: Бруто платата на вработените во ЈП Комунален сервис во Валандово во 2020 зголемена за 4 милиони денари
Денеска регистрирани 721 нови пациенти со Ковид-19
Левица – Богданци: Со сериозен криминал се доприватизира некогашен „Елегант Богданци“
Вкупно 446 нови вработувања во здравствените установи низ државата
Радовиш
15 радовишани биле казнети за неносење заштитна маска во текот на изминатото деноноќие

Published
2 дена agoна
април 21, 2021By
Media Press
Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (20.04/21.04.2021), по однос на задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Струмица 32 лица не ја почитувалe, од кои 15 во Радовиш, 11 во Гевгелија, 4 во Струмица и 2 во Валандово и ќе следуваат соодветни мерки. Во истиот период две лица(по едно во Гевгелија и Струмица ) не ја почитувале забраната за движење, соопштува СВР Струмица.
Регион
Бројот на нови случаи со Ковид – 19 во Југоистокот сеуште висок

Published
2 дена agoна
април 21, 2021By
Media Press
Бројот на нови случаи со Ковид-19 во Југоисточниот регион како и во државата сеуште висок. Во последните 24 часа се направени 3.171 тестирања, а регистрирани се 766 нови случаи на КОВИД-19 во земјата. Од нив 59 во Југоистокот.
-Струмица 33, -Гевгелија 13, -Радовиш 10 и Валандово 3.
Пријавени се вкупно 31 починато лице од кои три од регионот: 2 лица од Гевгелија (68г и 73г) и едно лице од Струмица (59г).
Регистрирани се 1.118 оздравени пациенти на ниво на држава, од нив 98 во општините од регионот:
-Струмица 48, -Гевгелија 30, -Радовиш 8, -Дојран 6, – Богданци 4 и Валандово 2.
Досега во земјата се направени вкупно 695.267 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 147.995, бројката на оздравени пациенти е 124.828, на починати е 4.509, а бројот на активни случаи изнесува 18.658.
Според министерот за здравство Венко Филипче бројот на хоспитализации во болниците се намалува, а се зголемува бројот на исписи на пациенти со Ковид-19, но сеуште нема простор за опуштање и граѓаните треба да продолжат да ги почитуваат мерките.
„Се намалува и бројот на позитивни пациенти, што значи дека мерките даваат резултати“, објави на својот фејсбук профил министерот Филипче.
Болничките капаците во Струмица и Гевгелија суште остануваат исполнети.
Регион
Во акциска контрола на СВР Струмица стотина возачи заработиле казна

Published
4 дена agoна
април 19, 2021By
Media Press
И покрај предвидените санкции за непочитување на сообраќајните правила, возачите учесници во сообраќајот сеуште прават прекршоци и заработуваат казни. Иако полицијата се почесто најавува дека ќе спроведе или се спроведени акциски контроли за ставање ред во сообраќајот, грешките се повторуваат. Секторот за внатрешни работи Струмица во текот на вчерашниот ден 18 април, во времето од 11.00 до 19.00 часот повторно спроведе засилени контроли во областа на сообракајот во неколку општини во регионот.
Притоа биле констатирани 101 прекршок, од кои 85 за возачи кои управувале возила со брзина поголема од дозволената. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.

Општина Конче ќе реконструира дел од локалниот пат помеѓу Долни и Горни Липовиќ, со изградба на плочест пропуст на реката

Притвор за три лица од Струмица осомничени за грабнување и силување

Паѓа бројот на новозаразени но на починати сеуште висок

Од утре започнува асфалтирањето на делот од регионалниот пат од Радовиш кон планината Плачковица
