Македонија
Демократски сојуз: Да не се брза со патокази, Борисов кажа се

Published
2 months agoon
By
Media Press
Демократскиот сојуз, врз основа на анализата на актуелните односи помеѓу Македонија и Бугарија, оценува дека бугарските барања се сведуваат на три клучни работи: прво, да прифатиме дека корените на македонскиот народ се бугарски, второ, дека македонскиот јазик е бугарски дијалект и трето, дека во Бугарија нема Македонци, соопштиваат од партијата.
„За да ги оствари овие цели, Бугарија ја блокира Македонија да ги почне пристапните преговори со Европската унија. Тоа е класична уцена и нема поголема навреда за еден народ, да се негира или да се тврди дека тој е вештачка творба и да се употребуваат други потешки квалификации кои не е пристојно ниту да ги споменеме. Впрочем, бугарскиот премиер Бојко Борисов за влијателниот Франкфуртер Алгемајне Цајтунг призна од што се плаши: од признавање македонско малцинство во Бугарија!
Демократскиот сојуз му препорачува на преговарачкиот тим на Македонија јасно, гласно и недвосмислено да му соопшти на бугарскиот државен врв, дека македонскиот народ е посебен и дека живее и опстојува на овие простори со векови, дека македонскиот јазик е автентичен, како и дека во Бугарија живеат Македонци (национално малцинство).
Ако се тргне од тие позиции, тогаш може да се разговара за други прашања и да се дадат гаранции дека немаме никакви територијални барања и претензии, дека не се мешаме во внатрешните работи на Бугарија, дека сакаме да се олесни движењето на граѓаните (границата да се минува само со лични карти), инфраструктурно да се поврземе, да се отвориме за слободно движење на капиталот, да ја продлабочиме соработката во областа на безбедноста и одбраната, здравството, образованието, туризмот итн. Малцинствата во нашата земја и Македонците кои живеат во соседните држави, треба да се мост за подобро меѓусебно разбирање и почитување на различностите.
Затоа Демократскиот сојуз повикува на претпазливост за било какви нови договори или „патокази“ кои на било каков начин долгорочно ќе го доведат во прашање македонскиот идентитет. Да не се направи грешка која ќе ја платиме со губење на државата, затоа што нема држава без народ, јазик, територија и суверено владеење.
Демократскиот сојуз е цврсто определен за европските вредности, за полноправно членство во ЕУ, за добрососедски односи со сите соседи, за меѓусебно почитување и соработка, но сакаме да нагласиме дека претстојниот месец декември не е крај на светот, за да мораме да одржиме меѓувладина конференција со ЕУ. Има време за се, само треба да се реформираме, да воспоставиме нов систем на вредности и законите да важат за сите подеднакво“, стои во соопштението од Демократскиот сојуз.
Поврзани содржини
Демократски сојуз: Да не се газат темелните вредности на АСНОМ и Антифашизмот
Демократски сојуз: Македонија една изборна единица
ДС: Софија да ги почитува европските вредности, а не да уценува
Демократскиот сојуз бара промена на изборниот модел во една изборна единица
Демократски сојуз: Информирање и едукација на граѓаните наместо полициски час
Демократски сојуз бара да се укине полицискиот час
Македонија
Честитка од претседателот Пендаровски по повод христијанскиот празник Богојавление – Водици

Published
7 mins agoon
January 19, 2021By
Media Press
Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Митрополит Скопски, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима, г.г. Стефан.
„Почитуван г.г. Стефан,
Имам особено задоволство и чест Вам лично и на членовите на Светиот архиерејски синод, на преподобното монаштво и свештенство, како и на сите православни верници, да ви го честитам големиот христијански празник Богојавление – Водици, и да ви посакам да го поминете во добро здравје, исполнети со радост и со среќа.
Годинава, за жал, Богојавление – Водици го празнуваме во несекојдневни околности предизвикани од пандемијата на Ковид-19, која ги загрози нашите животи, здравје, благосостојба, но и предизвика преиспитување на нашите вредности и уверувања. Сепак, и без масовните собири покрај нашите води, како и со сите останати рестрикции согласно со безбедносните протоколи, повторно ќе ја посведочиме светата тајна на крштевањето. Повторно ќе ги наполниме нашите срца со верба, надеж и со љубов.
Во овие тешки времиња посакувам овој голем празник да ни биде духовна поткрепа за да истраеме во солидарноста, трпението, одговорноста и во грижата за сите наши сограѓани.
Нека ни е честит и вековит големиот христијански празник!
Бог се јави!“ стои во честитката од претседателот Пендаровски.
Македонија
Србија да и даде на Македонија 8.000 вакцини од производителот Фајзер

Published
21 hours agoon
January 18, 2021By
Media Press
Во директен разговор меѓу премиерот Зоран Заев и претседателот на Србија, Александар Вучиќ договорено е Србија да и даде на нашата земја 8.000 вакцини од производителот Фајзер.
Министрите за здравство на двете земји Венко Филипче и Златибор Лочнар во наредните денови ќе ги договорат деталите околу постапката за испорака на вакцините.
Симбол на оваа здравствена криза е солидарноста, Министерството за здравство изразува благодарност до Република Србија и српскиот народ за овој пријателски чин.
Процесот на директна набавка со истиот производител е во финална фаза. Согласно договорената динамика, во февруари преку Фајзер ќе пристигнат 5.850 дози од вакцината, а по 17.500 дози во март и април.
Во месец февруари се очекуваат и вакцините преку КОВАКС механизмот, за коишто е направена уплата и обезбедена гаранција. Вкупната количина на вакцина преку овој механизам за нашата држава изнесува 833.000 дози.
Македонија
Третирани 661 пациент со конвалесцентна плазма

Published
22 hours agoon
January 18, 2021By
Media Press
Од Институтот за трансфузиона медицина информираат дека се обезбедени вкупно 802 единици конвалесцентна плазма за третман на пациенти заразени со КОВИД-19, од вкупно 729 донори.
Со крвна плазма досега се третирани 661 пациент. Со ваквиот највисок чин на хуманост, граѓаните кои се оздравени имаат можност да им помогнат на тие кои во моментот се борат со коронавирусот.
„Да им помогнеме на лицата кои се борат со коронавирусот, да донираме конвалесцентна крвна плазма, апелираат од Институтот за трансфузиона медицина до сите оздравени пациенти кои имале КОВИД-19. Преку даруваната конвалесцентна плазма, антителата на оздравените пациенти се користат во сузбивање на болеста кај друго лице со КОВИД-19.“ – апелираат од Институтот за трансфузиона медицина
Лицето дарител на конвалесцентна плазма треба да има документиран лабораториски доказ дека било болно од КОВИД-19 и да биде минимум 21 ден без симптоми, по што се прави дополнителен тест за потврда дека нема присуство на вирус.

Честитка од претседателот Пендаровски по повод христијанскиот празник Богојавление – Водици

Бектеши: Продолжуваме со мерки за поддршка на индустријата, занаетчиството, туризмот и енергетска ефикасност кај домаќинствата

Мразеви на Патишка река, вистински предизвик за алипинистите

Србија да и даде на Македонија 8.000 вакцини од производителот Фајзер
