Connect with us

Македонија

Рикер: Решение за билатералните прашања надвор од интеграцијата на Македонија во ЕУ

Media Press

Published

on

Помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања во американскиот Стејт Департмент Филип Рикер, во писмо до премиерот Заев истакнува дека Соединетите Американски Држави остануваат посветени во поддршката на Северна Македонија за нејзините интеграции кон Европската Унија и изразува разочарување што земјите членки на ЕУ не постигнаа согласност да ја одобрат преговарачката рамка за почеток на преговорите за членство на ЕУ.

„Вашата земја покажа дека е доверлив сојузник во НАТО и голем пријател на САД. Пристапувањето на вашата земја во ЕУ останува наш врвен заеднички интерес и ние ќе продолжиме да го застапуваме настојувањето и поддршката заедно со нашите европски партнери за одржување на меѓувладината конференција со Република Северна Македонија за време на германското претседателство со ЕУ“, пишува амбасадорот Филип Рикер во писмото до премиерот Заев и додава дека САД ги следат и разбираат предизвиците и сложените прашања низ кои поминува процесот и истакнува дека Северна Македонија и досега покажала дека не отстапува кога е неопходно да се завршат успешно потребните процеси за да се обезбеди одржлив мир, сигурност за просперитет за своите и за граѓаните на соседните земји.

Помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања во американскиот Стејт Департмент Филип Рикер пишува дека Северна Македонија тоа го докажа со постигнувањето на историскиот договор од Преспа и со Договорот за добрососедство и пријателство со Бугарија во 2017 година со кој беа поставени темелите за посилни односи меѓу двете земји.

„Ве охрабруваме и вас, и земјите членки на ЕУ, да продолжите да барате решение за билатералните прашања надвор од процесот за интеграција на вашата земја во ЕУ и да остварувате прогрес во овие аспирации со отворање и затворање на поглавјата во преговорите. Високо ги оценуваме вашите напори да ги водите разговорите во духот на добра волја и да одржувате посветеност во обезбедувањето европската  иднина на Северна Македонија која земјата покажа дека ја заслужува“, пишува амбасадорот Рикер.    

Во писмото до премиерот Заев се нагласува дека САД продолжува со поддршката на овие настојувања и се изразува надеж дека овие процеси ќе резултираат со одржување на континуитетот на Северна Македонија на патот кон ЕУ.

„Остануваме ваши партнери оптимисти дека меѓувладината конференција со Република Северна Македонија за време на германското претседателство со ЕУ ќе се одржи наскоро“, се вели во писмото на помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања во американскиот Стејт Департмент Филип Рикер, до претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев.

прикажи повеќе
Advertisement

Македонија

Царовска: Реформите се потребни, тие се во интерес и на децата и на нашите барања

Media Press

Published

on

Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образование и членовите на работната група денес се сретнаа со наставници од сите општини во државата со што го продолжија широкиот консултативен процес во врска со предложените реформи во основното образование. Консултациите за концепцијата продолжуваат и во наредниот период со различни групи засегнати страни.

Едни од главните теми коишто се наметнаа на дискусијата, а се и најбројни меѓу пристигнатите забелешки до МОН се динамиката со којашто ќе се спроведуваат реформите, како обуките коишто им претстојат на наставниците.

Наставниците се фокусот на оваа реформа и се вклучени во нејзиното создавање од самиот почеток. Тие имаат централно место во системот и од нив зависи квалитетот на целокупното образование. Затоа, тие беа вклучени од самиот почеток во дефинирањето на клучните промени кои ги бараат и кои самите знаат дека ќе го подобрат нивното работење, условите за работи и квалитетот на наставата. Јас сум горда што за прв пат овозможуваме кариерен развој за наставниците, нешто што беше клучно за да се зголеми мотивираноста кај нив и квалитетот на наставата. Се обврзуваме како министерство дека реформата ќе ја дочекаме подготвени и ќе дадеме максимум за секој да биде целосно мотивиран и спремен да почне со работа.“ Истакна министерката Царовска

Реформата во основно образование е дел од Стратегијата на МОН за периодот 2018-2025 година, предвидена е со Законот за основно образование и е дел од владината програма. Во нејзината изработка беа вклучени универзитетски професори, наставници, а земени се предвид и ставовите на родителите, учениците и родителите.

Continue Reading

Македонија

Мицковски: Владата ниту подарените вакцини неможе да ги примени

Media Press

Published

on

Лидерот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во објава на неговата фејсбук страница напиша дека Владата нема план за вакцините и не може да ги примени ниту подарените.

„Пред еден месец кога Бугарија соопшти дека ќе ни подари вакцини против корона, тоа го поздравив и прашав дали Владата има воопшто план? Денес го добивме одговорот декa нема. Имено Премиерката на соседна Србија, Брнабиќ кажува дека и покрај тоа што одлучиле да помогнат со 8 илјади вакцини процесот е закочен зошто вакцината не е регистрирана и има отсуство на план за регистрација. Со други зборови, додека светот оди напред, нашата влада го губи времето, додека народот умира на рати. Толку се неспособни што дури и подарени вакцини не може да ги применат. Што правеа додека регионот планираше и бараше вакцини? “ – напиша Мицковски

Continue Reading

Македонија

Левица поднесе Претставка до Уставен суд

Media Press

Published

on

Политичката партија Левица вчера поднесе Претставка до Уставен суд за поведување постапка за оценување на уставноста на Законот за решавање на спорот помеѓу Владата на РМ и Макпетрол АД Скопје по пат на спогодба (од 28 декември 2020 година. По тој повод, членот на Правниот сектор и Централниот комитет на партијата, Саше Јанчев, одржа прес конференција.

„Најголемата моќ во општеството ја има државниот апарат, а со таа моќ доаѓа и можноста за злоупотреби на таа моќ од поединци за поединечни интереси, а на сметка на сите останати. Заштита од злоупотреба на таа моќ ни е владеењето на правото, рамката од која што не смее да излезе власта во владеењето е Уставот, а на 28 декември 2020, Собранието на Македонија донесе Закон за решавање на спорот помеѓу владата на Р. Македонија и Макпетрол по пат на спогодба во кој е предвидено една акција, којашто вреди 19.000.000 (деветнаесет милиони) евра, да му се плати на Макпетрол по цена од 33.000.000 (триесет и три милиони) евра.

Во законот никаде не е спомнато кој ќе плати данок на капитална добивка, ниту пак е спомнато дали државата ќе добие дивиденда. Лицата во чиј интерес се прави сето ова се наведени за прв пат во законот, ова е и преседан од АСНОМ до денес затоа што законите се општи правни акти, коишто делуваат ЕРГА ОМНЕС према сите, а не поединечно како што делуваат судските пресуди. Сето ова е така направено, што е пробиена уставната рамка во неколку точки.

Прво е пробиена тријалистичката поделба на власта на Законодавна, Извршна и Судска. Имено, законодавниот дом пробува да реши судски спор стар 15 години и со тоа прави упад во надлежностите на судската власт и делува како вонреден суд што е изречно забрането со Уставот. Друга работа е што законот е привилегирачки, се рашава спор само на една компанија, а сите останати компании, коишто имаат судски спорови со владата се тргаат на страна. Воедно законот е и фаворизирачки, затоа што се нарушува правната еднаквост на економските субјекти, која е гарантирана со Уставот, трета работа е што никаде не се спомнува кој ќе го плати данокот на капитална добивка, а според Устав сите субјекти се должни да плаќаат данок и јавни давачки. Четврта работа е што од никаде во законот се инволвира трето незаинтересирано и неинволвирано лице, а тоа е „А.Д. Национални енергетски ресурси” (НЕР АД Скопје), кое е во државна сопственост и кое е инволвирано со цел преку него да се направи наплата, тоа е најверојатно така, затоа што Владата сака да ја тргне од свои раце евентуалната идна кривична одговорност.

Се’ на се’, ако се спроведе овој закон, можни се штетни и непоправливи финансиски последици по Републичкиот буџет и опасност по правната сигурност на граѓаните и компаниите. Затоа денес, правниот тим на Левица поднесе иницијатива до Уставниот Суд со којашто БАРАМЕ, да се преиспита уставноста на овој закон и истиот целосно да се поништи“, изјави на прес конференцијата Саше Јанчев.

Continue Reading