Connect with us

Македонија

Демократскиот сојуз и Либерално-демократската партија донираа учебници за Македонците во Пустец

Media Press

Published

on

Демократскиот сојуз и Либерално-демократската партија, денеска во Пустец, Р. Албанија  донирале учебници на македонски јазик за Македонците, ученици во заедничкото основно и средно училиште „Трајан Ѓорѓиовски“ и „Митре Колевски“.

Станува збор за комплети учебници, работни тетратки и збирки задачи по предметите Математика и Природни науки за учениците од прво до петто одделение, или вкупно 540 книги и учебни материјали.

„Донацијата беше врачена од страна на претседателот на Демократскиот сојуз, г. Павле Трајанов и претседателот на Либерално-демократската партија Горан Милевски.

Директорот на училиштето во Пустец, Трајан Вангеловски, градоначалникот на Пустец, Пали Колефски и пратеникот во парламентот на Република Албанија, Васил Стерјовски се заблагодарија на донацијата на книги која ќе им овозможи на учениците полесно совладување на наставната програма“, информираат од двете партии.

Според одлуката на Владата во Тирана, Македонците во Албанија имаат право на настава на македонски јазик во основното образование, но се соочуваат со недостиг на учебници по соодветните предмети на македонски јазик.

Во училиштето во Пустец учат 125 ученици во основното образование, и 30 ученици во средно.

Во општината Пустец која опфаќа 9 населени места,  живеат 6000 жители, кои се Македонци по националност.

прикажи повеќе
Advertisement

Македонија

Ново зголемување на цените на нафтените деривати

Media Press

Published

on

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,53 % во однос на Одлуката од 11.1.2021 година.

Ова зголемување се должи на зголемувањето на сите референтни цени на светските берзи за изминатата недела и тоа: бензинот се зголемува за 5,708%, дизелот за 4,285%, екстра лесното масло 4,792 % и мазутот 4,588%. Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,845%.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемуваат за 1,00 денар/литар, додека малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката од 11.01.2021 година. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,172 ден/кг и ќе изнесува 30,823 ден/кг.

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 9562,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 9863,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)53,50 (денари/литар
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)53,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС29,651 (денари/килограм)

Continue Reading

Македонија

Владата ќе дели средства за сончеви колектори, печки на пелети, пвц прозорци и фотонапонски панели

Media Press

Published

on

На предлог на Министерството за економија, на последната седница на Владата беше разгледана и усвоена Програмата за промоција на обновливите извори на енергија и поттикнување на енергетската ефикасност во домаќинствата за 2021 година. Според истата, предвидено е средствата од дел I на оваа програма во вкупен износ од 52.000.000,00 денари да се користат за следните мерки:
1. надоместување на дел од трошоците за купени и вградени сончеви термални колекторски системи во домаќинствата до 30%, но не повеќе од 10.000 денари по домаќинство за 2021 година, во вкупен износ од 6.000.000 денари;
2. надоместување на дел од трошоците за купени и вградени сончеви термални колекторски системи во домаќинствата до 70%, но не повеќе од 15.000 денари по домаќинство за 2021 година, во вкупен износ од 2.000.000 денари за лица со ниски примања; 
3. надоместување на дел од трошоците за купени и вградени ПВЦ или алуминиумски прозорци во домаќинствата до 50%, но не повеќе од 20.000 денари по домаќинство за 2021 година, во вкупен износ од 19.000.000 денари;
4. надоместување на дел од трошоците за купени и вградени ПВЦ или алуминиумски прозорци во домаќинствата до 70%, но не повеќе од 25.000 денари по домаќинство за 2021 година, во вкупен износ од 3.000.000 денари за категоријата на лица со ниски примања;
5. надоместување на дел од трошоците за купување и вградување на печки на пелети во домаќинствата до 50%, но не повеќе од 20.000 денари по домаќинство за 2021 година, во вкупен износ од 11.000.000 денари;
6. надоместување на дел од трошоците за купување печки на пелети во домаќинствата до 70%, но не повеќе од 25.000 денари по домаќинство за 2021 година, во вкупен износ од 3.000.000 денари за категоријата на лица со ниски примања;
7. надоместување на дел од трошоците за купување и инсталирање на фотонапонски панели за производство на електрична енергија до 4 kW за сопствена потрошувачка за домаќинствата, на градба на која има право на сопственост или користење, до 30%, но не повеќе од 62.000 денари по домаќинство за 2021 година, во вкупен износ од 8.000.000 денари.


Корисници на оваа програма во категоријата на  лица со ниски примања се:
а) лицата со ниски примања кои се вработени или едниот брачен другар да е вработен и нивните месечни примања во семејството да не го надминуваат нето приходот од 30.000,00 денари.
б) лицата со ниски примања  кои се пензионери или едниот брачен другар да е пензионер и нивните месечни примања во семејството да не го надминуваат нето приходот од 20.000,00 денари;
в) ранливи потрошувачи како што се дефинирани во Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2021 година.
Надоместокот на дел од средствата од дел II од оваа програма ќе го остварат лицата кои досега не користеле средства од Буџетот на РС Македонија за наведените мерки во дел II од оваа програма, информираат од владината прес служба..

Continue Reading

Македонија

За 66% намален бројот на туристи во ноември 2020 во однос на ноември 2019 година

Media Press

Published

on

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во ноември 2020 година изнесува 21 516, а бројот на ноќевањата изнесува 48 182.

Бројот на туристите во ноември 2020 година, во однос на ноември 2019 година, е намален за 66.6 %, а бројот на ноќевањата е намален за 64.5 %.

Бројот на домашните туристи во ноември 2020 година, во однос на ноември 2019 година, е намален за 24.9 %, а бројот на странските туристи е намален за 87.3 %.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во ноември 2020 година, во однос на ноември 2019 година, е намален за 34.0 %, а бројот на ноќевањата на странските туристи е намален за 84.0 %.

Во периодот јануари ‒ ноември 2020 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е намален за 61.2 %, и тоа: кај домашните туристи има намалување за 20.3 %, а кај странските има намалување за 84.4 %.

Во периодот јануари ‒ ноември 2020 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е намален за 47.9 %, и тоа: кај домашните туристи има намалување за 14.7 %, а кај странските има намалување за 84.1 %.

Continue Reading