Македонија
Мицкоски: Има работи коишто се свети, има работи коишто не се предмет на пазарење
Published
3 години agoна
By
Media Press„Има работи коишто се свети, има работи коишто не се предмет на пазарење за секој со нормален ум и разум“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на вчерашните протести.
„ Затоа постојат државите, тоа нѐ прави посебни и тоа е дел од нашиот идентитет. Премногу молчевме! Премногу бевме со наведната глава, но сега е времето кога треба да ја кренеме главата и да кажеме доста е! Време е Македонците повторно да се борат и изборат за својте правдини!
Совршено е јасно дека Заев не може да испорача ништо добро за својата држава и мора да си оди. Затоа, бараме итна и неотповиклива оставка од Заев! Оставка!
Оставка на Заев, слобода на народот!
Во народот е силата и затоа ќе продолжиме. Ги повикуваме сите да излезат на улиците, а утре со целосно почитување на мерките препорачани поради корона кризата ќе организираме блокади во слободарско Куманово, Тетово, Кавадарци, Прилеп, Битола и Охрид.
Заедно до крај. Македонија е жива. Ги издржала фашистите. Ќе го победиме и ова зло кое нѐ снајде, сите заедно, и старо и младо, и браќа и сестри, и граѓани и граѓанки. Сите ние сме Македонија, и сите заедно ќе победиме!“ рече Мицкоски во своето обраќање.
Поврзани содржини
Мицкоски: На дебата со Пендаровски ќе одам кога ќе биде претседател на СДСМ
Продолжува изборната кампања за Претседателските избори, Мицкоски од Кочани со порака до Пендаровски
ВМРО-ДПМНЕ ја промовира Програмата „Платформа 1198″: Се потпира на 5 клучни столба и ги става граѓаните на прво место
Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски беше во посета на Општина Конче
Мицкоски со порака до ДУИ: Доста е! ВМРО -ДПМНЕ ќе ве испрати во пензија
Мицкоски за отварањето на клубот „Ванчо Михајлов” ја повика Меѓународната заедница и Брисел да стави крај на овие, неевропски егзибиции
Избори 2024
Апасиев од Велес: На овие избори одиме на двоцифрен број пратеници
Published
12 часа agoна
април 19, 2024By
Media PressВчера и официјално Левица ја започна кампањата за Парламентарните избори 2024 од Велес. Во присуство на огромен број граѓани, претседателот на #Левица, Димитар Апасиев заедно со претседателскиот кандидат проф. д-р Билјана Ванковска и носителот во ИЕ 3, Борислав Крмов се обратија пред велешани.
„На овие избори одиме на двоцифрен број пратеници, а на наредните СДС мора да падне под 10 пратеници и да исчезне, а Левица ќе има над 30 пратеници“ порача лидерот на партијата Апасиев.
Избори 2024
Димитар Ковачевски од Гевгелија: ВМРО-ДПМНЕ не нуди никаков план за јасен напредок во евроинтеграциите
Published
14 часа agoна
април 19, 2024By
Media Press„Со Мицкоски и ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа. Ништо не е променето во ДПМНЕ, тоа е истата режимска партија, која сее раздор, навреди, омаловажувања и закани, која на граѓаните може да им понуди враќање во минатото и изолација“, ова го истакна претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во обраќањето на митингот на СДСМ и Коалицијата за европска иднина во Гевгелија .
Тој додаде деја ВМРО-ДПМНЕ не нуди никаков план за јасен напредок во евроинтеграциите. „Напротив, се слушаат нивни изјави каде велат дека не треба да станеме членка сто години, а можеби и никогаш. Тоа е доказ дека ја продолжуваат политиката на Никола Груевски. Со нив, Македонија ќе се врати во чекалниците на ЕУ и во темното минато на недемократските процеси“, истакна Ковачески.
Избори 2024
Мицкоски од Охрид: Нашата цел е да ја вратиме Македонија во рацете на народот
Published
14 часа agoна
април 19, 2024By
Media Press„Почнуваме силно и одлучно, во финалната трка од која ќе победи народот на Македонија.„Платформа 1198″ е светилник на надежта, најдобрата изборна програма досега – за преобликување на иднината и јасна траекторија за успех на државата“, порача лидерот на ВМРО- ДПМНЕ Христијан Мицкоски на митингот во Охрид од каде ја стартуваа изборната кампања за парламентарните избори.
„Стојам денес пред вас на неколку дена од првиот круг на претседателските избори, и ви кажувам одговорно и гордо – победуваме!
Нашата цел е да ја вратиме Македонија во рацете на народот! И да ја одземеме од рацете на 100-тина функционери од ДУИ и нивните измеќари од СДСМ!
Победата мора да е голема за да видат сите оние кои се прашуваат дали народот ќе дојде по своето, за да им докажеме и на најголемите скептици кои го потценуваат овој народ, дека Македонија и нејзините граѓани се горди и достоинствени и дека доаѓаат по своето, доаѓаат по својата единствена татковина Македонија. Доаѓаат да си ја земат државата во свои раце, затоа што лошо се живее, затоа што институциите се распаднати, затоа што државата е киднапирана од неколкумина од ДУИ и СДСМ и нема набавка или тендер кој не е злоупотребен, нема работник кој не е разочаран, нема пензионер кој не е загрижен, нема доктор и инженер кој не се прашува што бара тука, нема млад кој не е скептичен, и ретко човек кој не помислил дали да си оди од овде. Накусо нема надеж и сон кои не се уништени“ истакна Мицкоски на митингор во Охрид.