Конче
Бучим и Боров Дол со донации за првата детска градинка во Конче која е најсовремено опремена

Published
5 месеци agoна
By
Media PressРудникот Бучим донираше 5 Инвертер клима уреди за потребите на детска градинка „12ти Јули“ во Конче во вредност од 3500 евра. Минатата година рудникот Бучим донираше финансиски средства во висина од 5000 евра, со кои целосно се уреди и огради дворот на градинката.
Заменик генералниот директор на Бучим Николајчо Николов заедно со градоначалникот Благој Илиев, ја посетија градинката со цел да видат како фунционира истата. Ова е прва градинка во Општина Конче која е опремена согласно стандардите со сите потребни услови, за што градоначалникот Илиев е посебно горд.

Капацитетот на градинката е 46 дечиња, а се запишани 20 дечиња, поради ситуацијата со корона кризата во моментот ја посетуваат десетина дечиња.
Во знак на благодарност за донациите на заменик генералниот директор на Бучим Николајчо Николов, му беше дадена благодарница од градинката и цртеж направен со детски рачиња. Тој го изрази задоволството од подарокот и од пријатниот и топол амбиент кој го нуди градинката.

Рудникот Боров Дол донираше 5.700 евра со кои ќе се постави систем за греење на пелети и во студените зимски денови ќе се обезбедат потопли простории за престојот на децата во детската градинка во Конче.
Поврзани содржини
Училиштето во с.Горни Липовиќ конечно ќе добие пристојни услови за настава. Општина Конче ќе реализира проект за реконструкција
Двајца жители од Конче фатени на скопскиот аеродром со лажни ПЦР тестови
Пензионарите од Радовиш и Конче може да се пријават за спортски натпреварувања и надомест на дел од трошоците за бањско лечење
Реконструкција на дел од локален пат за с. Габревци- Општина Конче, преку изградба на плочест пропуст
ТИКА ќе гради нова училишна зграда во Конче во склоп на ООУ “Гоце Делчев”
Општина Конче успешно се справи со првиот пообилен снег годинава
Конче
Општина Конче ќе реконструира дел од локалниот пат помеѓу Долни и Горни Липовиќ, со изградба на плочест пропуст на реката

Published
2 часа agoна
април 23, 2021By
Media Press
Општина Конче најавува нови проекти за реализација со кои ќе се подобрат условите за живот на локалното население. Градоначалникот Благој Илиев најави дека деновиве ќе започне реализацијата на нов проект за реконструкција на дел од локалниот пат кој ги поврзува селата Долни и Горни Липовиќ со изградба на плочест пропуст на Модра река. Со ова ќе се реши еден голем проблем на жителите од двете населени места кој се провлекува со години.
Станува збор за проект кој се реализира преку Министерството за транспорт и врски а е финасиран преку Светска Банка.
Проблемот околу поминувањето на реката посебно се чувствувал при пообилни врнежи од дожд кога реката надоаѓала и требало да се чека и по неколку часа за да се намали новото на истата, се жалат жителите.
Во овој период како што најави градоначалникот Илиев одобрени се и други проекти за финансирање и реалзиација.
Конче
Училиштето во с.Горни Липовиќ конечно ќе добие пристојни услови за настава. Општина Конче ќе реализира проект за реконструкција

Published
2 недели agoна
април 12, 2021By
Media Press
Општина Конче ќе реализира проект за реконструкција на ПОУ Гоце Делчев-Конче во с.Горни Липовиќ со средства од Министерството за образование и наука. По објавената ранг листа на Министерството за финансирање на проекти за реновирање на училишни објекти на општински основни и средни училишта, училиштетото во Горни Липовиќ се наоѓа на 5 то место со 52 бода од одобрени 19 проекти.

„По најавата за изградба на нова училиша зграда во с.Конче, реконструкцијата со сопствени средства на училиштето во с.Дедино, ќе се реконструира и училиштето во с.Горни Липовиќ, кое е во многу лоша состојба“, вели градоначалникот Благој Илиев.
Тој додава дека со цел подобрување на условите за образование и дсотигнување на современите стандарди за децата, набавени се и 2 нови минибуси за превоз на учениците а завршена е и изградбата на спортката сала во дворот на училиштето во Конче .
„Една од најважите обврски кои беа во нашата програма беше подобрување на условите за образование на нашите деца“ додава градоначалникот Илиев.

Конче
Двајца жители од Конче фатени на скопскиот аеродром со лажни ПЦР тестови

Published
2 недели agoна
април 6, 2021By
Media Press
Двајца жители од Конче биле фатени на скопскиот аеродрм со лажни ПЦР-тестови во обид да ја напуштат државата. Тие се казнети со по 2.000 евра во денарска противредност.
Според информациите од Основното јавно обвинителство Скопје, до Основниот кривичен суд Скопје денеска е поднесено Предлог за издавање казнен налог против двајца жители на радовишкото село Конче, кои се товарат за кривично дело – Фалсификување исправа.
На 29 март, на граничниот премин на Меѓународниот аеродром Скопје, тие употребиле како вистинска лажна исправа – сертификат за негативен ПЦР тест за SARS-CoV-2 вирусот. Медицинските сертификати за кои знаеле дека не се оригинални и не се издадени од наведената лабораторија ги презентирале при пасошката контрола, при обидот да ја напуштат државата.
Основното јавно обвинителство Скопје му предложи на Судот за двајцата обвинети да изрече парични казни од по 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност.

Општина Конче ќе реконструира дел од локалниот пат помеѓу Долни и Горни Липовиќ, со изградба на плочест пропуст на реката

Притвор за три лица од Струмица осомничени за грабнување и силување

Паѓа бројот на новозаразени но на починати сеуште висок

Од утре започнува асфалтирањето на делот од регионалниот пат од Радовиш кон планината Плачковица
