Македонија

Започна откупот на тутунот. Хоџа: Нема да остане неоткупен ниту еден килограм тутун

Започна откупот на тутун во тутунскиот комбинат во Прилеп, каде министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, заедно со градоначалникот на Општина Прилеп, и директорот на Тутунски Комбинат извршија увид во текот на активностите за откуп, на еден од откупните пунктови на комбинатот.

Откупниот процес оваа година се одвива во услови на пандемија и затоа  сите откупни пунктови на територија на целата држава, процесот го изведуваат со заштитни мерки на највисоко ниво. Заштитата на здравјето на сите кои се вклучени во овој процес е врвен приорет, откупот да помине успешно и безбедно од здравствен аспект, изја ви министерот Хоџа.

„ Ова е втора компанија што почнува со откупот. Ние сме тука да видиме како се одвива процесот.  Очекувам дека нема да има поголеми потешкотии во откупот на тутунот, уште е рано да кажеме било каква проценка. Очекуваме се да биде во најдобар ред“ изјави министерот Хоџа.

Тој ги повика тутунопроизводителите да не создаваат гужва, тензии и незадоволство на откупните пунктови бидејќи се’ што е договорено ќе се откупи, нема да остане неоткупен ниту еден килограм тутун, нема простор за грижа и нестрпливост.

Министерот Хоџа апелираше да се почитуваат мерките и протоколите за заштита, бидејќи доколку се појави болеста, целиот откупен пункт ќе мора да се затвори.

Како превентивна мерка за намалување на ризикот, откупувачите имаат детален распоред за тутунопроизводителите точно да знаат на која дата треба да го донесат тутунот, со цел да се спречи појава на гужва.

Откупот ќе трае до крајот на февруари. Доколку за време на откупот се појави незадоволство од проценката на класата на тутунот или други проблеми, тутунопроизводителите имаат можност да повикаат Второстепена комисија, со цел ниту еден од производителите да не биде оштетен.

МЗШВ очекува успешен откуп на целокупната договорена количина.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago