Конче

Граѓански здруженија од Турција донираа столици за потребите на Домот на културата во Конче

Донација од околу 200 столици доби Општина Конче кои ќе се користат за потребите на Домот на културата но и при организација на секакви општински манифестации.

Станува збор за два типа на столици благодарение на соработката што ја восопставија граѓански здруженија од Едрене Турција и Здружението за спорт и кутлура ,,Зија Гокалп’’ од Конче каде добар дел од жителите се од турска националност.

Имено, како што изјави градоначалникот Благој Илиев здружението за образование и култура на “Академија на Румели” и “Федерацијата на Балканските Турци” од Едрене Турција, преку здружението за спорт и култура “Зија Гокалп” во Конче донираа 40 посетителски и 150 пластични столово или  вкупно 190 столиви за потребите на културниот дом на општина Конче.

 Столчињата се поставени во Домот на културата каде најчесто се организираат разновидни културни манифестации но и празници на општината и собири.

Според градоаначалникот Илиев, соработката меѓу граѓаните од Едрене и Конче, во иднина ќе се прошири и на културен, економски и спортски план.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

4 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago