Connect with us

Конче

Бели магнетни табли за секоја училница во ООУ „Гоце Делчев“ во Конче донација од рудникот Бучим

Media Press

Published

on

ООУ „Гоце Делчев“ во Конче продолжува да ги подобрува условите за настава, овој пат со донација на бели магнетни табли за секоја училница. Рудник Бучим  дониираше за потребите на основно училиште Гоце Делчев, 26 магнетни табли во вкупна вредност од 2600 евра. Додека пак рудник Боров Дол  претходно донираше 15 таблети во вредност од 2600 евра и интернет пристап до крајот на учебната година.

По тој повод директорката на училиштетот Цветка Агелова, во знал на благодарност додели благодарници на Рудникот Бучим и на новиот рудник Боров Долм за досегашните донации во училиштетото.

Зменик генералниот директор на Бучим Николајчо Николов кој беше во посета на училиштетото, рече дека со задоволство го помагаат воспитно образовниот процес, со што даваат придонес во развојот на младите генерации.

Од името на Боров Дол благодарност за доделената благодарница изрази Кристина Крстева Прес секретер на компанијата Солвеј во чии состав работат Бучим и Боров Дол.

И градоначалникот на Општина Конче Благој Илиев, од името на општината се заблагодари на Рудникот Бучим и на Боров Дол за помошта која секогаш ја даваат  како општествено одговорни компании.

Инаку во ова училиште заедно со подрачните настава со физичко присуство следат  134 ученици а околу 130 од вкупно 265 ученици наставата ја следат онлајн.

Конче

Градоначалникот на Општина Конче со честитка до граѓаните по повод Новогодишните и Божиќни празници

Media Press

Published

on

Среќни Новогодишни и Божиќни празници им посакува на сите граѓани градоначалникот на Општна Конче Благој Илиев.

Во новата година ви посакуваме здравје, успех и многу убави моменти поминати во природа, исполнети со мир, спокој и благосостојба. Среќни Новогодишни и Божиќни празници, од Општина Конче – Мала, едноставна и бесконечно убава“, стои во честитката од градоначалникот Илиев.

Continue Reading

Конче

Општина Конче ќе го реши долгогодишниот проблем со фекалната канализација во с.Конче

Media Press

Published

on

Од средствата кои беа наменети за изградба на карго аеродром во Штип а се пренаменети во инфраструктурни проекти за општините, за проектот „Фекална канализација за дел од с. Конче во Општина Конче со одобрени 18.141.175,15 денари (295.000 €) согласно поднесеното барање и проектната документација.

„Овој проект опфаќа канализациски крак во должина од 3150 метри со кој ќе се реши долгодошниот проблем со фекалните канализации во с.Конче и ќе бидат опфатени сите домаќинства кои до сега немале можности да се приклучат на канализациската мрежа. Овој проект беше една од приоритетните проекти во нашата програма и сме горди што ќе ја реализираме во тековната година“, вели градоначалникот на Општина Конче, Благој Илиев.

Continue Reading

Конче

Масовни протести на тутунарите од Општина Конче, незадоволни од откупот на тутун го блокираа регионалниот пат Радовиш – Конче

Media Press

Published

on

Тутунарите  од Општина Конче денеска  масовно излегоа на организирани протести поради  незадоволство од откупот на тутунот, посебно од неговата проценка.  Со блокирање на регионалниот пат Радовиш – Конче,  на раскрсница кај Лакавица, тие го изразија својот револт од непочитувањето на договорот од петокот, од страна на откупните претпријатија. Организатор на протестите беше Иницијативниот одбор на македонски тутунари од Општина Конче.

Тутуноптоизводителите велат дека нема да го продаваат тутунот по цена за една кутија цигари и бараат да не бидат ограничувани во килажа. Тие имаат две барања, реална проценка на класите и откупување на целото количество тутун.

Денешниот штрајк на тутунопроизводителите  доби логистичка поддршка и од бизнис секторот, кој индиректно е засегнат од откупот на тутунот.

Маката на тутунарите, инспирација и за пишување поезија, во која се вели дека треба да се изигра македонското тешко оро, до крај.

За утре повторно  е закажан  масовен штрајк на тутунарите од Општина Конче со почеток во 7 часот со што повторно ќе се блокира регионалниот пат Радовиш- Конче

Continue Reading