Конче
Граѓански здруженија од Турција донираа столици за потребите на Домот на културата во Конче

Published
2 months agoon
By
Media Press
Донација од околу 200 столици доби Општина Конче кои ќе се користат за потребите на Домот на културата но и при организација на секакви општински манифестации.
Станува збор за два типа на столици благодарение на соработката што ја восопставија граѓански здруженија од Едрене Турција и Здружението за спорт и кутлура ,,Зија Гокалп’’ од Конче каде добар дел од жителите се од турска националност.

Имено, како што изјави градоначалникот Благој Илиев здружението за образование и култура на “Академија на Румели” и “Федерацијата на Балканските Турци” од Едрене Турција, преку здружението за спорт и култура “Зија Гокалп” во Конче донираа 40 посетителски и 150 пластични столово или вкупно 190 столиви за потребите на културниот дом на општина Конче.
Столчињата се поставени во Домот на културата каде најчесто се организираат разновидни културни манифестации но и празници на општината и собири.
Според градоаначалникот Илиев, соработката меѓу граѓаните од Едрене и Конче, во иднина ќе се прошири и на културен, економски и спортски план.
Поврзани содржини
Граничната полиција прими донација од возила и опрема во вредност од над 660.000 евра
Општина Конче ќе го реши долгогодишниот проблем со фекалната канализација во с.Конче
Масовни протести на тутунарите од Општина Конче, незадоволни од откупот на тутун го блокираа регионалниот пат Радовиш – Конче
Бучим и Боров Дол со донации за првата детска градинка во Конче која е најсовремено опремена
Донација на 13.500 брзи тестови од НАТО сојузникот Норвешка
Дел од парите планирани за новогодишно украсување на Струмица ќе бидат донирани на болницата за справување со Ковид-19
Конче
Градоначалникот на Општина Конче со честитка до граѓаните по повод Новогодишните и Божиќни празници

Published
3 weeks agoon
December 31, 2020By
Media Press
Среќни Новогодишни и Божиќни празници им посакува на сите граѓани градоначалникот на Општна Конче Благој Илиев.
Во новата година ви посакуваме здравје, успех и многу убави моменти поминати во природа, исполнети со мир, спокој и благосостојба. Среќни Новогодишни и Божиќни празници, од Општина Конче – Мала, едноставна и бесконечно убава“, стои во честитката од градоначалникот Илиев.
Конче
Општина Конче ќе го реши долгогодишниот проблем со фекалната канализација во с.Конче

Published
3 weeks agoon
December 28, 2020By
Media Press
Од средствата кои беа наменети за изградба на карго аеродром во Штип а се пренаменети во инфраструктурни проекти за општините, за проектот „Фекална канализација за дел од с. Конче во Општина Конче со одобрени 18.141.175,15 денари (295.000 €) согласно поднесеното барање и проектната документација.
„Овој проект опфаќа канализациски крак во должина од 3150 метри со кој ќе се реши долгодошниот проблем со фекалните канализации во с.Конче и ќе бидат опфатени сите домаќинства кои до сега немале можности да се приклучат на канализациската мрежа. Овој проект беше една од приоритетните проекти во нашата програма и сме горди што ќе ја реализираме во тековната година“, вели градоначалникот на Општина Конче, Благој Илиев.
Конче
Масовни протести на тутунарите од Општина Конче, незадоволни од откупот на тутун го блокираа регионалниот пат Радовиш – Конче

Published
1 month agoon
December 17, 2020By
Media Press
Тутунарите од Општина Конче денеска масовно излегоа на организирани протести поради незадоволство од откупот на тутунот, посебно од неговата проценка. Со блокирање на регионалниот пат Радовиш – Конче, на раскрсница кај Лакавица, тие го изразија својот револт од непочитувањето на договорот од петокот, од страна на откупните претпријатија. Организатор на протестите беше Иницијативниот одбор на македонски тутунари од Општина Конче.

Тутуноптоизводителите велат дека нема да го продаваат тутунот по цена за една кутија цигари и бараат да не бидат ограничувани во килажа. Тие имаат две барања, реална проценка на класите и откупување на целото количество тутун.
Денешниот штрајк на тутунопроизводителите доби логистичка поддршка и од бизнис секторот, кој индиректно е засегнат од откупот на тутунот.
Маката на тутунарите, инспирација и за пишување поезија, во која се вели дека треба да се изигра македонското тешко оро, до крај.
За утре повторно е закажан масовен штрајк на тутунарите од Општина Конче со почеток во 7 часот со што повторно ќе се блокира регионалниот пат Радовиш- Конче


Владата ќе дели средства за сончеви колектори, печки на пелети, пвц прозорци и фотонапонски панели

Годинава ќе биде изоставено традиционалното чествување на празникот БОГОЈАВЛЕНИЕ – Водици, Светиот крст нема да биде фрлен во осветените води

За 66% намален бројот на туристи во ноември 2020 во однос на ноември 2019 година

190 нови случаи на Ковид -19 од 1530 тестирања, 6 починати лица
