Македонија
Царовска: Со билингвалните паралелки создаваме европски вредности и мултикултурализам

Published
2 months agoon
By
Media Press
Министерката за образование и наука Мила Царовска денес зема учество во вебинар по повод билингвалните паралелки во државата, заедно со амбасадорот на Франција Сирил Бомгартнер и директорот на гимназијата „Орце Николов“ Митко Димовски. Вебинарот е организиран од гимназијата „Орце Николов“ и Амбасадата на Франција.
Министерката Царовска се заблагодари на Француската амбасада која поддржа низа проекти креирани од наставниците и учениците со кои создадоа франкофонска мрежа од активни млади лица и идеи за подобра иднина на сите.
„Билингвалното образование се покажа досега како вистински репрезент на интеркултурализам, на учење за културата на францускиот народ, но и на пошироките европски вредности. Поддршката на ваков тип проекти е поддршка за прифаќање на глобални трендови и култури што се многу важни за развојот на новите генерации млади. Имаме чест, исто така, дел од тие ученици и сега да бидат вклучени во креирањето на новите реформи за средно образование, преку анкети со кои даваат несебичен прилог да научиме и ние нешто од францускиот концепт за образование“, рече Царовска.
Министерката истакна дека голем број ученици од овие паралелки, низ годините, го продолжија своето образование во најпознатите академски центри на Франција и донесоа нови практики и нов пристап во креирање општествени и образовни политики.
Поврзани содржини
Царовска: Со новата концепција сакаме да го постигнеме полниот потенцијал кај секое дете
Презентиран буџетот за 2021 година на Министерството за образование и наука
Царовска: Распустот нема да почне порано, протоколите во училиштата се почитуваат
Царовска: Растот на бројот на заразени зависи од одговорноста на сите нас
Промотивен настан на кампањата „Наставниците се важни – Учиме од вас. Ви благодариме!“, по повод Светскиот ден на наставникот
Секаде каде што се исполнети условите од здравствените протоколи наставата ќе се реализира со физичко присуство
Македонија
Радовиш дел од проектот за подобрување на услугите на жените и девојките од руралните средини за сексуално и репродуктивно здравје

Published
1 day agoon
January 15, 2021By
Media Press
Радовиш ќе биде единствената општина од Југоистокот која ќе биде дел од проектот за унапредување на сексуално и репродуктивно здравје, кој ќе го спроведе Здружението ХЕРА и Центарот за семејна медицина.
„Жените и девојките од руралните средини полесно до услуги за сексуално и репродуктивно здравје во регионите каде нема гинеколог или нивниот број е многу мал. Овој проект го доби ХЕРА од јапонската амбасада и ќе се спроведе во 10 градови: Македонски Брод, Пробиштип, Крушево, Радовиш, Демир Хисар,Кратово, Делчево, Штип, Крива Паланка и Ресен. Го унапредуваме сексуалното и репродуктивно здравје со посебен акцент на девојките и жените од руралните подрачја, од ромските заедници и девојките и жени со телесна попреченост кои имаат ограничен пристап до јавните здравствени установи“, вели министерот за здравство Венко Филипче.

Под репродуктивно здравје се подразбира дека луѓето можат да имаат одговорен, задоволувачки и побезбеден сексуален живот и дека се способни да се размножуваат и притоа ја имаат слободата да одлучат дали, кога и колку често. Под ова се подразбира дека мажите и жените имаат право да бидат информирани и да имаат пристап до безбедни, ефективни, достапни и прифатливи методи за контрола на раѓањето по сопствен избор, како и правото на пристап до соодветни здравствени услуги коишто ќе им овозможат безбедна бременост и породување на жените и ќе им ја дадат на двојките можноста да имаат здраво новороденче.
Според Светската здравствена организација: – Сексуалните заболувања како и заболувањата на репродуктивните органи изнесуваат 20% од вкупните заболувања кај жените и 14% кај мажите.
Според годишниот извештај на ХЕРА за 2019 година – една од најуспешните години за сексуалното и репродуктивното здравје и за родовата еднаквост во Македонија во споредба со изминатите десетина години.

Македонија
Продолжува расправата во Собранието по Предлог-законот за попис

Published
2 days agoon
January 15, 2021By
Media Press
Пратениците вчера и завчера со спротивставени ставови по Предлог-законот за попис главно околу тоа дали и колку процесот ќе биде навистина статистички, а не политички.
За СДСМ, Предлог-законот што треба да се донесе по скратена постапка е транспарентен и објективен, а неговото донесување е од суштинско значење. Пописот ќе го спроведе Државниот закон за статистика (ДЗС) и ќе овозможи релевантни податоци врз основа на кои ќе се креираат развојни, долгорочни политики и стратегии. Тие се на ставот дека пописот мора и ќе се одржи годинава во април.
Според ВМРО-ДПМНЕ, пописот е политички договор и пазарење меѓу СДСМ и ДУИ за опстанок на коалицијата и за задоволување на внатрепартиските барања, со однапред утврден исход, како и алатка за демографски и етнички инженеринг, а резултатите што ќе се добијат од него, нема да бидат релевантни, ниту ќе ја отсликуваат реалната состојба во државата.
„Насилно се турка целата работа затоа што станува збор за политичка операција, не за статистичка. Законот предвидува попишување државјани, а не резидентно население, не ги содржи методологијата и компаративните бази на податоци и овозможува давање податоци само со усмено кажување на матичниот број“, се главните забелешки на лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Забелешки на предлог законот за попис има и Левица.
„Главната работа, којашто тука фали е разграничување на две дефиниции, меѓу „вкупно“ и „вкупно попишано“ население. Значи што е резидентно население, кое население живее тука, а кое не – без тоа, вие немате Закон за попис! Со тоа вие имате еден неодреден текст, којшто јас не знам за што друго би послужил, освен единствено за демографски и етнички инженеринг.
Ние се сомневаме дека веќе бројките околу соодносот на етникумите во оваа држава се определени од вас, затоа е нели тој фамозен „врзан потпис“ меѓу директорот на ДЗС и неговиот заменик. И сега, ќе се оди одозгора надолу, определени се бројките, а вие реалноста ќе ја прилагодувате, за да дојдете до бројките, коишто со вашиот коалиционен партнер ги имате договорено“, вели пратеникот од Левица Борислав Крмов.

Согласно законот, пописот треба да се спроведе од 1 до 22 април оваа година, а со него ќе бидат опфатени и лицата кои работат надвор од државата. Постапката се планира да заврши за шест месеци и да чини вкупно 8,5 милиони евра. Последниот попис во земјава беше спроведен во 2002 година, а најавениот попис во 2011 година не се реализира.
Од ДЗС најавуваат дека пописот ќе биде спроведен согласно стандардите на Обединетите нации и Евростат.
Македонија
Тим од доктори-специјалисти и медицински сестри од март ќе бидат дел од мировната мисија „Одлучна поддршка“ во Авганистан

Published
2 days agoon
January 15, 2021By
Media Press
Претседателот Стево Пендаровски го прими шестчлениот медицински тим од јавното и военото здравство којшто ќе биде упатен во мировната мисија „Одлучна поддршка“ во Авганистан, од март до септември годинава и ќе работи во рамки на норвешката болница во Кабул.
Тимот од тројца доктори-специјалисти и три медицински сестри денеска заминува во Кралството Норвешка, на тримесечна обука заедно со норвешките колеги кои ќе бидат дел од истата ротација во Кабул. Оттаму, во март тие ќе заминат во Авганистан, како дел од мисијата. Петмина од нив се од јавното здравство, а една е медицинска сестра од Баталјонот за медицинска поддршка на Армијата.
Претседателот Пендаровски на средбата им посака успех во мисијата и изрази уверување дека нејзината реализација е значаен чекор кон формирањето на хируршки тим којшто ќе биде на располагање на НАТО, обврска којашто РС Македонија како членка на Алијансата треба да ја исполни до 2028 година.
Исто така, претседателот Пендаровски изрази и очекување дека стекнатите вештини и искуство за време на мисијата ќе придонесат и за развој на здравството во државата.

Формирано Здружение „Обнова Глобал“ за санација на опожарениот Глобал во Струмица

Шахпаска: Започна со имплементација на проектот Гаранција за млади

Економско социјалниот совет на денешената седница го усвои Оперативниот план за вработување за 2021 година

Македонија со пораз во првиот меч на Ракометното Светско Првенство
