Connect with us

Гевгелија

За подобрување и проширување на локалната патна мрежа за три години вложени 75 милиони денари

Media Press

Published

on

Во изминатите три години, во Општина Гевгелија биле изградени и обновени 30-тина улици со вкупна површина од 53.000 м². За изградба и обнова на локалната патна мрежа од Општинскиот буџет биле издвоени 75 милиони денари или околу 1,2 милиони евра. Поточно, изградени се нови улици со вкупна површина од 12.000 м², извршена е реконструкција, односно обнова на асфалтот на 23.000  м², а бетонирани се 15.500 м² улици и краци.

„Регионалната патната инфраструктура последниве три години е обновена со средства од Јавното претпријатие за државни патишта, кое издвои 180 милиони денари, за  целосна реконструкција на регионалните патни правци Миравци-Давидово и Прдејци-Смоквица, како и на патот Гевгелија-Негорци, во должина од 6,5 километри. Изграден е алтернативниот пат Смоквица-Прдејци, а наскоро треба да започнат и изведбените работи на патот Гевгелија-Богданци-Фурка.

             Во тригодишниот биланс за проширување и подобрување на локалната патна мрежа треба да се спомене и доизградбата на последната делница од патот Негорци-Серменин и патот од Давидово до манастирот „Свети Илија“, со финансиска поддршка од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој и сопствено учество. Додека, пак, со грант од Меѓународната организација за мигранти беше изграден патот до Времената депонија кај Ново Конско“, вели градоначалникот на Општина Гевгелија Сашо Поцков.

              Што се однесува пак до последната делница од патот за Ума, според градоначалникот Поцков, Општината аплицирала за вклучување на овој проект во Програмата за регионален развој, со која Југоисточниот плански регион ќе аплицира пред Бирото за регионален развој.

„Проценетата вредност за проектот е околу 8 милиони денари, а со изградбата на оваа последна делница, целиот пат ќе биде завршен. Поради тоа, реализацијата на овој проект е од приоритетно значење“, вели Поцков.

Гевгелија

ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против лице во чие возило е пронајдена марихуана

Media Press

Published

on

Од ОВР Гевгелија известуваат дека е поднесена кривична пријава против А.А.(35) од Скопје, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Во соопштението од ОВР Гевгелија пишува дека при вршење на работни задачи на полициските службеници во близина на градското шеталиште во Стар Дојран е извршено преглед на патничко возило „бмв“ со сопственост на лицето А.А. е пронајдена и одземена марихуана, мешавина од марихуана и тутун и дробилка со остатоци од марихуана.

На 22.08.2020 во 21,00 часот, при вршење на работни задачи од страна на полициски службеници при Одделение за внатрешни работи Гевгелија, во близина на градското шеталиште во Стар Дојран при извршен преглед во паркирано патничко возило „бмв “ сопственост на А.А. била пронајдена и

Continue Reading

Гевгелија

Зголемена комуникација на Општина Гевгелија со граѓаните, преку Систем 48 и Општинскиот центар за услуги

Media Press

Published

on

 Во последните три месеци од минатата година, преку Систем 48 и Општинскиот центар за услуги со граѓаните при Општина Гевгелија биле поднесени вкупно 247 барања од страна на граѓаните, од кои 206 веќе се решени, а другите се во постапка на решавање. Ова беше соопштено на денешната јавна презентација на Систем 48, на која присуствуваа градоначалникот на Општина Гевгелија и раководителите на општинските одделенија и сектори при ЈПКД „Комуналец“.

          Преку Систем 48 во периодот од 1 октомври до 31 декември, 2020 година, биле пријавени 91 барање од страна на граѓаните, од кои 61 биле решени. Станува збор главно за барања за дефекти во мрежата на уличното осветлување, за инспекциски надзор или за комунално уредување. Во Општинскиот центар за услуги, во Општина Гевгелија, последното тримесечие од минатата година биле поднесени 156 барања од граѓани за постапување на надлежните општински служби, од кои 145 се решени. Од нив за точна адреса биле поднесени и решени најмногу барања – 69. Додека за новородено дете биле поднесени и решени 54 брања, односно за секое новороденче Општина Гевгелија исплатила по 6.000 денари, додека за третородено дете по 12.000 денари.

           Инаку, преку Систем 48 доминираат барањата за отстранување на дефекти во уличното осветлување. Меѓутоа бројот на интервенции во јавното осветлување е значително поголем – во последните три месеци лани биле извршени 237 интервенции, од кои во Гевгелија 107, а во населените места 130. Во периодот од 1 октомври до 31 јануари, 2020 година, во Одделението за располагање со државно градежно земјиште биле водени 10 постапки за оттуѓување на градежно земјиште по пат на јавно наддавање, за кои биле поднесени 9 пријави за учество на јавното наддавање, 7 се отуѓени, 2 се неотуѓени, а 1 е во постапка.

           Градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков, се заложи за поголема афирмација и ефикасност на сите алатки за комуникација со граѓаните. Пред се, Системот 48 кој треба да им овозможи на граѓаните преку електронски пат да ги пријават своите проблеми и барања до локалната самоуправа. Притоа, беше нагласена потребата од поголема ефикасност на општинските служби, односно доставување на одговорот до граѓаните во рок од 48 часа.

Continue Reading

Гевгелија

Општина Гевгелија ќе ги распише јавните повици за обнова на патната мреже

Media Press

Published

on

Општина Гевгелија, деновиве, ќе ги распише јавните повици за изградба на нови улици, реконструкција на постојните улици, бетонирање и тековно одржување на локалната патна мрежа.

 Ова беше договорено на првиот годинешен состанок на градоначалникот на Општина Гевгелија, Сашо Поцков со раководителите и претставниците на Секторот за урбанизам и другите општински служби околу претстојните активности. Станува збор за четири тендери со кои всушност се најавува и новата сезона за обнова и проширување на уличната и локалната патна мрежа во општина Гевгелија.

            „Во рамките на јавниот повик за изградба на нови улици, покрај другото, договорено е со новиот тендер да биде опфатено тампонирањето и поставувањето на долен строј на двете нови улици во станбената населба „Караорман“. Што се однесува, пак, до реконструкцијата и бетонирањето, со новите тендери ќе бидат опфатени повеќе улици и краци во Гевгелија и во населените места. Покрај ова, договорено е веднаш да се интервинира, со прокопување на одводен канал, меѓу бензинската пумпа „Шимов“ и каналот „Рауљ“ за решавање на проблемот со водата што се собира на овој дел од крстосницата на влезот во Гевгелија, по секој пообилен дожд“ информираат од општината.

            Во понатомошната фаза беше договорено на состанокот да се подготват тендери за реализација на проектот Градски урбан сквер, со кој се предвидува хортикултурно и партерно уредување на просторот кај стариот Градски пазар.

Исто така, како што информираат од општината  наскоро треба да започнат работите за изградба и пробивање на неколку улици во градот.  

Continue Reading