Струмица
Приведен струмичанец кој избегал од затвор

Published
5 месеци agoна
By
Media Press
Полициски службеници од Полициска станица Струмица ноќеска во 00.10 часот на улица „Ѓорги Василев“ во Струмица, го лишиле од слобода И.У. (32) од Струмица, за кого била распишана потерница поради бегство од затвор.
Во 03.30 часот лицето е предадено во Затвор Идризово за доиздржување на затворската казна, на која бил осуден поради повеќе сторени кривични дела, соопшти СВР Струмица.
Поврзани содржини
ДЗС: За злоупотреба на апликацијата за попис се добива 3 години затвор
Приведенo 24 годишното момче кое со возило помина низ радовишкото шеталиште
Доживотен затвор за двојниот убиец Велев од с. Добрејци
Поднесена кривична пријава против струмичанец за криумчарење мигранти
Приведен гевгеличанец за упатување на закани кон вработените во Здравствениот дом
Лишен од слобода струмичанец кој превезувал 19 мигранти
Струмица
Украла чанта со пари и ги закопала во својот двор, полицијата ги вратила на сопственикот

Published
1 недела agoна
април 13, 2021By
Media Press
Жена од струмичко отишла на гости и украла чанта со пари, по што ги закопала во својот двор.
„Секторот за внатрешни работи Струмица поднесе кривична пријава против З.Г.(44) од с.Старо Коњарево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“.
Имено на 29 март пријавената отишла во куќата на Л.А. во с.Старо Коњарево и му одзела чанта со пари во различни валути. На 07 април полициски службеници ги пронашле парите кои потекнуваат од кражбата, закопани во дворното место од куќата на З.Г., кои по овластување на Јавен обвинител биле вратени на оштетениот, информира МВР.
Струмица
Притвор за момче од Струмица кое силувало девојка и за уште две лица кои му помогнале во намерата

Published
2 недели agoна
април 11, 2021By
Media Press
На 09 април во петокот Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против И.Д. (18) од Струмица, со престојувалиште во село Банско, струмичко, М.Д. (21) и А.Д. (25) и двајцата од село Банско, поради тоа што на 08.04.2021 околу 17:40 часот на ул.„Невена Стојкова“ И.Д. извршил обљуба врз 18-годишна девојка од струмичко село,, а М.Д., А.Д. и уште две лица му помогнале во намерата.Лицата набрзо биле лишени од слобода и по обезбедените докази на 09.04.2021 година биле изведени пред судија на претходна постапка од Основен суд Струмица, кој на тројцата им определил мерка притвор.
Струмица
Кривична пријава против три лица од Банско, струмичко кои организирале свадбена веселба

Published
2 недели agoна
април 8, 2021By
Media Press
СВР Струмица поднесе кривична пријава против Д.И.(57), А.И.(54) и Е.И.(26), сите од с.Банско, струмичко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.
На 28 февруари пријавените во с.Банско организирале свадбена веселба на Е.И., на која присуствувале околу 300 лица, со што постапиле спротивно на Одлуката на Влада за забрана за организирање на домашни групирања, свадби и други веселби.

Паѓа бројот на новозаразени но на починати сеуште висок

Од утре започнува асфалтирањето на делот од регионалниот пат од Радовиш кон планината Плачковица

Лиле Стефанова од Радовиш е една од петте нови јавни обвинители во тимот Русковска

Одбележан Денот на планетата Земја во Радовиш, со акција за чистење и уредување на градскиот парк на ридот
