Connect with us

Македонија

За само два дена 2300 нови случаи на Ковид-19, а починати 49 лица, граѓаните загрижени

Media Press

Published

on

Ако на почетокот на појавата на корона вирусот граѓаните ги фаќаше паника кога министерот за здравство Венко Филипче најавуваше, дека влегуваме во втората ваза од епидемијата и дека според прогнозите пикот на болеста ќе биде крајот на април, кога се очекуваат вкупно до 2000 пацинети, во овој период се регистрирани 2300 пацинети само за два дена. Болничките капацитети се полни, здравствените работници изморени, па одтука се поставува прашањето дали болеста излегува од контрола и дали 30-ет дневната кризна состојба во државата, ќе донесе резултати.

Граѓаните речиси сите со заштитна маска на лицето се повеќе исплашени и испаничени.

Инаку во последните 24 часа се регистрирани 1112 нови случаи на ковид-19. Во југоистокот најмногу во Струмица 35, во Гевгелија 19 во Радовиш 6 и Валандово 12.

Починати се 24 лица, четири пациенти од Скопје (76, 62, 67 и 70г), еден од Куманово (64г), еден од Штип (87г), тројца од Прилеп (69, 45 и 79г), двајца од Тетово (41 и 65г), двајца од Велес (81 и 61г), пет пациенти од Битола (70, 91, 48, 60 и 73г), еден од Охрид (89г), еден од Крива Паланка (47г), еден од Крушево (60г), еден од Кочани (41г), еден од Македонски Брод (40г) и еден пациент од Виница (66г). Сите пациенти се починати во болнички услови.Најстариот пацинет кој починал бил 89 години а најмладиот 40.

Вчера Институтот за јавно здравје регистрира 709 оздравени пациенти од кои во Гевгелија 6 -Струмица 14 -Радовиш 6 и Валандово 3.

Досега во земјата се направени вкупно 312.143 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 54743, бројката на оздравени пациенти е 32366, на починати е 1511, а бројот на активни случаи изнесува 20866.

Македонија

Честитка од претседателот Пендаровски по повод христијанскиот празник Богојавление – Водици

Media Press

Published

on

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Митрополит Скопски, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима, г.г. Стефан.

Почитуван г.г. Стефан,

Имам особено задоволство и чест Вам лично и на членовите на Светиот архиерејски синод, на преподобното монаштво и свештенство, како и на сите православни верници, да ви го честитам големиот христијански празник Богојавление – Водици, и да ви посакам да го поминете во добро здравје, исполнети со радост и со среќа.

Годинава, за жал, Богојавление – Водици го празнуваме во несекојдневни околности предизвикани од пандемијата на Ковид-19, која ги загрози нашите животи, здравје, благосостојба, но и предизвика преиспитување на нашите вредности и уверувања. Сепак, и без масовните собири покрај нашите води, како и со сите останати рестрикции согласно со безбедносните протоколи, повторно ќе ја посведочиме светата тајна на крштевањето. Повторно ќе ги наполниме нашите срца со верба, надеж и со љубов.

Во овие тешки времиња посакувам овој голем празник да ни биде духовна поткрепа за да истраеме во солидарноста, трпението, одговорноста и во грижата за сите наши сограѓани.

Нека ни е честит и вековит големиот христијански празник!

Бог се јави!“ стои во честитката од претседателот Пендаровски.


Continue Reading

Македонија

Србија да и даде на Македонија 8.000 вакцини од производителот Фајзер

Media Press

Published

on

Во директен разговор меѓу премиерот Зоран Заев и претседателот на Србија, Александар Вучиќ договорено е Србија да и даде на нашата земја 8.000 вакцини од производителот Фајзер.

Министрите за здравство на двете земји Венко Филипче и Златибор Лочнар во наредните денови ќе ги договорат деталите околу постапката за испорака на вакцините.
Симбол на оваа здравствена криза е солидарноста, Министерството за здравство изразува благодарност до Република Србија и српскиот народ за овој пријателски чин.

Процесот на директна набавка со истиот производител е во финална фаза. Согласно договорената динамика, во февруари преку Фајзер ќе пристигнат 5.850 дози од вакцината, а по 17.500 дози во март и април.

Во месец февруари се очекуваат и вакцините преку КОВАКС механизмот, за коишто е направена уплата и обезбедена гаранција. Вкупната количина на вакцина преку овој механизам за нашата држава изнесува 833.000 дози.

Continue Reading

Македонија

Третирани 661 пациент со конвалесцентна плазма

Media Press

Published

on

Од Институтот за трансфузиона медицина информираат дека се обезбедени вкупно 802 единици конвалесцентна плазма за третман на пациенти заразени со КОВИД-19, од вкупно 729 донори.

Со крвна плазма досега се третирани 661 пациент. Со ваквиот највисок чин на хуманост, граѓаните кои се оздравени имаат можност да им помогнат на тие кои во моментот се борат со коронавирусот.

„Да им помогнеме на лицата кои се борат со коронавирусот, да донираме конвалесцентна крвна плазма, апелираат од Институтот за трансфузиона медицина до сите оздравени пациенти кои имале КОВИД-19. Преку даруваната конвалесцентна плазма, антителата на оздравените пациенти се користат во сузбивање на болеста кај друго лице со КОВИД-19.“ – апелираат од Институтот за трансфузиона медицина

Лицето дарител на конвалесцентна плазма треба да има документиран лабораториски доказ дека било болно од КОВИД-19 и да биде минимум 21 ден без симптоми, по што се прави дополнителен тест за потврда дека нема присуство на вирус.

Continue Reading