Кој општини во регионот бележат намалување а кој зголемување на бројот на вработени, според истражувањето на ЦГК, Скопје
Од 2017 до 2020 година, бројот на вработени во министерствата пораснал за 3, а во општините за 2 проценти, според истражувањето на Центарот за граѓански комуникации од Скопје. За последните три години односно од јануари 2017 до февруари 2020 година во општините во земјава бројот на вработени и ангажирани лица во општинската администрација е зголемен за нови 154 луѓе, а во министерствата и во Владата се вработени или ангажирани 540 повеќе луѓе. Бројот на привремено вработени во министерствата скокнал за повеќе од 300 проценти. Кај општините, пак, бројот на ангажираните на договор на дело се намалил за 31 процент.
По
одделни општини, рекордер и според апсолутниот и според процентуалниот износ на
зголемување на бројот на нововработени или ангажирани луѓе е Општина Бутел,
која во 2020 споредено со 2017 имала 122 повеќе луѓе, односно 207 % зголемување
на кадарот.
Што се однесува до 10 те
општините од Југоисточниот регион
според објавената база на
податоци на Центарот за граѓански комуникации најмногу лица во
редовен работен однос, или ангажирани лица под договор на дело или привремени
вработувања има во Гевгелија. Во ова општина на почетокот на 2017 имале 86 лица
додека на крајот на февруари годинава 105. Раст има и во Валандово од од 47 на 55, во Богданци од 22 на 24 и во Конче од 14 на 22 лица.
Според истражувањето најголемо намалување на општинската администрација бележио Струмица. На крајот на 2016 година во ова општина имало вкупно ангажирани 249 додека во 2020 бројот се намалил на 220 лица. Опаѓање има и во општините Радовиш од 113 на 105, во Василево од 24 на 21, во Ново Село од 35 на 32, и во Дојран од 17 на 16 лица. Бројот останува исти како и пред три години само во Босилово -25 лица. Или вкупно во 10-те општини во регионот бројот на лица во редовен работен однос, или ангажирани лица под договор на дело или привремени вработувања се намалил за 6, односно од 632 лица во 2017 на 626 лица во 2020 година.
Истражувањето е спроведено врз
основа на одговорите на институциите на барањата за слободен пристап до
информации од јавен карактер за бројот на вработени во редовен работен однос,
преку привремени вработувања и со договор на дело на 31.12.2016 и на 29.02.2020
година.
Инаку анализата се објавува заедно со база на
отворени податоци во отворен формат во која се содржани податоците за бројот на
вработени по сите основи, во Владата, министерствата и општините и може да се виде ТУКА