Connect with us

Економија

Министерството за финансии го објави вториот квартален извештај за 2020 година

Media Press

Published

на

Во К-2-2020 е забележан пад на домашната економска активност од 12,7% на годишна основа, по растот од 0,2% во првиот квартал, што е одраз на ограничувачките мерки за спречување на ширење на коронавирусот во земјата и падот на производството во индустриските капацитети како последица на влошеното меѓународно окружување и значителниот пад на надворешната побарувачка.

Оттука, најтешко погодени се индустриското производство и одредени услужни дејности, како што се трговијата, транспортот и угостителството. Активноста во услужниот сектор е намалена за 7,7%, што е главно резултат на неповолните движења во дејноста Трговија, транспорт и угостителство, каде што е забележан пад од 23,4%, кој е делумно неутрализиран со поволните движења во дејностите: Јавна управа, одбрана, образование и здравство (раст од 2,2%) и Информации и комуникации (раст од 0,9%).

Бројот на вработени во K-2-2020 е речиси непроменет во однос на истиот квартал од 2019 година. Надолниот тренд на стапката на невработеност беше прекинат во К-2-2020 и истата изнесува 16,7%. Просечната нето-плата во К-2-2020 изнесува 26.362 денари и бележи номинален раст од 5,1% и реален раст од 4,1% на годишна основа, што претставува забавување на растот во однос на претходниот квартал;

Вкупните буџетски приходи во К-2-2020 се пониски за 18,2%, а вкупните буџетски расходи повисоки за 10,3% споредено со истиот квартал од 2019 година. Стапката на инфлација во К-2-2020, мерена според Индексот на трошоци на живот, изнесува 0,5% на годишна основа.

Вкупниот депозитен потенцијал на банките во К-2-2020 се зголеми за 2,4% на квартална основа. Кредитната активност на банките кон недржавниот сектор во К-2-2020 бележи раст од 2,6% на квартална основа.

Во К-2-2020 е забележан пад на извозот на стоки од 35,7% и на увозот на стоки од 31,9% на годишна основа, со што вкупната надворешнотрговска размена изразена во евра забележа пад од 33,6%. Согласно есенските проекции, економската активност во 2020 година се очекува да забележи пад од 4,4%, додека стапката на инфлација е проектирана на 1%.

Целиот квартален извештај може да се погледне ОВДЕ

Економија

Што предвидува шестиот пакет антикризни економски мерки вреден 17,8 милиони евра

Media Press

Published

на

Шестиот пакет антикризни економски мерки кој го усвои Владата, вреден 17,8 милиони евра предвидува поддршка на дејностите кои беа целосно затворени со цел превенирање на ширењето на корона вирусот во текот на месец април 2021, како и за подобрување на ликвидноста на остантите компании кои инвестираат годинава. Предвидено е да се поддржат 10.000 компании, кои вработуваат околу 60.000 граѓани.

Мерка 1

На сите угостителски објекти ќе им бидат покриени 30% од приходите, износ кој ќе се пресметува како просек од просечниот месечен приход во 2019 и 2020 година, на кој ќе се аплицираат деновите во кои овие дејности беа затворени. Дополнително, сите регистрирани угостителски објекти ќе добијат 15.200 денари финансиска поддршка по вработен, заклучно со 06.04.2021 година. Со оваа мерка ќе бидат поддржани околу 6.000 угостителски објекти кои вработуваат 17.000 луѓе, проценета вредност на мерката е 9,9 милиони евра.

Мерка 2

На скоро ист принцип, со 2,5 милиони евра ќе се поддржат категоризирани – ресторани за свадби, евент индустријата, игротеки, ноќните клубови, приватните детски одморалишта, фитнес центри, фотографи и фотографски студија. Во овие категории спаѓаат околу 1.200 компании ќе им бидат покриени 30% од приходите, износ кој ќе се пресметува како просек од просечниот месечен приход во 2019 година, дополнително ќе добијат поддршка од 15.200 денари по вработен, заклучно со 31.12.2020 година.

Мерка 3

Категоризираните туристички агенции ќе бидат поддржани со 1,4 милиони евра. Притоа туристичките агенции со А лиценца ќе добијат до 5.000 евра, а туристичките агенции со Б лиценца ќе добијат до 2.000 евра.

Мерка 4

Финансиска поддршка од 30.750 денари ќе добијат и сите музичари, членови на здруженијата на музичари како и лиценцираните туристички водичи, кои во текот на 2020 година имале просечен месечен нето приход под 15.000 денари.

Мерка 5

Околу 2 милиони евра се наменети за компаниите кои ја реинвестирале добивката од 2020 година, мерка која ќе се реализира преку Развојната Банка, а ќе им помогне на компаниите да ја зголемат ликвидноста, да ги реализираат своите инвестициски планови и да продолжат со својот развој, преку субвенционирање на каматни стапки.

Мерка 6

Со бескаматна кредитна линија преку Развојната банка од 1 милион евра, ќе се поддржат медиумите кои емитуваат радио и телевизиска програма.

Мерка 7

Во очекување на претстојната туристичка сезона и како дополнителна поддршка и помош за домашната туристичка, а со тоа и угостителска дејност, ќе се овозможат бесплатни 50.000 ПЦР тестови за странските туристи кои престојувале во државата.

Прочитај повеќе

Економија

УЈП: Годишните даночни пријави можат да се проверат преку „е-Персонален данок“

Media Press

Published

на

Од Управата за Јавни Приходи известуваат дека годишните даночни пријави за 2020 година граѓаните можат да ги проверат преку кориснички профил на „е-Персонален данок“.

„Потврда или корекција на годишните даночни пријави ќе се врши најдоцна до 31.05.2021 година. На 01.06.2021 година Годишните даночни пријава ќе добијат статус на конечни. Ако пријавите не се ниту потврдени ниту коригирани истите ќе бидат потврдени службено.

Коригираните Годишни Даночни пријави ќе бидат разгледани и одлучени од службено лице на Управата за јавни приходи, а доколку службеното лице не ја одобри корекцијата на Годишната Даночна пријава ќе се донесе Решение за утврдување на данок на личен доход за 2020 година. “ – стои во соопштението на УЈП

Од УЈП апелираат граѓаните да си ги регистрираат корисничките профили на „е-Персонален данок“ и да ги користат придобивките кои ги нуди овој систем.

Прочитај повеќе

Економија

Започнува аплицирањето за финансиската поддршка за плати од петтиот сет мерки

Media Press

Published

на

Започнувајќи од денес, фирмите и самостојните вршители на дејност се до 30 април можат да аплицираат за финансиска поддршка за исплата на плати за месеците февруари и март како дел од Петтиот пакет мерки, кажа министерот Битиќи на денешната прес-конференција.

За мерката финансиска поддршка за исплата на плати се издвоени 1,9 милијарди денари од буџетот, што ќе бидат опфатени околу 60.000 работници и за секој работник ќе биде исплатена поддршка од 14.500 денари до 21.770 денари по месец.

„Исплата на работниците ќе биде во распон од 14.500 денари до 21.770 денари по месец, во зависност од процентот на намалување на приходите на компаниите во претходните 3 месеци. Исто така, 50 проценти од исплатата-помош да се трансформира во грант, без никакви услови. За оние пак, кои во текот на годината, ќе инвестираат во основна опрема, целата исплатена помош ќе биде трансформирана во грант-средства,“ вели Бесими.

Прочитај повеќе