Connect with us

Македонија

Изготвен предлог -буџетот на Министерството за информатичко општество и администрација за 2021 година

Media Press

Published

на

Министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири денеска го претстави предлог-буџетот на МИОА за 2021 година, осврнувајќи се на тековните и идните проекти во насока на развој на дигитализацијата и професионализација на администрацијата.

Министерот Шаќири соопшти дека вкупниот предлог-буџет на Министерството за информатичко општество и администрација за 2021-та година изнесува 1.179.142.000 денари.

„Буџетот е составен од средства за финансирање на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Националната Радиодифузија и Националната Радио Телевизија, средства за работа на МАРнет, средства за дигитализација на услугите за граѓаните и бизнисите и средства насочени кон зголемување на ефикасноста и ефективност на администрацијата и процесите внатре, институционално“, рече министерот Шаќири.

Првиот столб, односно најголемиот дел од овие средства, 900.000.000 денари, се одвојуваат за финансирање на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Националната Радиодифузија и Националната Радио Телевизија. На овој начин, како што рече,  граѓаните се ослободени од трошоци, а од друга страна овие институции добиваат редовни и предвидливи средства, односно се овозможува нивна автономност и независност.

Според министерот Шаќири, вториот столб во буџетот на МИОА е буџетот на МАРнет кој изнесува 14.514.000 денари. Со одвојување на средства во буџетот, а и како дел од Националниот оперативен бродбенд план, ќе се инвестира во поврзувањето на Универзитетите и сите останати образовни и истражувачки установи во мрежата на МАРнет, што ќе придонесе кон реализација на целите поврзани со зголемување на потребите по користење на броадбенд услуги и нивна промоција како и намалување на дигиталниот јаз.

Министерот Шаќири понатаму посочи дека, од останатиот дел од предлог-буџетот за 2021 година, односно третиот столб со буџет од 60.624.000 денари, голем дел од средствата се предвидени за дигитализација на услугите и полесен, побрз, поефикасен пристап до нив за граѓаните и бизнисите.

„Централниот регистар и Националниот портал за е-услуги се основата која е воспоставена. Сепак, истите бараат надградба и одржување. Порталот, кој сега овозможува дел од електронските услуги и само за граѓани, ќе биде надграден и за бизнисите. За овие проектираме поддршка од ЕУ, преку ИПА програмата“, рече министерот, додавајќи дека со нов проект со кој ќе се дигитализираат клучните регистри за граѓаните и бизнисите и ќе се развијат околу 130 нови електронски услуги кои ќе се нудат преку Националниот портал за е-услуги.

Сите услуги, достапни до сите граѓани се нашата приоритетна цел за наредната 2021 година. Затоа, вложуваме во доближувањето на услугите до граѓаните на два начини: преку центрите за „Една точка за услуги“ и преку набавка на хардверско и софтверско решение за издавање на документи“, рече министерот Шаќири.

„Преку средствата обезбедени за членство во Инцијативата за Отворено владино партнерство, ги утврдуваме темелите на отворени, транспарентни, сигурни и ефикасни владини институции, кои комуницираат и соработуваат со граѓаните“, посочи министерот.

Претставувајќи го предлог-буџетот, министерот Шаќири се осврна и на програмата ИСА 2 на ЕУ со која се поддржува развојот на дигитални решенија за јавната администрација, бизнисот и граѓаните во Европа со што се овозможува поголем бенефит од прекугранични и меѓу-секторски јавни услуги.

„Со воведување на Електронски систем за автоматизација на административни постапки (еСДП) секоја работна задача кон вработените кои спроведуваат управни постапки ќе се задава јасно и прецизно со можност во реално време да се следи нејзиното извршување. Владата планира до крајот на 2021 година да го воведе овој систем во најмалку 30% од вкупниот број на органите на државната управа, а до крајот на 2024 година во сите органи на државната управа. Со ова, ќе се зголеми ефективноста и отчетноста за работата на административните службеници кои спроведуваат управни постапки и полесен и побрз пристап на граѓаните до административна правда“, рече министерот Шаќири.

За четвртиот столб, посочи министерот, се планирани 90.424.000 денари и тоа за: дигитализација и ефикасна администрација, за обуки на вработените, обуки на сите нивоа во администрацијата за спроведување на Законот за општа управна постапка, како од гледна точка на администрацијата, така и од корисниците на услуги односно учесници во административните постапки, издвојуваме и средства за софтвер за е-инспекторати, со кој значително ќе се олесни и ќе стане поефикасна работата на инспекторатите.

прикажи повеќе
Advertisement

Македонија

Од 1 декември започнува забраната за употреба на пластични ќеси во трговијата

Media Press

Published

на

Од 1 декември, среда, започнува забраната за употреба на пластични ќеси во трговијата и на пластични амбалажи во угостителските објекти во подрачјата заштитени со закон.

Ќе се дозволи само продажбата на биоразградливи кеси кои ќе бидат лесни, но ќе чинат 15 денари. Најголемиот дел од тие пари, ќе одат во Фондот за заштита на животната средина.

Според Министерството за животна средина идејата е да се намали употребата на пластика. Оние средства што ќе се создаваат од тие 15 денари при секое купување на кесе ќе одат во фонд со кој ќе се инвестира во животната средина, исто така ќе се инвестираат во свесноста на граѓаните, како да го третираат отпадот во државата.

Прочитај повеќе

Македонија

Милошоски: И овој декември Македонија нема да добие датум за почеток на преговорите со ЕУ

Media Press

Published

на

„Од разговорот со соговорниците произлегува заклучокот дека и овој декември Македонија нема да добие датум за почеток на преговорите со ЕУ. Истиот неповолен исход се очекува и во периодот јан-јули 2022 година“, напиша Антонио Милошоски на социјалните мрежи.

„Во меѓувреме Албанија вложува дипломатски напори да се раздвои од пакетот со Македонија за да си ги зголеми шансите самостојно да добие датум за преговори, но сеуште е неизвесно дали со оваа опција ќе ги убедат сите членки на ЕУ да донесат едногласна одлука за посакуваниот чекор на официјална Тирана кон Брисел“, додава Милошоски.

Тој информира дека во Вашингтон на маргините на конференцијата за трансатланска безбедност успеал да поразговара со: Седрик Перин (Франција), Ине Сериде (Норвешка), Јан Фарски (Чешка Република), Моника Грегорчич (Словенија), Мими Кодели (Албанија) и Аудронис Азубалис (Литванија), на теми од билатерален интерес, како и за дискусиите во Брисел поврзани со процесот на европските интеграции.

Прочитај повеќе

Македонија

ДЕНЕСКА Е 29 НОЕМВРИ, обичен ден а некогаш голем национален празник

Media Press

Published

на

  Историски, 29 ноември ја означува годишнината од Второто заседание на АВНОЈ, кога во Јајце, 1943 година беше донесена одлуката за федерално уредување на државата, а понатаму во животот се славеше во вистинска свечена атмосфера, со изобилство храна и пијалоци, свечени академии, и се разбира… неработни денови.

По завршувањето на војната, на двегодишнината од заседанието во Јајце, на 29 ноември 1945 година, дотогашната Демократска Федеративна Република Југославија е преименувана во Федеративна Народна Република Југославија. На состанокот во Јајце беше одлучено дека „Југославија ќе се изгради во демократска, федерална заедница на рамноправни народи“, а на кралската влада во егзил ѝ беше забрането да се врати во земјата.
Оттогаш, 29 ноември се чествуваше како Денот на републиката и тоа беше еден од најголемите празници во некогашната СФРЈ.

Последен пат овој празник е прославен во Србија, во 2001 година, а Сојузното собрание на тогашната СРЈ го укинала со закон во ноември 2002.

Овој ден буди многу сеќавања и носталгични чувства кај многумина што ги живееле тие времиња. Песната „29 Ноември“ нема некој од постарите генерации да не ја рецитирал, а многумина сеуште ја паметат.

„Републико мила топло гнездо мое, го славиме денес раѓањето твое. Вечно да се млада најсреќна во цел свет, Републико мила мајски китен цвет“.

Првачињата на тој ден стануваа Титови пионери. Во училиштата полагаа заклетва со задолжителни приредби и читање состави на темата „Зошто го сакам другарот Тито. Секој пионер добиваше сина капа (титовка), црвена марама и црвена пионерска книшка.

Свечената пионерска заклетва беше:

„Денес, кога станувам пионер,
давам чесен пионерски збор
дека вредно ќе учам и работам
и ќе бидам верен и добар другар.

Дека ќе ја сакам нашата самоуправна татковина
Социјалистичка Федеративна Република Југославија,
дека ќе ги развивам братството и единството
и идеите за кои се бореше Тито.
Дека ќе ги почитувам сите луѓе на светот
што сакаат слобода и мир!“

 

Прочитај повеќе