Connect with us

Гевгелија

Започнаа подготвителните работи за изградба на модуларниот КОВИД-центар во Гевгелија

Media Press

Published

на

Општина Гевгелија почна со подготвителните работи за поставување на модуларниот КOВИД-центар за прием и тријажа на КОВИД-пациенти во Гевгелија. Како што е познато, во Гевгелија треба да биде поставена една од планираните 16 модуларни болници во земјата од страна на Министерството за здравство. Од страна на Општината треба да се обезбедат приклучоци за: вода, канализација и струја, како и уредување на локацијата. Во Гевгелија, согласно од потребите на овие модуларни градби, модуларниот КOВИД-центар ќе биде поставен на паркинг-просторот на улицата „Ѓорге Стамов“, крај самата Општата болница, а веднаш до Брза помош.

 „На почетокот од неделата имав состанок со: изведувачот – валандовска фирма, ангажирана од страна на Министерството за здравство, претставници на ЕВН-КЕЦ Гевгелија, на ЈПКД „Комуналец“, на Општата болница и на Општинскиот сектор за урбанизам и градежно уредување. По договорниот состанок, беше извршен увид на теренот и започнати изведбените работи за обезбедување приклучок за вода за пиење и канализација, од страна на ЈПКД „Комуналец“ и приклучок за електрoнапојување од страна на ЕВН. Од страна на Oпштината ангажирана е градежна фирма за прилагодување на постојната основица на локацијата на потребите на проектот. Очекувам до крајот на неделата изведбените работи околу обезбедувањето на комунална инфраструктура за модуларната болница да бидат завршени“, изјави градоначалникот на Општина Гевгелија, Сашо Поцков.

            Притоа, најави дека на почетокот од идната недела ќе бидат транспортирани елементите за модуларна градба и ќе започне нејзино монтирање. Веднаш потоа, ќе уследи и поставување на опремата веќе набавена од страна на Министерството за здравство. Така што, во најскоро време модуларниот КOВИД-центар во Гевгелија се очекува да профункционира.

прикажи повеќе
Advertisement

Гевгелија

Во Општата болница- Гевгелија започна имунизацијата на децата против КОВИД-19

Media Press

Published

на

           Во Општата болница со проширена дејност- Гевгелија, на двата Вакцинални пункта започна имунизацијата против КОВИД-19 на децата и младите од 12 до 17-годишна возраст со вакцината на „Фајзер“. Со претходно пријавување на апликацијата vakcinacija.mk и добивање термин за вакцинирање. Досега, во општина Гевгелија има пријавено 40 деца кои сакаат да се вакцинираат и заштитат од КОВИД-19. Како што е познато, вакцинирањето не е задолжително и е по своја волја.

            Имено, се уште трае теренската вакцинација во населените места од трите општини, за кои е надлежна Општата болница- Гевгелија. Заклучно со 22 јули, се вакцинирале 996 граѓани. И, тоа од: Богородица; Стојаково, Селемлија, Милетково, Миравци, Давидово, Габрово, Петрово, Негорци, Кованец, Нов Дојран, Стар Дојран, Мрзенци, Прдејци, Смоквица, Николиќ, Црничани и Ѓопчели. Утре и во наредните денови теренската вакцинација продолжува да се спроведува според следниов распоред:

23 јули, 2021: 08:00-10:00 ч.- Фурка;
                        10:00-12:00 ч.- Ѓавото;
26 јули, 2021: 08:00-12:00 ч.- Богданци;
27 јули, 2021: 08:00-10:00 ч.- Моин;
                        10:00-12:00 ч.- Ново Конско.

Прочитај повеќе

Гевгелија

Приведен дилер на дрога од Гевгелија

Media Press

Published

на

Од страна на полициски службеници од ОВР Гевгелија лишен од слобода е Ј.Н.(44) од Гевгелија, поради постоење основи на сомнение за поседување и препродажба на дрога според член 215 од Кривичниот законик.
Имено, по претходно обезбедена судска наредба, извршен бил претрес на дом и помошни простории каде живее Ј.Н. во Гевгелија, при што биле пронајдени и одземени листови од канабис сатива во фаза на сушење, машинка за дробење, 7 пакувања хероин, два боеви куршуми од 7,9мм калибар и засадени растенија канабис сатива.


Ј.Н. е приведен во полициска станица и во координација со Јавен обвинител против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. 

Прочитај повеќе

Гевгелија

Тим од специјалисти ќе прави скрининг во гевгелиската болница поради зачестените респираторни инфекции кај децата

Media Press

Published

на

Докторките  Аспазија Софијанова, Весна Мицевска и Валентина Јовановска Огненовиќ се дел од тимот специјалисти кои  од денеска доаѓаат во Гевгелија за да им дадат  поддршка на нивните колеги педијатри,  во случајот со зачестените респираторни инфекции кај децата во овој град.

 Тие ќе направат и евентуални дополнителни испитувања во делот на специфичната дијагностика, бидејќи само за еден месец во болницата во Гевгелија, лекарска помош побарале 50 деца и бебиња со симптоми за респираторни инфекции, кои не се специфични за овој период од годината.

Од болницата информираа дека тие досега ги презеле  сите здравствени протоколи за третман на младите пациенти, но поради неспицифичноста на самите инфекции кои се појавиле во топлиот период, а кои се карактеристични за есен и зима, потребни се дополнителни анализи. Она што е значајно, на сите деца им се направени ПЦР тестови за ковид -19 и сите биле негативни.

Во мометов,  во болницата во Гевгелија хопситализирани се само две бебиња, поради возраста, а дваесетина  деца се на терапија, но истите не се задржани во болница.

Прочитај повеќе