Connect with us

Радовиш

Доделени шестоноемвриските признанија на јавни инститции во Радовиш, кои се грижат за безбеноста на граѓаните

Media Press

Published

on

Градоначалникот на општина Радовиш Герасим Конзулов  денеска ги додели шестоноемвриските признанија кои беа утврдени на свечената седница на Советот на општина Радовиш на јавни инститции кои се грижат за безбеноста на граѓаните.

Признанија за огромна хуманост и грижа за здравјето и безбедноста на граѓаните добија: Полициската станица од Радовиш, ЈЗУ „Здравствен Дом“ – РАДОВИШ И ОО на  Црвениот крст.

Признанијата во име на институциите ги примија: Началникот на ОВР Радовиш – Спасо Трајков,  Директорката на ЈЗУ „Здравствен дом“ – Лимонка Илиевска и Секретарот на општинската организација на Црвен крст – Верица Беќарова.

Доделувањето на признанијата беше ивршено во салата за состаноци на општина Радовиш.

прикажи повеќе
Advertisement

Радовиш

Тепачка помеѓу 4 лица во Шаин маале во Радовиш

Media Press

Published

on

Во текот на вчерашниот ден во Шаин маале во Радовиш, четири лица учествувале во физичка пресметка, за која било пријавено во Полициската станица во Радовиш.

Имено вчера во 14.00 часот во Полициска станица Радовиш, било пријавено дека на ул.„Шаин маале“ во Радовиш, дошло до физичка пресметка помеѓу лицата У.Р.(31) и Џ.Р.(48), од една страна, и Б.М. (59) и С.И. (26), од друга страна, сите од Радовиш.

По целосно расчистување на случајот, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава, информира Полициска станица Радовиш, СВР Струмица.

Continue Reading

Радовиш

Црвен крст од Радовиш ја одбележа Неделата на грижа за старите лица

Media Press

Published

on

Со цел да се потенцира значењето за потребата од зголемена интеграција на старите лица, Општинската организација на Црвен крст од Радовиш, од 16 до 22 ноември 2020 година ја одбележува Недела на грижа на старите лица, под мотото „Сите сме нивни деца“.

За таа цел волонтерите при ООЦрвен крст- Радовиш, поделија информативни флаери за заштита од Ковид 19 и заштитни маски, со цел навремено да се превенира од заразување со Ковид 19 и сезонските настинки, имајќи предвид дека токму старите лица се најризичната категорија на граѓани.

Continue Reading

Радовиш

Кривична пријава против 36 годишна жена од Радовиш поради измама

Media Press

Published

on

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Л.Џ.(36) од Радовиш поради основи на сомнение за сторено казнено дело „измама“.

Според соопштението на ОВР Струга, таа на 28.07.2020 убедила 27-годишна жена од струшко село да ѝ донесе злато, кое ќе ѝ го вратела  наредниот ден.

Откако добила повеќе златни предмети, пријавената избегала, стекнувајќи се со противправна имотна корист од 80.000 денари.

Continue Reading