Connect with us

Радовиш

ООУ „Kрсте Петков Мисирков“ од Радовиш, го одбележа својот патронен празник

Media Press

Published

on

На скромен начин согласно протоколите за заштита од Ковид -19, ООУ Kрсте Петков Мисирков денеска  го одбележа својот патронен празник.

Во присуство на мал број поканети гости, наставници,  директори на општински училишта, советници, градоначалникот на Општина Радовиш Герасим Конзулов и заменик генералниот директор на Бучим Николајчо Николов, беше одржана пригодна програма.   Директорката Лујза Спасова во својот говор го истакна значењето на Крсте Петков Мисирков за македонскиот јазик и за неговата моќна порака до македонскиот народ, да го чуваат својот мајчин јазик. Мисирков е автор на книгата „За македонцките работи“, списанието „Вардар“ и голем број на научни статии објавени во различни весници. Покрај авторската дејност тој се занимавал и со превод на литературни дела и собирање на народни творби.

Во продолжение на програмата беа додлени благодарници за успешна соработка и подршка на Градоначалникот Конзулов и на Заменик генералниот директор на Бучим Николајчо Николов.

Потоа благодарници беа  додлени на  претседателот на Советот на Општина Радовиш Викица Манолева, на советникот Енис Омер, на пратеникот Коле Чаракчиев,  на СОУ Коста Сусинов, и на Општинските основни училишта. Благодарница беше доделена и на Иван и Благица Самаров за донација на компјутери и таблети за потребите на онлајн наставата.

По повод патрониот празник беше подготвена и мала пригодна програма од страна на учениците.  

прикажи повеќе
Advertisement

Радовиш

ВМРО – ДПМНЕ од протестот во Радовиш: Народот не може да се сопре, против народот никој не може

Media Press

Published

on

„Народот не може да се сопре, против народот никој не може. Заев погледни ова е Радовиш!“ Ова е пораката која беше испратена на протестот кој синоќа ОК на ВМРО -ДПМНЕ го одржа во Радовиш.

Протестот со автомобили започнаа од пред Спортската сала па се до центарот на градот и до општинската зграда.  Свое обраќање пред Општина Радовиш имаа новиот претседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ од Радовиш Јован Ристов и пратеникот во Собрание од редовите на ВМРО ДПМНЕ Здравко Трајанов.

„Радовиш ја исцртува црвената линија. Нема право власта да разговара и да преговара за историјата, за идентитетот и за културата. Нема право бидејќи моќта власта  ја црпи од народот, а мора да и порачеме дека моќта од денес во Радовиш со исцртаната црвена линија е во народот и порачуваме дека нема народ веќе во Македонија со свиткана ќичма, рече новиот претседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ од Радовиш Јован Ристов.

„Место да го решат спорот со Бугарија СДС и власта на Зоран Заев упорно работат на разнебитувањето на македонскиот народ. Не е во интерес на македонскиот народ да преговараме за Македоснкиот јазик и за Македонската нација, не е во интерес на македонскиот народ да преговараме за македонското малцинство во Бугарија, тоа е факт“, рече пратеникот во собранието Здравко Трајанов.

Continue Reading

Радовиш

Дневниот центар „Порака“ од Радовиш за прв пат не го одбележа 3-ти Декември Меѓународниот ден на лица со попреченост

Media Press

Published

on

Центарот за подршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“ од Радовиш, денеска за прв пат не го одбележа 3-ти Декември Меѓународниот ден на лица со попреченост. Поради актуелната ситуација со корона вирусот дневниот центар денеска беше празен, а корисниците во работните активности се вклучуваат онлајн од своите домови.

Целта  на одбележување на овој ден секоја година е да се подигне јавната свест за лицата со интелектуална попреченост за што раководителот на Порака од Радовиш Тања Костадинова, упати повторно апел до надлежните и до граѓаните, за поголема свест и одговорност.

Инаку дневниот центар Порака секоја година го одбележуваше одој ден со пригодна свеченост на која присуствуваа повеќе гости, нивни подржувачи и пријатели меѓу кои и градоначалникот на Општина Радовиш, советници,  извршниот директор на Ридникот Бучим Ноколајчо Николов, директори на други приватни компании, директори на јавни и обрзовни институции, професори и други гости.   Годинава овој дневен центар беше празен, без присуство на неговите корисници и без присуство на гости.

Continue Reading

Радовиш

Протести на тутунарите од село Калуѓерица, радовишко, поради незадоволството од откупот на тутунот

Media Press

Published

on

Мирни протести на  тутунарите од село Калуѓерица, радовишко поради незадоволството од откупот на тутунот. Тие се незадоволни од одредувањето на класата и како што велат ако се цени на овој начин ќе им дојде  во просек по 150 денари за килограм тутун. За оваа цена тие нема да го продаваат своето тешко произведено производство.

Тутунопроизводителите велат дека за две класи подолу се цени квалитетот на тутунот, а има и одбитоци. И затоа апелираат до Здружението на тутунопроизводители да ги повлечат своите повереници, за да не може да се врши откуп. Тутунарите револтирани, велат дека ќе продолжат со протестите и во наредните денови и доколку не се слушне нивниот глас, ќе органзираат штрајк.

Како што најавија незадоволните тутунари ќе протестираат секој ден, се додека некој не ги слушне нивните барања, а испратија порака и до министерот за земјоделие, да каже по која цена ќе се откупи целиот тутун, како што најави од откупот во Прилеп.

Continue Reading