Connect with us

Струмица

Директорката на Здравствен Дом- Струмица Љубица Митева, со демант на одржаната прес конференција на пратеничката Ели Панова

Media Press

Published

on

Како директор на ЈЗУ "Здравствен Дом" Струмица во која функционира и Службата за итна медицинска помош се чувствувам за...

Posted by Ljubica Miteva on Monday, 16 November 2020

„Како директор на ЈЗУ “Здравствен Дом” Струмица во која функционира и Службата за итна медицинска помош се чувствувам за повикана да ја демантирам изјавата на пратеничката Ели Панова од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, која зборува за катастрофални услови во објектот на итната медицинска помош“, напиша на својот ФБ профил директорката на ЈЗУ “Здравствен Дом” Струмица Љубица Митева.

„Почитувана Ели Панова,

Како жител на град Струмица треба да знаете дека објектот не е од пред четири години и за жал истиот за кој велите дека е руиниран, своето фијаско го доживеа за време на вашето владеење од цели 10 години кога се немаше елементарни услови за работи ( хигиена, медицинска опрема, лекови, здравствени работници).

Само за Ваша информација и Вам блиските ЈЗУ Здравствен дом Струмица Ве информира дека

· Целосно се реконструирани WC тоалетите кои до пред 4 години не беа во функција

· Зголемен е тимот на итна медицинска помош со 10 тима и тројца доктори на договор на дело за разлика од претходно кога Службата беше затекната само со 5 тима

· На вработените во итна медицинска помош им се признаени и исплатени финансиски средства по основ на бенифициран стаж од 2011 година, признаени им се разни додатоци на плата по основ на колективен договор за здравствена дејност, за разлика од претходно

· Обезбедени комплет работни униформи на тимовите во итна медицинска помош, донација во вредност од 5000 евра на 17.06.2020 година.

· Имаме поднесено апликација на 30.06.2020 преку Центарот за развој на Југоисточен плански регион до Амбасада на Јапонија за целосно обновување на објектот.

· За време на Вашето владеење просторот пред Службата каде што се сликавте беше депонија за стари и неисправни медицински возила кои беа сместувачки капацитети за бездомници

· Од сопствени приходи јавната установа, спроведе јавна постапка за набавка на едно медицинско амбулантно возило кое треба да биде испорачано до првата половина на месец декември неопходно во справување со пандемијата. Склучен договор бр.05-1237/3 од 15.10.2020.

· За прв пат на тимовите им се обезбеди комплет медицински куфери, за разлика од претходно кога се немаше ниту апарат за мерење на притисок

· Обезбедена донација за патничко моторно возило за домашна посета на хронично болни лица од 21.12.2018 година

· На вработените им се обезбеди комплет лична заштитна опрема

· Зголемена квота на медикаментозна и ампуларна терапија во Службата за 100%, за разлика од претходно кога пациентите се упатуваа сами да ја набавуваат терапијата од аптеките.

· Набавени се пет компјутери за потребите на установата

· За време на пандемијата во време од 8 (осум) месеци до сега ИМП не остана без терапија ниту без лична заштитна опрема за здравствените работници.

За Ваша информација вратен е долг од 104.500,00 евра кој беше затекнат од претходното работење“, напиша меѓу другото Митева.

Регион

Изгореа помошни простории на „Оранжерии Хамзали“ во близина на селото Хамзали кај Струмица.

Media Press

Published

on

Изутринава во околу 8 часот се опожарени помошни простории во кругот на АД „Оранжерии Хамзали“, во близина на селото Хамзали кај Струмица

Од ТППЕ Струмица известуваат дека во гасењето на пожарот учествувале три противпожарни возила и осум пожарникари, кои го изгаснале пожарот во 10:15 часот.

Причините за пожарот засега се непознати.

Continue Reading

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ синоќа во 11 градови низ државава одржа протести, меѓу кои и во Струмица и Гевгелија

Media Press

Published

on

„Од срцето на Македонија испраќаме силна порака. Решивме да застанеме на патот на предавството, нема да дозволиме да го скршат македонскиот народ, да го избришат македонскиот јазик, да го избришат македонскиот идентитет“, порача новиот претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица, Жан Дрвошанов од протестот кој со автомобили се одржуваше низ улиците на Струмица,  се до  општинската зграда каде се обрати Дрвошанов.

„Недозволиво е актуелната власт и Зоран Заев да преговараат за македонскиот идентите, јазик и историја. Расипничката политика на СДСМ во однос со преговорите и Договорот со Бугарија е на штета на македонскиот народ и бараме итно повлекување и оставка на Заев“, рече пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Анеглинка Петкова на вчерашниот протест кој се одржа во Гевгелија.

За утре се закажани протести и во Радовиш.

Continue Reading

Струмица

Градоначалникот Коста Јаневски со отчет за сработеното во овој период

Media Press

Published

on

По повод завршувањето на третата година од мандатот, градоначалникот Коста Јаневски на прес конференција информираше за сработеното во овој период, за реализирани проекти во областа на инфраструктурата, за реализираните капитални проекти и проекти кои се во тек, за вложувањата во образованието и социјалната заштита, како и за заложбата во борбата против корона вирусот и како Ковид- 19 се одрази врз целокупното работење и општествено живеење.

Continue Reading