Connect with us

Економија

Бектеши: Буџетот на Министерството за економија за 2021 година ќе изнесува 826 милиони денари

Media Press

Published

on

Главните приоритети на Министерството за економија се создавање на услови за развој на индустријата, развивање на претприемништвото, креирање и интеграција на единствен пазар во Европската Унија, обезбедување енергетска стабилност и сигурност, истражување, експлоатација и одржливо искористување на минералните суровини, развој на туризмот со подобрување стандардите на туристичката понуда“ – изјави Министерот за Економија, Крешник Бектеши.

Буџетот на Министерството за економија за субвенционирање на приватни претпријатија во 2021 година е тројно зголемен, односно изнесува 13 милиони денари и се предвидени за:
– Имплементација на активности за паметна специјализација
– Поддршка на фирми од преработувачката индустрија
– Поддршка и проширување на акредитацијата на лаборатории за испитување на градежни производи
– Поставување на волтаици во преработувачката индустрија за сопствени потреби

Министерството одделува и 50 милиони денари за поддршка на претприемништвото:
– За микро, мали и средни претпријатија
– За женско претприемништво
– За подобрување на вредносните синџири
– За сертификација на системи за квалитет според ISO стандарди
– За сертифицирање на халал систем
– За поддршка на занаетчии

Активности на министерството за економија за поддршка на туризмот и континуирано субвенционирање за:
– Туристички цели на селски домакинства
– Поддршка на активен туризам
– Дигитализација на туристичкиот сектор и
– Поддршка за домашен туризам за работници со ниски приходи

Економија

Од утре започнува исплатата на Ноемвриските пензии на шалтер според висината на пензијата

Media Press

Published

on

На денешната седница Владата ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец ноември 2020 година и го задолжи Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 25.11.2020 година, а на деловните банки им се препорачува да обезбедат пензионерите да може да располагаат со ноемвриските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 26.11.2020 година.

Деловните банки преку филијалите и експозитурите на банките ќе обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата:

-За пензии со висина до 11.000 денари, исплата да се изврши на 26.11.2020 година (четврток);

-За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплата да се изврши на 27.11.2020 година (петок);

-За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплата да се изврши на 30.11.2020 година (понеделник), и

-За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 01.12.2020 година (вторник).

Continue Reading

Економија

Бектеши: Возилата со странски регистарски таблички ќе може да се регистрираат со 50% намалени давачки

Media Press

Published

on

Сите возила кои заклучно 1 октомври 2020 година влегле на територијата на Северна Македонија и се со странски регистарски таблички ќе можат во рок од една година да се регистрираат во земјата со намалени давачки за 50% од утврдената вредност на сите давачки кои се наплатуваат при увоз од страна на надлежните државни органи, објави министерот за економија Крешник Бектеши на својот Фејсбук.

На предлог на Министерството за економија, Владата денеска го усвои Предлог-законот за регистрација на возила со странски регистарски таблици на територијата на Република Северна Македонија.

Според Предлог-законот кој стапува на сила 20 дена откако ќе биде објавен во Службен весник, по усвојување од Собранието, возилата, за кои е поднесено барањето за регистрација задолжително треба да ги исполнуваат следните услови:

  • сопственикот или корисникот, односно лицето овластено за отуѓување на возилото или лицето кое ќе го купи возилото да ги има регулирано царинските и даночните обврски за возилото во рок од шест месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон и да поседува важечка сообраќајна дозвола, осигурување и зелен картон;
  • да влегле на територијата на Република Северна Македонија до 1 октомври 2020 година.

Целта на ова законско решение е можност на граѓаните, сопствениците или корисниците да можат да ги регистрираат возилата со странски регистарски таблици на територија на Република Северна Македонија.

Continue Reading

Економија

Предлог-Буџетот за 2021 предвидува спас на работните места и реализација на капиталните инвестиции

Media Press

Published

on

Предлог-Буџетот за 2021 година, е структуиран да одговори и на здравствените и на економските предизвици од коронакризата, но истовремено нуди можности за рестарт на македонската економија. Клучни сегменти во Предлог-Буџетот, кој од денеска е во собраниска процедура, се инвестициите во јавното здравство, спас на работните места и реализација на капиталните инвестиции.

За здравството, во Буџетот за 2021 се проектирани 40,8 милијарди денари, со што на дело ја потврдуваме заложбата за сериозни инвестиции во јавното здравство кое со месеци се бори против коронавирусот.

Поддршката за стопанството и работните места продолжува и во 2021 година. Преку неколку програми од Буџетот за 2021 година обезбедуваме поддршка во вкупна вредност од 7,1 милијарда денари или 115,5 милиони евра. Од овие средства 1,9 милијарди денари ќе се наменат за поддршка за формирање на нови компании, преку самовработување и вработување на други невработени лица, но и обуки за невработените.

Реализација на Буџетот е насочена кон заштита на здравјето на граѓаните, стопанството и работните места, и затоа повикуваме тој да биде донесен од страна на сите пратеници, низ отворена и конструктивна дебата.

Continue Reading