Радовиш
Во Радовиш 16 возачи се санкционирани за возење без возачка дозвола
Објавено на
Од
Media Press
Министерството за внатрешни работи во саботата спроведе засилена акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на Струмица и Радовиш.
Во целата акција на МВР, изречени се вкупно 320 казни од кои на територијата на Струмица се изречени 204 сакнции додека во Радовиш се изречени 116. За измината важност на сообраќајната дозвола односно нерегистрирано возило има 47 санкции во Струмица и 17 во Радовиш.
За возење без возачка дозвола, изречени се 45 казни на територијата на Струмица и 16 на територијата на Радовиш.
„Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на Струмица и Радовиш. Притоа, изречени се вкупно 320 санкции, 204 во Струмица, а 116 во Радовиш. Во Струмица 47 за измината важност на сообраќајната дозвола (нерегистрирани возила), 45 за возење без возачка дозвола, седум санкционирани мотоциклисти… Во Радовиш 17 за измината важност на сообраќајната дозвола (нерегистрирани возила), 16 за возење без возачка дозвола…
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.“ – стои во соопштението од МВР
Поврзани содржини

11 возачи лишени од слобода во изминатото деноноќие – осум управувале без возачка дозвола, меѓу нив двајца од Радовиш

Засилени сообраќајни контроли за електрични тротинети, во август одземени 18 електрични тротинети

Сузбиена голема криминална група, ПРОНЕВЕРИЛЕ НАД ДВА МИЛИОНИ ЕВРА

МВР предупредува за лажни пораки за сообраќајни прекршоци!

Изминатите два дена 1433 сообраќајни прекршоци, лишено од слобода 21 лицe

МВР: Кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица и уште четири лица за „несовесно работење во службата“
Радовиш
Малолетник физички ја нападнал неговата мајка
Published
3 недели agoна
октомври 27, 2026By
Media Press
На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Радовиш
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА
Published
3 недели agoна
октомври 26, 2026By
lence
МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:
ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)
УСЛОВИ ЗА РАБОТА:
Пријатна и колегијална работна средина
Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа
3 слободни дена во неделата
Одлична / Екстра плата
Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:
078/314-801
МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.
Радовиш
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш
Published
2 месеци agoна
септември 17, 2026By
Media Press
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.
Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.
Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.
Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.
Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

