Connect with us

Здравје

Филипче: Вонреден инспекциски надзор за случајот со 41 годишната пациентка во Штип

Media Press

Published

on

Господине Венко Филипче, И јас да се придружам кон пофалбите за нашето здравство и Вашите изјави дека ,, се е под...

Posted by Михаела Довичинска on Sunday, 15 November 2020

Министерот за здравство, Венко Филипче, преку својата фејсбук страница најави вонреден инспекциски надзор на државниот санитарен и здравствен инспекторат за случајот со 41 годишната пациентка која почина на инфективното одделение во Клиничката болница Штип.

Јавноста дозна за случајот кога ќерката на починатата пациентка сподели статус на фејсбук со детали за нејзиното лекување и ги обвини лекарите и сестрите за негрижа кон пациентите, односно нејзината мајка која се лекувала од ковид-19 имала потреба од кислород, но никој не и одговорил на барањата на пациентката. 

Ќерката на пациентката објави и слики од повиците на мобилниот телефон на нејзината мајка, јасно е дека таа со часови се обидувала и не успеала да добие ниту едно медицинско лице да и донесе боца кислород во собата која била клучна за нејзиното преживување.

прикажи повеќе
Advertisement

Здравје

Возрасните пациенти со спинална мускулна астрофија за првпат добија лек

Media Press

Published

on

Министерството за здравство преку соопштение информира дека вчера првпат досега на Универзитетската клиника за неврологија двајца возрасни пациенти со спинална мускулна атрофија тип 2 добија нов иновативен лек „Рисдиплам“.

Станува збор за лек кој е раствор за пер ос примена и пациентите ќе го примаат во домашни услови. Во селекцијата и ординирањето на лекот учествуваа науч. сор. д-р Иван Барбов, кој е директор на Клиниката и медицинска сестра Јасмина Коруновска.

Спинална мускулна атрофија (СМА) е наследна болест на моторниот неврон и спаѓа во групата ретки болести. Според времето на почеток на болеста и клиничката слика се дели на 4 групи: СМА тип 1, 2, 3 и 4.

Во Република Северна Македонија досега има дијагностицирано 14 пациенти. Од нив, седум пациенти се на возраст до 18 години со СМА тип 1 и 2.

Continue Reading

Здравје

Крводарителска акција на Црвен Крст во Радовиш

Media Press

Published

on

Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Радовиш Ве поканува да земете учество на крводарителската акција која ќе се одржи на 10.11.2020 година (вторник) во просториите на Општинска организација Црвен крст Радовиш со почеток од: 09:00 до 15:00 часот.

Да напоменеме дека крводарувањето не е поврзано со Ковид-19 и е сосема безбедно.
Да бидеме хумани за оние на кои им е најпотребно.

Ги замолуваме крводарителите кои ќе даруваат крв да ги почитуваат препораките за сомозаштита на Министерството за Здравство.

Факти за крводарувањето:
– Дарувањето на крв е доброволно, анонимно и бесплатно.
– Крводарител може да биде секоја здрава личност од 18-65 години.
– Жените можат да даруваат крв на секои 4 месеци, додека мажите на секои 3.
– Дарувањето крв не е болно, не создава навика и не му штети на организмот.
– Пред секое дарување крв се врши лекарски преглед.
– Дарувањето крв е корисно со тоа што ќе го проверите вашето здравје.
– На крводарителите како почитувани членови во општеството, Црвен крст им доделува признанија.
– Со 10 дарувања на крв, секој крводарител е ослобооден од плаќање на сите видови болничка партиципација



Continue Reading

Здравје

Обезбедени се вкупно 142 единици конвалесцентна плазма

Media Press

Published

on

Од Институтот за трансфузиона медицина информираат дека се обезбедени вкупно 142 единици конвалесцентна плазма за третман на пациенти заразени со Ковид-19. Станува збор за 100 дарители кои донирале плазма и досега над 120 пациенти со Ковид-19 се третирани со конвалесцентна плазма, што содржи антитела против овој вирус, создадени од човечкиот организам за сузбивање на болеста. 

Потсетуваме дека граѓаните кои се оздравени имаат можност да им помогнат на оние кои во моментов се борат со коронавирусот и што претставува врвен чин на хуманост.  

Преку подарената конвалесцентна плазма, антителата на оздравените пациенти се користат во сузбивање на болеста кај друго лице со Ковид-19. Лицето дарител на конвалесцентна плазма треба да има документиран лабораториски доказ дека било болно од Ковид-19, да има два негативни теста во рок од 24 часа, да биде минимум 21 ден без симптоми, по што се прави дополнителен тест за потврда дека нема присуство на вирус. .  

Институтот за трансфузиона медицина е достапен во секое време и сите оздравени пациенти кои ги исполнуваат условите за дарители, може да се јават за детални информации и закажување во Институтот за трансфузиона медицина, да ја покажат својата хуманост и да помогнат во лекувањето на другите заболени со Ковид-19.  

Continue Reading