Connect with us

Радовиш

Ова го има само во Радовиш, несовесни граѓани предизвикуваат намерно запушување на канализацијата

Media Press

Published

on

ЈП Плаваја од Радовиш повторно се соочува со проблеми околу запушување на канализацијата од несовесни граѓани, кој по се изгледа се прават намерно. Овој пат во канализацијата на улица „Плачковица“ спроти улицата „Лисец“ била фрлена цела платнена прекривка во која замотале и дрвена даска.

„После повеќе обиди да се исчисти канализацијата на улица „Плачковица“ спроти улицата „Лисец“ со помош на специјалното возило за чистење на канализација под висок притисок, констатиравме дека е потребно да се изврши копање и да се скрши цевката да се види што е тоа што ја запушува.Уште еднаш нашата „култура“ и однесување кон се она што значи општествено добро, дојде до израз. Во една цевка со дијаметар од 22cm нашите сограѓани успеале да фрлат цела платнена прекривка во која замотале и дрвена даска и со тоа намерно предизвикале запушување на канализацијата. ЈП„Плаваја“ Радовиш најостро го осудува ваквото однесување кое без предрасуди може слободно да се нарече срамно, некултурно и неодоговорно.Со ваквите намерни запушувања се прави намерна штета на животната средина со излевање на фекални води на улицата, се загрозува здравјето на граѓаните и се руши угледот на пртепријатието и вработените кои секогаш се на располагање на корисниците“, стои во известувањето од ЈП Плаваја.

Радовиш

Тепачка помеѓу 4 лица во Шаин маале во Радовиш

Media Press

Published

on

Во текот на вчерашниот ден во Шаин маале во Радовиш, четири лица учествувале во физичка пресметка, за која било пријавено во Полициската станица во Радовиш.

Имено вчера во 14.00 часот во Полициска станица Радовиш, било пријавено дека на ул.„Шаин маале“ во Радовиш, дошло до физичка пресметка помеѓу лицата У.Р.(31) и Џ.Р.(48), од една страна, и Б.М. (59) и С.И. (26), од друга страна, сите од Радовиш.

По целосно расчистување на случајот, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава, информира Полициска станица Радовиш, СВР Струмица.

Continue Reading

Радовиш

Црвен крст од Радовиш ја одбележа Неделата на грижа за старите лица

Media Press

Published

on

Со цел да се потенцира значењето за потребата од зголемена интеграција на старите лица, Општинската организација на Црвен крст од Радовиш, од 16 до 22 ноември 2020 година ја одбележува Недела на грижа на старите лица, под мотото „Сите сме нивни деца“.

За таа цел волонтерите при ООЦрвен крст- Радовиш, поделија информативни флаери за заштита од Ковид 19 и заштитни маски, со цел навремено да се превенира од заразување со Ковид 19 и сезонските настинки, имајќи предвид дека токму старите лица се најризичната категорија на граѓани.

Continue Reading

Радовиш

Кривична пријава против 36 годишна жена од Радовиш поради измама

Media Press

Published

on

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Л.Џ.(36) од Радовиш поради основи на сомнение за сторено казнено дело „измама“.

Според соопштението на ОВР Струга, таа на 28.07.2020 убедила 27-годишна жена од струшко село да ѝ донесе злато, кое ќе ѝ го вратела  наредниот ден.

Откако добила повеќе златни предмети, пријавената избегала, стекнувајќи се со противправна имотна корист од 80.000 денари.

Continue Reading