Connect with us

Македонија

Иницијатива за забрана на пластични кеси

Media Press

Published

on

Група еколошки активисти неодамна формираа Иницијатива за забрана на пластични кеси. Целта на Иницијативата е надлежните институции без одлагање да донесат законска одредба за забрана на пластичните кеси за пазарење и да воведат нови, вистински биоразградливи, според европските стандарди. За потсетување, во декември 2019 година беше најавено дека од јануари 2021 година тоа ќе биде направено, но, како што стојат работите, оваа најава се’ уште е далеку од реализација.

„Неодамна, група еколошки активисти се здруживме и ја формиравме Иницијативата за забрана на пластични кеси. Ја создадовме оваа Иницијатива за да направиме притисок врз надлежните без одлагање да донесат законска одредба за забрана на пластичните кеси за пазарење и да воведат нови, вистински биоразградливи, според европските стандарди, а истовремено, кај потрошувачите да се поттикне создавањето навика за користење на платнени торби за повеќекратна употреба.

Забраната на дел од пластичните кеси е мерка за која сегашната Влада изрази намера да ја реализира. Забраната ќе се однесува на пластичните кеси што не се биоразградливи, додека во промет би продолжиле да се пуштаат биоразградливи пластични кеси при што нивната цена би се зголемила на 10 денари. Тоа го најави министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини на прес-конференција во декември 2019 година. Притоа, тој истакна и дека овие мерки, предвидени со новиот Закон за управување со пакување и отпад од пакување, ќе стапат на сила на 1 јануари 2021 година.

Јануари се ближи, а овие мерки не се спроведени. Не само што новиот закон не е усвоен, туку е уште една фаза поназад, односно не е ни испратен до Собранието на усвојување. Новиот состав на Собранието веќе е конституиран, новата Влада е избрана и веќе работи. И покрај неопходните итни мерки што треба да се преземат во однос на пандемијата со ковид-19, сметаме дека е неоправдано во недоглед да се одолговлекува забраната на пластичните кеси која беше најавена за 1 јануари 2021 година.

Во меѓувреме, количеството пластични кеси што се произведува и користи во нашата земја останува екстремно високо. Според некои податоци, кај нас секоја година се користат половина милијарда пластични кеси. Откако еднократно ќе се искористат, тие завршуваат на депониите, каде што се горат, при што го загадуваат ионака загадениот воздух, или се фрлаат по улиците. Така, не само што ја нагрдуваат нашата околина, туку и често завршуваат во водните текови каде што го трујат живиот свет што ги консумира, мешајќи ги за храна, нарушувајќи го синџирот на исхрана што несомнено се одразува и на нашиот квалитет на живот.

Се може без пластични кеси! Бараме од Владата под итно да го заврши она што го најави. Бараме во промет да се пуштаат единствено биоразградливи пластични кеси за пазарење, кои ќе ги исполнуваат еколошките стандарди“ стои во соопштението од Иницијативата за забрана на пластични кеси.

прикажи повеќе
Advertisement

Македонија

Донација на 13.500 брзи тестови од НАТО сојузникот Норвешка

Media Press

Published

on

Тринаесет илјади и петстотини брзи тестови за КОВИД – 19 е донацијата од Кралството Норвешка која денеска, во присуство на министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, министерот за здравство Венко Филипче и норвешкиот одбранбен аташе потполковникот Егил Далтвејт, беше предадена во Военомедицинскиот центар на Армијата на Република Северна Македонија.

На настанот, министерката Шекеринска истакна дека по членството Алијансата, ние не сме сами, а оваа донација е уште една потврда за тоа.

„Во период од само две–три недели по пристигнувањето на важната НАТО поддршка во форма на 60 мобилни респиратори и дополнителна опрема, денеска добиваме значајна донација од еден од нашите постојани поддржувачи, а сега сојузник во НАТО Алијансата, а тоа е Кралството Норвешка“, рече министерката.

Шекеринска порача дека од 13.500-те брзи тестови за КОВИД – 19, главниот дел ќе биде наменет на поддршка на сите наши граѓани, а 3.500 ќе бидат искористени за тестирање на војниците и офицерите пред сите поголеми операции, за нивна и заедничка поголема безбедност.

„Сите кандидати кои што учествуваат на курсот за подофицери кој што се организира во Армијата, уште во недела ќе бидат тестирани пред да заминат на учество на овој курс. Истото правило ќе го почитуваме и при упатување во мисија, истото правило ќе го почитуваме и при организирање на поголеми вежбовни активности. Со тоа ќе ја зголемиме безбедноста на припадниците на Армијата и ќе го намалиме замавот кој што го има корона кризата врз целата држава, но и кај нас“, рече министерката.

Continue Reading

Македонија

Возобновен Националниот контакт центар за економски мерки – Граѓаните може да се информираат за секоја мерка на бесплатниот телефонски број

Media Press

Published

on

На иницијатива на Заменикот на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, Владата донесе одлука за возобновување на Националниот контакт центар, на кој преку бесплатната телефонска линија 0800 00 207, граѓаните во директна комуникација со операторите, кои се професионалци од соодветните институции, ќе може да добијат информации за економските мерки кои ги носи Владата за справување со кризата предизвикана од коронавирусот Ковид 19.

Националниот контакт центар започна со полна оперативност од денес, а на повиците на граѓаните, секој работен ден од 08:00-16:00 часот, ќе одговараат лица вработени во Кабинетот на вицепремиерот за економски прашања, Министерството за финансии, Министерството за економија, Министерството за труд и социјална политика, Генералниот секретаријат на Владата, Управата за јавни приходи и Развојната банка на Република Северна Македонија.

Покрај контакт центарот, граѓаните може да се информираат за сите актуелни вести поврзани со коронавирусот Ковид 19, како и за економските и други мерки на Владата поврзани со справувањето и спречување на ширењето на коронавурусот на веб страницата koronavirus.gov.mk.

Continue Reading

Македонија

Димитров: Ова е бесмртниот “вирус” на идеали против кој залудно се бара “вакцина”

Media Press

Published

on

„Македонскиот идентитет е резултат на еден историски процес и едноставно ние како политика не можеме за тоа ниту да разговараме ниту да преговараме“, рече во интирвјуто за  регионалната телевизиска мрежа Н1 Сараево, замник претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров.  

„Идејата на договорот беше историјата да им се остави на историчарите, за ние да се занимаваме со сегашноста и со иднината. Да ги решаваме билатералните прашања билатерално, без тие да бидат пречка на патот кон ЕУ.

Македонскиот јазик и самоопределување, државотворноста и идентитетот ниту можат да бидат пречка за интеграција со Унија, која почитува културни и јазични различности како темелна вредност, ниту можат да бидат пречка за вистинско пријателство, бидејќи тоа секогаш се базира на взаемна почит.

Ова е мој принципиелен став, ова е битка не само за македонската суштина, туку и за сржта на европските вредности, од кои нема отстапување. Ова е бесмртниот “вирус” на идеали против кој залудно се бара “вакцина”, вели Димитров.

Continue Reading