Connect with us

Радовиш

Донирана опрема и материјали на ЈП„Плаваја“ Радовиш како учесник во проекти финансирани од Германската Влада

Media Press

Published

on

Асоцијацијата на даватели на комунални услуги на Македонија – АДКОМ преку проектот „Отворен регионален фонд за модернизација на општинските услуги – одговор на Covid-19“ имплементиран преку Германската агенција за меѓународна соработка (ГИЗ) обезбеди пакети со материјали и опрема за јавните претпријатија од Западен балкан кои учествувале или учествуваат во проекти финансирани од Германската Влада.

„Во донираната опрема и материјали ЈП„Плаваја“ Радовиш како учесник во проекти финансирани од Германската Влада доби:

– Алкохол 50 литри, Дезинфициенси 25 литри, Гумени чизми 18 пара, Маски за еднократна употреба 500 броја, Маски за повеќе кратна употреба FFP3 броја 10, Заштитни ракавици 25 пара, Заштитни одела за еднократна употреба 150 броја, Заштитни одела за повеќе кратна употреба 25 броја, Мотрона грбна прскалка 1 број, Рачни прскалки 3 броја, Долги PVC ракавици (50 см) 100 пара, Кратки PVC ракавици (30 см) 100 пара, Ракавици за еднократна употреба 250 пара и Заштитни визири 25 броја“, информираат од ЈП Плаваја.

ЈП„ПЛАВАЈА“ РАДОВИШ СЕ ЗАБЛАГОДАРУВА ЈАВНО:

НА ГЕРМАНСКАТА АГЕНЦИЈА ЗА МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА (ГИЗ) И НА АДКОМ ЗА ДОНИРАНАТА ОПРЕМА И МАТЕРИЈАЛИ.

„Со ваквата донација се заштитува здравјето на вработените во претпријатието кои секојдневно со својата непрекината работа, се изложени на можна инфекција од корона вирусот кој ја предизвикува болеста КОВИД-19.

ВИ БЛАГОДАРИМЕ ШТО СЕ ГРИЖИТЕ ЗА НАШЕТО ЗДРАВЈЕ!!!

Со Вашата грижа и искажана општествена одговорност обезбедувате континуитет на сите дејности на претпријатието кои во ова време на пандемија се повеќе од потребни на сите жители на општина Радовиш – редовното водоснабдување со чиста и здрава вода за пиење, одведувањето на отпадните води, собирањето на комуналниот отпад, јавната чистота, одржувањето на канализационите системи, прочистувањето на отпадните води, грижата и оплеменувањето на јавните површини и одржувањето на гробиштата“, велат од ЈП плаваја, Радовиш.

прикажи повеќе
Advertisement

Радовиш

Тепачка помеѓу 4 лица во Шаин маале во Радовиш

Media Press

Published

on

Во текот на вчерашниот ден во Шаин маале во Радовиш, четири лица учествувале во физичка пресметка, за која било пријавено во Полициската станица во Радовиш.

Имено вчера во 14.00 часот во Полициска станица Радовиш, било пријавено дека на ул.„Шаин маале“ во Радовиш, дошло до физичка пресметка помеѓу лицата У.Р.(31) и Џ.Р.(48), од една страна, и Б.М. (59) и С.И. (26), од друга страна, сите од Радовиш.

По целосно расчистување на случајот, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава, информира Полициска станица Радовиш, СВР Струмица.

Continue Reading

Радовиш

Црвен крст од Радовиш ја одбележа Неделата на грижа за старите лица

Media Press

Published

on

Со цел да се потенцира значењето за потребата од зголемена интеграција на старите лица, Општинската организација на Црвен крст од Радовиш, од 16 до 22 ноември 2020 година ја одбележува Недела на грижа на старите лица, под мотото „Сите сме нивни деца“.

За таа цел волонтерите при ООЦрвен крст- Радовиш, поделија информативни флаери за заштита од Ковид 19 и заштитни маски, со цел навремено да се превенира од заразување со Ковид 19 и сезонските настинки, имајќи предвид дека токму старите лица се најризичната категорија на граѓани.

Continue Reading

Радовиш

Кривична пријава против 36 годишна жена од Радовиш поради измама

Media Press

Published

on

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Л.Џ.(36) од Радовиш поради основи на сомнение за сторено казнено дело „измама“.

Според соопштението на ОВР Струга, таа на 28.07.2020 убедила 27-годишна жена од струшко село да ѝ донесе злато, кое ќе ѝ го вратела  наредниот ден.

Откако добила повеќе златни предмети, пријавената избегала, стекнувајќи се со противправна имотна корист од 80.000 денари.

Continue Reading